Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    948
    Допаѓања:
    3.140
    Пол:
    Машки
    Само малце среќа ми треба, Господе. :hug::whew:
     
  2. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.407
    Пол:
    Женски
    Покрај тебе најубаво се спие.:l:
     
    На Medea., carangigia и GirlLove им се допаѓа ова.
  3. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    2010 година очите со сјај гледаат во тебе. Памтам кога ќе те гушнев како да ти давав дел од својата душа. Те сакав младешки, искрено и бунтовно. Не постоеше нешто што не би ти го простила, а и многу работи простив.
    Тогаш битно ми беше само да те сакам, не ми беше гајле дали ми е возвратена љубовта. Многу падови имавме. Ама од срцето никогаш не ми излезе.

    И пак по толку години сме заедно, уште те сакам ама созреана сум. Се променив.
    Ми фали начинот на кој те сакав оние денови кога се беше толку едноставно и безгрижно.
     
    На Herrera, nevermet18, mal.ecka и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Lilianna

    Lilianna Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    3.725
    Пол:
    Женски
    Се' што сакав е да бидеш покрај мене и кога сум тешка. Кога ќе се скараме, да не се оддалечуваш, чекајќи да ти се смири лутината. Сфатив дека тебе не ти е гајле како се чувствувам.
    Ти се надевав, знаеш? Се залажував дека повторно ќе ти се врати искрата во очите кога ме гледаш, посакував кога ќе се разбудевме заедно, за промена ти да беше тој што ќе ме гали по лицето. Да ме гледаш занесено додека пеам, како што те гледам јас додека свириш. Сакав да се надевам дека пак ќе ме сакаш со цело срце, иако длабоко во себе чувствував дека нема.

    Ова е крај, го знам тоа. Крај на нешто толку посебно за мене, на емоции само еднаш што се искусуваат. Крај на една неповторлива љубов, но и голема болка. Искрено се надевам дека за една година од сега ќе се смеам и споменот на тебе нема да предизвика бодеж во срцето. И се надевам дека никогаш нема да зажалиш што дозволи да ме изгубиш, што не се потруди повеќе и што не ти бев вредна да ти дадам смисла на животот. Ќе те сакам, идиот, но јас нема да бидам онаа што ќе жали, зашто јас дадов се'...
     
    На Oriental, carangigia и Ivicka_1993 им се допаѓа ова.
  5. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.932
    Допаѓања:
    12.444
    Пол:
    Машки
    Тешко ми е кога ќе помислам на животот пред тебе или без тебе. Многу работи ми добија смисла од како влезе во мојот живот. Не верував дека ќе сакам некого толку јако. Не сакам да те повредам на никој начин но не сакам ниту во страв да живеам. Се надевам ќе бидеш трпелива со мене, имам многу работи во кои можам да се подобрам. Те сакам многу. Еден живот со тебе би ми бил малку.
     
    На emiliana, hermosa, eliesaab и 14 други им се допаѓа ова.
  6. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    32.447
    Пол:
    Женски
    Те дочекав :hug:
     
    На mal.ecka, Godisloveee и Tinaaa им се допаѓа ова.
  7. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Се плашам.
     
    На Godisloveee му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.407
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам што си ми најголема подршка.:hug:
     
  9. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    9.990
    Пол:
    Женски
    Само што се врати пак отиде на одмор седни си ајде на газот
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.811
    Допаѓања:
    266.914
    После 16 години и 2 месеци, пак се сеќавам на тебе.
    Низ овие години понекогаш ќе ми дојдеше на ум, ама ретко, а и најчесто небитно. Поминав многу, убаво, неубаво... немаше за тебе место во мисливе.

    Знаеш, некогаш не се првите бакнежи, љубови, оние кои ги памтиме засекогаш, ниту оние кои ја растреперуваат секоја клетка.

