Би ти честитала Бадник, ама ти не славиш... Би ти посакала многу убави желби, ама имаме различни гледишта и верувања. Не ни било судено мил мој. Мојот Бог, а твојот универзум изгледа така решиле. Нека, остави. Ќе си ги најдеме сродните души, кад тад, си велам...
се прашвам дали ќе бевме помирни ако си ја чувавме златокруната љубов од зли очи и душмани ? каде ќе бевме денес трошка да ме послушаше од то што ти го кажвав , а знајш оти секогаш беше за арно. оставив се во твои раци и ме разочара . да почекаше бар малку , само уште толку малку. знајш оти пробвав да бидам тука за тебе толку пати ама џабе ништо не помогна
Во секоја градина расти по една ружа, секој има некого на овај свет, а јас те имам тебе. Секој момент поминат со тебе е како во сон, сон од кој никогаш не сакам да се разбудам. Ти и ја сме две различни тела но со иста душа. Јас имам два животи кои не сакам да ги изгубам никогаш, никогаш нема да дозволам ни влакно да ти фали од твојата убава и нежна косичка. Во овај универзум, има само еден свет со 194 држави, 7 континенти и 8 милијарди луѓе, а јас те сакам само тебе Среќен Божиќ и нека ѕвездата деница биде водилка која ќе ни го осветлува патот како што им го осветлувала на Марија и Јосиф до Витлеем
Дали тие зборови ми ги кажа за да ме утешиш или навистина тоа го мислеше ? Не знам колку си свесен, ме разочара, ме скрши, ме преобрази во друга личност. После тој период слушнав си се сменил и ти од корен, си се скарал со најдобриот другар, ми рекоа чуден си. Што се случува со тебе ? Знаеш дека бев спремна на се со тебе, зошто се случи тоа меѓу нас ? Треба да продолжам за доброто на двајцата, тешко ми оди знаеш ли ? Можеби не бевме до толку отворени еден спрема друг, зошто луѓето се толку сурови и менуват чувства преку ноќ? Те сакам, толку сакам да знаеш, тоа си го признавме еден спрема друг таа проклета вечер. Како што рече и ти, можеби патиштата ќе ни се спојат еден ден. Не знам дали тоа треба да предизвика трошка надеж кај мене или да направи да ти завртам грб и да продолжам понатаму. Ти благодарам сепак за личноста што ја побуди во мене, знаеш дека секогаш имам нешто да додам плус, имам многу прашања во главата, си велам крај е, но пак и пак се навраќам на тебе. Те сакам
Животот ни зададе голем удар. Прво ни го даде тоа што многу го посакувавме а после ни го зеде. Среќа која за миг се урна како кула од карти. Ми иде да се откажам од се да го преспијам жувотов но после ќе те погледнам тебе и ми доаѓа сила сила да се борам за нас за тебе.Тешко ти е но не ја тргаш насмевката од твоето лице само да ми бидеш моја подршка.Ќе бидам и јас твоја!Или ќе продолжиме да се бориме или ќе ги промениме плановите целите и ќе уживаме во животов максимално.Едно долго патување низ Европа како што сонувавме а го ставивме во втор план сметам дека треба да го ставиме во прв план.Нека ни биде ова приоритет.
Ти си најслаткиот дел од мојот живот, со мирис на слатко колаченце, секоја твоја насмевка е како клуч од рајските порти, мој живот Те сакаам