Се правиш јак пред мене ... не знаеш да глумиш ти се гледа во очите се. Ќе се сеќаваме на периодов со насмевки ќе видиш, тешко е ама ти ветувам
Сонував како бев на едно непознато место и видов лист закачен на кој ги пишуваше нашите имиња као пар Многу чуден сон мислам дека повторно би се сретнале некаде Поточно не ме чуди уопште ова бидејќи секад кога ќе те сонам без разлика колку време и да прошло ти после сонот тој период мора да се појавиш од некаде. Незнаам каде ќе бегаам
Толку од мене Кога ќе те стигнат сите овие мои солзи ќе ти текне на најубавите моменти. Фала ти за се!
Интересно е како еден трокрилен шкаф ти собира цел живот. Уште поинтересно е како една глава односно еден мозок од нецело кило и пол, значи колку една средна Фанта, ги собира сите сеќавања кои ги имаш, дел свесно достапни а дел не. И, како се меморирани на посебен начин, за тебе уникатен. Истиот, сосема истиот настан, доживеан од перспектива на друга личност, па дури и да стоела до тебе, да била расположена како ти, со слична старост како ти, ист пол, можеби дури и твоја роднина, е запамтен на поинаков начин. Секоја меморија си има своја нијанса, тон, облик, кој е различен во главата на секоја поединечна личност. Ако земеме предвид дека објективна реалност постои, и е само една и единствена - тогаш претходно наведеново е фасцинантно... И на таа точка се прашувам: How Do You Remember Me? Би сакала да знам. Би сакала да добијам видео лента од твојата претстава за мене. Не знам дали со тоа сакам да си ја закрпам самодовербата, или да се убедам дека ти значев и ме сакаше, или па вистина и искрено ме интересира само твојата перспектива за мене. Како и да е, би сакала да ја имам таа видео лента. А знаеш, можеби фактот што велам баш „видео лента“ наместо „снимка“, „MP4“, „youtube видео“, „ријл“ или нешто друго, зборува за нереалноста на посакувањето и „неможноста“ тоа да го добијам... Оти нели, и да добијам видео лента со таа содржина, денес тешко би нашла начин да ја погледнам. Можеби и не сакам да знам... или само сум свесна дека никогаш нема да знам... којзнае! (Од архив, рана пролет, 2024)
Ми го стопли срцево кога те здогледав после толку време, што дури не си верував на очиве дека ти стоиш пред мене чекајќи ред на каса. Онака убаво ме здрма да знаеш. Која случајност значи, или нешто друго можеби, не знам...уште сум збунета. Само знам дека сум среќна за тебе, што си добро и што успеваш во животов, заслужуваш многу повеќе. Секогаш ќе имаш дел од срцево само твој, тоа никогаш нема да се смени. Ми беше ветер во грб кога најмногу ми требаше, ме крена кога го допрев дното, немам лош спомен со тебе, напротив, само насмевки и среќа, и иако ни се разделија патиштата, сепак знам дека си моја сродна душа во некој наш универзум. И дека јас сум твоја, и сега ти го видов тоа во очите. Остани среќен!
Рерко паметам сонови ноо кога ќе го запаметам се остварува и навистина досега секад коа сум те сонувала си се појавувал пред мене но овој пат незнам иначе пак те сонував послем долг период Сега е инаква ситуацијата незнам не ми се верува да се појавиш пак. Ќе се зачудам баш ако ми излезеш пред очи некаде ова лето. Незнам зашто цел живот играме брканица. Со тебе израснав будалооо
Најмногу болеше твоето.... Оди најди си друг.... Омажи се и имај деца.... Еднаш сакам со тебе да бидам, друг пат не, па ќе идеме Скопје, па ќе идеме странство. Па, пу пу не важи. Само се шалев. Па јас не седам во МКД, јас ова, јас она. Господ да те казни! Проклет да си! Цела недела не можам да се соберам. Секоја моја солза од тебе, да те боли. Никогаш од МКД да не излезиш! Прости ми Господе премногу сум повредена и ме боли душата.
Mili moj, život nije isti svima Uzme te za kuma, il' za dušmanina I uzalud se molim Uzalud, zar ne? Kleli se zauvek skupa ćemo biti Ako kraj nam dođe, sami ostariti Ja obećanja držim Ti svoje ipak ne Kad sećanja me stignu do neba poletim Pa polome mi krila da ti ne doletim I nekako se ne da da s tobom budim se Jer ime mi je ljubav, a tuga prezime
Дали некогаш помислуваш на мене, на моментите поминати заедно? Ми фалат некогаш, долгите разговори и твојот мил глас ама...