    Знаеш, уште памтам кога ме бараше кај мајка ми на телефон, јас немав роаминг.
    Памтам како дојде да ми ги прашаш родителите дали може да ме однесеш на пијачка :D
    Памтам дека немав поима каде возиш, памтам дека немав зборови, не знаев што да ти кажам, освен застани да купам цигари :)
    Го памтам и хотелот, поточно терасата, го памтам погледот кон морето и зајдисонцето, ги памтам топло белите ламби, памтам како ме прашуваше за мене, да ме запознаеш. Јас не прашував ништо, јас бев маѓепсана :)

    Памтам како седиме на плажа, не памтам што ми зборуваш, ама ја памтам твојата рака на голиот грб. Точно памтам каде ти беа прстите, памтам дека немаше грам одбивност во мене, го памтам нашиот прв бакнеж, памтам дека сè што сакав е да спијам со тебе.

    Памтам и дека ме одби, и со право, рече во некоја идна прилика, млада си, а и рано е... Памтам дека потполно ич не те разбрав.

    Памтам и кога дојде ти 500км, а со тебе и приликата, сè памтам. Ама магијата одамна ја немаше. Не беше тој истиот со кого седев по ѕвездите и сакав само да му го запамтам мирисот.

    Памтам и кога последен пат седевме покрај морето, твојата тишина, твоето немање храброст да се соочиш со моите млади години и во очи да ми кажеш. Памтам, нашата последна средба сами, го памтам бакнежот на рамо, памтам дека ништо не ми кажа, а знаев сè.

    Памтам, знаеш, памтам како бев свесна дека се тоа нашите најпоследни мигови во овој живот, каде што постоиме на исто место, дишеме ист воздух, гледаме еден во друг. Памтам дека проба да ме гушнеш; а јас немо стоев со рацете покрај себе. Чувај се. - ми рече. Не собрав храброст ниту да те погледнам, ниту да те прашам - од што да се чувам? Од тебе? Бидејќи точно од таквите како тебе требаше да се чувам.

    Видиш, се чував и не се дочував, па после 16 години и 2 месеци решив да те најдам. Добро е, само 2 пати разведен, деца јок, ама... очите. Не ги препознавам.

    И пак се наежи секоја клетка во мене. Ама овој пат, не со антиципација, не со тага или желба. Ни јас не изгледам исто де. Ама ти го имаш сега лицето кое ти личи на карактерот.

    На различни континенти сме и ако има Бог; така и ќе останеме. Затоа што не знам дали некогаш ќе успеам во твоја близина да бидам силна.
     
    На Scott Weiland, Medea., Ugly Duckling и 24 други им се допаѓа ова.
  11. bad girl18

    bad girl18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Тогаш не знаев што чуствувам , сега знам. Знам дека е доцна но можеби сеуште мислиш на мене?
    Сакам повторно да седиме до сабајле и да збориме на различни теми.
    Сакам повторно да се смееш на мене и моите глупости.
    Сакам повторно да бидеме блиску како некогаш.
    Ми фалиш, премногу.
     
  12. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Вечерва повторно се сетив на тебе. Се вратив овде да си ги прочитам мислењата... лоол... ептен детско понашање сум имала. И тогаш, и после, и после тебе.
    А ова е последното мислење што сум го пишала.

    Сум барала причина познанството да не ни е само некаква случајност... Не знам, можеби е, можеби не е. Знам дека претходно пишав правилни личности на правилно место, во правилно време.
    Дефинитивно времето било грешно. Колку и да сум мислела дека сум возрасна и подобра, сум била "дете". Сега знам колку често можеби сум ти играла на нерви.

    Знаеш... ми фалиш. Многу. Особено затоа што знам дека и сега ќе ме разбираш како тогаш, можеби и подобро. Затоа што да, ми фалат личности како тебе во животов. А те земав за даденост.

    Стварно посакувам да те сретнам некаде случајно. Онака, кога моментот е правилен тоа да се случи.

    Искрено те сакав. А почитта и ден денес ј имаш. Можеби и повеќе от претходно.
    Иако можеби веќе не треба, можеби си сменет.
    Стил...
     
