Знам дека во еден момент се потресе. Убедена сум дека не ти било сеедно тие неколку минути додека не сфати што се случува. Ми честита мислејќи дека јас се верив. И морам да признаам дека ми е мило што барем во дел од секунда го помина она што јас го поминав кога дознав за тебе. Иако ништо не ми призна директно знам дека ти олесни кога сфати дека тоа не сум јас. Без разлика на ситуацијата мило ми е што знам дека барем во еден момент си помислил на мене, си ме побарал и си ми пишал. Ми фалеше. И сеуште ми фалиш. Се надевам дек нема да го има и она ќе ми фалиш. Најмногу од се би сакала да седнам и да разговарам со тебе со отворени карти. Затоа што ништо не е сменето. Колку и да звучи ноншалантно, верувај дека би се откажала од се што имам во моментов кога би можела да почнам нешто со тебе.... И она се слушаме на крајот.... Се држам до тоа да знаеш.
Ја сакам кај тебе твојата смиреност која ми ја префлаш и на мене. Колку и да ми е тешко покрај тебе се ми е полесно. Премногу те сакам!!!
Еден ден ке ме видиш гласно ке кажеш Еднаш овој човек толку многу ме сакаше Бев идиот го пуштив да замине
Твоите зборови: одамна ти во себе си расчистила со мене… Се бојата на Последните денови кога веќе не е прашање дали сум ти значела или значам, дали имало емоции или има … И зошто тоа ништо не ми менува … жално кога тоа е вистина за некој кој сакал колку јас тебе ….
Ми недостасуваш, многу ми недостасуваш. Твојата дистанцираност е мојта заслепеност, сите знаци ми се на тацна свесна сум за тоа и пак не можам да те преболам. Година мина како си правиме микс игри,преку глава ми е. Сакам сѐ со тебе, дали разбираш?! Ако знам дека малку ме сакаш како што зборуваше спремна сум да поместам планини за тебе, против сите за тебе. Сакам брак, семејство, дете сѐ. Да ги има твоите очи, црти, твојот нос… Многу те сакам - тежок збор за изговарање и за кој сеуште не си го слушнал од мене,за жал.
Ne dam ja na tebe ne dam tebe da mi diraju meni neka prete na mene mogu i da pucaju mojim ce te zvati ja te necu dati U mom tijelu s lijeve strane skriveni si ti i tebe volim preko bola takav trebas mi ...
Не знам шо сакаш, ама ајде тоа не е толку голем проблем во споредба со тоа што ТИ самиот не знаеш што сакаш.
Од сите worst case сценарија во глава и моето глупаво overthinking, се случи нешто шо не можев да го замислам. Денес делиш сè со човек, во секоја желба и замисла за иднина го има, а утре - странци. Камо да имаше преголем, нерешлив проблем за разделба, камо да не ги слушнев тие зборови. Само смрт ќе беше поболна од тоа: не те сакам веќе, не знам како се чувствувам, одамна престанав, не ми е лошо без тебе.... Не се лутам, разбирам, само ми остамаа прашалници. Дали можи љубов лесно да помини? Или никогаш не била? Била само во моја глава? Боли кога знам дека на друга се радуваш како некогаш на мене, ама мило ми е шо си продолжил со животот, за чоек шо и планини би поместила не можам да посакам ништо лошо освен да те гледам среќен, па нека не е со мене. На толку спомени, не сакав ни да биди како никогаш да не сме се запознале. И глупите Марети со печурка ме потсетија на тебе. Сакам да дојди ден и ќе се сетам дека не сум мислела на тебе со месеци, да не проверувам телефон на секои пет минути дека можи и си пишал, дека ти било мерак да споделиш среќа со мене, да побараш совет за патиките кои ги имаш за извоз, дека ти сум зафалила, дека тој раат можиш да го најдиш кога си со мене. Секогаш се фокусирам на доброто, ако ти ја памтиш кавгата, јас би ја памтела прегратката, ако тебе ти бев досадна секој ден, јас памтам дека едвај чекав да ѕвониш и кажиш како си поминал, најубавиот еден сат во денот. Ако 100 пати си заминал на сред муабет, го памтам едниот кога ди останал иако сабајле си бил на работа. Кој е злопамтило сега? Дали морав да бидам јас најлошото шо ти се случило? А не можам ни бубачкава во чашава со вода да ја оставам да се удави. Да дојди ден кога ова ќе ми е смешно и далечно. Јас долго време не можам да профолжам со животот, секогаш ќе се прашувам шо точно ја уби љубовта, кога престана, како можев да сменам, дали воопшто некогаш си ме сакал, дали има за што да ме сака некој, како толку брзо се откажа и ме заборави? - извинете за рефератот, можи ќе ми олесни ако гласно кажам.
Кога ќе помислам низ што се поминав, колку денови и ноќи се борев против тага и депресија поради ликови кои воопшто не ме сакале, па потоа налетав на тебе. Тешко човече си, и сам знаеш, но јас те прифатив како ваков и затоа можам денес после година ипол заедно дека секој ризик што сум го направила и ќе го правам за тебе и секоја жртва за тебе вреди. Ти благодарам што ме сакаш и во најлошите мои денови, што се бориш заедно со мене кога сум тажна, и што прославуваш со мене кога сум среќна. Колку посакувам сега да бидам покрај тебе, да те гушнам и да потонам во твоите прегратки. Фала ти што веруваш во мене кога никој друг не верува, и фала ти, највеќе што секогаш да се трудиш да го извадиш најдоброто од мене. Се уште не сум силна, но покрај тебе, верувам дека ќе го достигнам и тоа ниво.
Штом си способна толку да сакаш, а типот „ пишува“ приказна со друга, не заслужува ни мисли да си трошиш на него, искрено. Не оди во бесконечни длабочини што било реално или не, и дали лесно поминало, едноставно не вреди, прашање е и тој дали знае самиот... И наместо да го мислиш прави план како ќе го најдеш вистинскиот и тој ќе биде среќниот што овој на кој мислиш залудно и незаслужено, нема никогаш да го добие. Всушност, не знае ни што изгубил.. Некој што наместо кавгата ја памти прегратката и сака тој со кого некогаш бил да е е среќен, иако тој, сега, е со некоја друг. секогаш ќе биде сакан...Ми дојде спонтано да коментирам. Извини ти!
Да, во право си, можеби требаше да ѝ напишам порака. Нека избришат модераторите, ако мислат дека ова пречи/не е соодветно, не е проблем.
Не ми пречи. Само да кажам дека не ми беше поентата да го обвинувам за нешто, напротив. Секој има право да не те сака и да си продолжи со животот и подобро е да ти кажи на шо си. Некогаш има простор за подобрување, кога секој би сфатил кај згрешил и како тоа влијаело на другиот, без его и обвинување. Е ако си престанал да сакаш, нема назад. Не барам виновници, взаемно е, само ми падна тешко, останав со прашалници и се потсетив на сè што чинело. Јас многу се приврзувам и живеам за спомени и што би било кога би било. Фала.
Вчера дур бегав видов знаков и ми текна на тебе: Не дека не ти го пратив и во порака ама сликата ме бендисва.