Те сакам многу најмногу на овој свет. Жал ми е што е друга покрај тебе. Јас секогаш ќе те сакам најмил мој
Знаеме и двајцата за што станува збор. Знам дека знаеш дека знам. Ми одговара ова во моментот, а и на тебе. Те разбирам, не дека не, ама ти фали свесност да се соочиш. Ќе биде.
Иако долго време те немав видено, во последно време често ни се спојуваат патиштата, ти светат очите кога ќе ме видиш, и мене ми е жал ама тоа е ,ти имаш друга, таа како и секогаш ме гледа со омраза, не ми е гајле. Јас уште те сакам и знам дека ќе останеш онаа љубов која никогаш не се заборава, оној на кој ќе мислам додека сум со друг, ама да ми предложиш да бидеме сега заедно мислам дека не би прифатила, иако знам како ме болеше се по тебе.
Ех да знајш како будалче какви рилс гледам шо не ти праќам. "Буквата __ е заљубена во тебе" "Буквата __ уште кога те виде прв пат те забележа" "Буквата __ те мисли" итн. И нормално е твојата буква. Ко да не е алгоритмот зад се ова ама мојот делужнл ес ќе верва дека е судбина.
Дали е права љубов или не,не знам,ама осеќам дефинитивно дека ТИ си,ТИ си тој што ми покажа дека љубовта не треба да се бара,туку се дава кога стварно некого сакаш. Затоа некои луѓе се шкртнати! Знам само дека сме луди и двајцата,и ми фали галењето,едвајјј чекам да дојде Сабота (луди сме,исти сме и тоа е супер)
Не заслужуваш ти некој што те сака ,ти заслужуваш само особи кои ќе ти бодат нож во грб оти таквите ги цениш.
Требаше да бидам похрабра со тебе ама не се секирај, патиштата повторно ќе ни се вкрстат, а тогаш ќе бидам посигурна во нас. Ми фалиш Е
Знам дека во еден момент се потресе. Убедена сум дека не ти било сеедно тие неколку минути додека не сфати што се случува. Ми честита мислејќи дека јас се верив. И морам да признаам дека ми е мило што барем во дел од секунда го помина она што јас го поминав кога дознав за тебе. Иако ништо не ми призна директно знам дека ти олесни кога сфати дека тоа не сум јас. Без разлика на ситуацијата мило ми е што знам дека барем во еден момент си помислил на мене, си ме побарал и си ми пишал. Ми фалеше. И сеуште ми фалиш. Се надевам дек нема да го има и она ќе ми фалиш. Најмногу од се би сакала да седнам и да разговарам со тебе со отворени карти. Затоа што ништо не е сменето. Колку и да звучи ноншалантно, верувај дека би се откажала од се што имам во моментов кога би можела да почнам нешто со тебе.... И она се слушаме на крајот.... Се држам до тоа да знаеш.