  13. GymGirl❤

    GymGirl❤ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    795
    Пол:
    Женски
    Љубави моја, се знае кој е прав муж! А тоа ме привлекува кај тебе мммммм :hug: Коа ќе ми текне дека имаш став, дека јас сум твоја и готово така е, мора така да биде! хмм :inlove:...... А коа ќе ми текне па како изгледаш си ги прегризувам усните :whew: Ова плус. Изгорев :sweat: :l: ваков си цели 10год одкако те знам и сеуште водиш грижа за мене и ме штитиш имам пуна самодоверба со тебе и знам дека никој не смее да ме допре. I like it! :devil: Алооо па не си нормален колку те обожавам, полудев. :l:
     
    На Teodora098 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ivicka_1993

    Ivicka_1993 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2024
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    Get lost of my LIFE :@
     
  15. GymGirl❤

    GymGirl❤ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    795
    Пол:
    Женски
    Јас ако сум плачка ти си лигавче мое. Како мало детенце си :* :hug: :inlove:
     
  16. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Веќе некое време имам желба да изнапишам, ама сè се предомислува, и бришам. Пред два-три дена ми влезе без да прашаш пак во мислите, и никако да не излезеш … Мојата интуиција вели дека нешто не е в ред со тебе. Нешто ти се случува, ти се дешаваат страшни ствари.

    Шознам …

    Иако нашата приказна заврши пред неколку години, заврши пред да почне кутрата ама тоа е друга тема, јас сè уште имам некои глупави претчувства поврзани со тебе. Знам, знам дека си со нејзе, и дека уште сте заедно.

    Ок.

    Ама што со другото?
    А, и, до кога?
    Зарем не те проплакав доволно?
    Зарем не ти дадов и повеќе од што беше потребно?
    Зарем малку ноќи плачев, те колнев и се молев за тебе истовремено?

    Мислам дека е крајно време да излезеш (и да не се вратиш) во мислите, па и во животецот мој. Доволно време потрошив, (само) уништувајќи се себе си и се околу мене. Не, стварно не ти мислам лошо. Само оди. Биди среќен, имај сè што ќе посакаш. Би сакала да здивнам и да почнам да живеам онака ко шо треба, со полни гради. Остави ме мил мој, доволно беше …

    Не би сакала да знам ништо за тебе, ниту да чувствувам. До душа воопшто не би сакала да ја имам оваа глупава интуиција која никогаш не ме излажала. Да имаш интуиција е и дар, и казна во исто време.

    Оф, се изморив....

    Се молам, ова да е последен пост шо го пишувам за тебе. Не те мразам.
    Секое добро.


    Твојата синоока <3​
     
    На NewGirl, Ivicka_1993, Kumanovkaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. GymGirl❤

    GymGirl❤ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    795
    Пол:
    Женски
    Ти бре ѓубре едно најде ли да ми лајкуваш сториии??? Ај мрш!
     
  18. GymGirl❤

    GymGirl❤ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    795
    Пол:
    Женски
    Љубавиии не сме здрави :nod: ама многу те сакаааммм :hug: не ми се верува сеуште си тука за менее премногу те сакаааммм неможам да опишаааммм ти си ми суденнн :inlove: :inlove: :inlove: Ти си сенката моја која ме следии… :inlove:
     
  19. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    32.447
    Пол:
    Женски
    И така 3та година по ред...
    Се појавиш и оживее нешто во мене. Убавите моменти многу кратко траат. Си одиш, и повторно сивило...
    Како што знаеш да ми речеш...
    Until next time babe :inlove:
     
  20. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Ми вдахнуваш живот. Ме оживуваш, ми даваш мир со секој еден навидум нежен и наивен допир, со секоја насмевка, со секој поглед, со секој украден бакнеж, со секој момент поминат во игра со син ми. Ми будиш верба во иднината. Поради тебе повторно почнав да сонувам. Го исчекувам секој заеднички момент.
     
    На Meddy, MeowMeow, st-el и 2 други им се допаѓа ова.