Благодарам за убавите времиња но секогаш ќе го правам она што мислам дека е добро за мене. Ако не можеш да се справиш со тоа, тогаш е до тебе а не до мене. Животот е краток за да жалам за моите одлуки
Во денови кога сите ја сумираме годината што е позади нас и кога го сумирам роулкостерот од година кој го поминав, падовите и подемите во кариерата, балансирањето и одењето по жица со своите емоции, со стравот, непознатото, самотијата и насмевката, кога ги суморам непознатите во равенката на животот која морав да ја решавам сама молејќи со поглед за совет, за насока, за грижа, за малку смореност на мислите, најголема победа ми е конечното преболување на тебе. Победа ми е конечното трезвено погледнување на реалноста, на тоа дека никогаш не си ме сакал, победа ми е соочувањето со тоа како си ме третирал, што сум заслужила, а што добила. Победа ми се одбиените понуди за да те сретнам и да ме допреш, и трката никогаш да не те видам. Победа ми е конечната смрт на копнежот во мене за тебе. Победа ми е летањето со балон и исфрлањето тебе од мене веројатно од него. И можеби кога не мислиме - тогаш ни се исполнуваат некои одамна посакани желби!
Јас ти правам намерно прекршок љубави а потоа ти се предавам! Уапси ме! Ставими лисици! Дојди само тебе те чекам со моторчето
Јас и ти сме како Убавицата и Ѕверот. Само што нашето не заврши како бајка. Интересно искуство, за двајцата. Како ли ќе беше ако продолжеше, ќе имавме ли среќен живот, ќе се скротеше ли конечно покрај мене и мојата љубов што ќе ти ја пружав? Или во универзумот не ни постоеше таква верзија, тоа нашето беше за да придвижи и промени други нешта. Ти посакувам се' најдобро, со сето срце ти посакувам само среќа, ја заслужуваш.
Можам да замислам иднина со тебе. Во моите соништа таа има малечки сини очиња како твоите, и се вика Ангела... Се надевам
Никогаш нема да заборавам низ што поминав годинава заради тебе. Џабе сега што велиш заборави на сите… Другите ти беа поважни. И длабоко во себе знам дека уште ти се.
Ме изненади на крај, колку педерски се повлече, дури не ми ни кажа што точно е проблемот. Цело време као јак беше, на крај само те снема. Ако, не е тоа моја загуба. До ова секако ќе дојдеше ама договорот не ни беше за вака. Ќе те видам ајде до кога вака ќе се однесуваш, а јас прво другарка ти бев, па потоа другото.
Да, ќе ти кажам, не, ќе ти раскажам... И колку многу се променија работите, и се променив и јас во меѓувреме, и станав таа што си ја замислив, и повеќе, и онаа што никогаш немаше да ми падне на памет дека ќе станам, а сепак и си останав истата. И колку многу имав да ти кажам, а не ти кажав. Ама тоа сега не е битно. Сега би ти кажала само едно, фала за се и Спојлер: . Мило ми е што те видов. Многу работи ми се разјаснија да знаеш. Спојлер: . Да, баш денес. Eте видиш сум запамтила. Памтам јас, памтам, иако понекогаш заборавам, ама памтам и кога мислам дека сум заборавила. Ете видиш, имало живот и после Декември.
За мене ти си совршен. Идеален си. Но животот со тебе ми е вечна борба. Ќе успееме ли овој пат да победиме? Плачам. Многу плачам кога не ме гледаш и често се прашувам зошто баш ти?
Уште една од вечерите во коишто ни дијазепамите нема да функционираат и да ме опуштат.. Алал да ти е, алал да ти е што ова ми го приреди, и тоа сега во тек на празнична сезона.. Браво А мене во моментов ми иде едни јаки и вруќи шамари да си мавнам, што волку лесно сакам да верувам во луѓето, и се приврзувам за нив. Идиотка глупа малоумна, порасни веќе еднаш
Ова утро среќата силно нека ти се насмевне.Радоста цврсто нека те прегрне .А,здравјето вечно нека остане во тебе. Нека овој ден ти исполни се она за што цела година мечтаеш,се надеваш и го посакуваш.Нека ти биде прекрасен ден среќен роденден.
Не очекував дека баш денес ќе те сретнам таму, не очекував дека баш ти ќе се појавиш. Ама, може и добро направи што дојде. Тие емоции и пеперутки што ги чувствував секогаш кога ќе те сретнев, полека почна да ги снемува. И многу се радувам за тоа. Толку време поминавме заедно, толку убави и неубави работи, а сега сме само двајца странци... Се надевам научи добра лекција после мене, па од сега ќе бидеш со паметот во глава. Чувај го тоа што го имаш! Иако не заслужуваш, ти посакувам сѐ најдобро. Биди жив, здрав, и секогаш среќен, ама вистински среќен. Честит Бадник