Ова се однесува на мојата прва љубов.. Денеска после незнам колку години ми текна на тебе. Можеби зошто на емотивен план ми е катастрофа и сум емотивна па се сеќавам на нешта длабоко закопани во минатото... Како и да е... лажам... не ми текна сосем случајно.. Ми кажаа што ти се случува и жал ми е. Многу ми е жал. Добар си ти и ке ти помогне Господ. Еј..... ко за прва љубов стварно те сакав.
Копнеам по твоите прегратки и милувања.. По твојот нежен и топол бакнеж. Посакувам да си ги допреме носињата и да се погалиме. Да ти го милнам лиценцето. Да ми го бакнеш челото, да се почувствувам сакано. Да си легнеме еден крај друг и истовремено да воздивнеме, бидејќи тогаш сме нај спокојни и никој ништо не ни може. Сакам да те помирисам.. Најмногу од се сакам да те помирисам.. .
Женати во Понеделник ужива да е наредник , од Вторник па до Четврток фустанот и е пократок , од Петок па до Сабота планира да лумпува до зората , а во Недела мртва уморна легнала да се одмара Е ова како во песната ...Ало... на одмор сум ништо не ме интересира Знам дека ова е масло на сестра ми ..и знам дека цела фирма ќе ја тужам за кршење на човекови права .
Ме виткаш како оригами.И не попуштам пред себеси, гордо се чукам по гради а знам дека сум кукавица, со душа мека како пердув кршлива како тенко стакло по кое тешко газиш со вџашени нозе. Не јас никогаш нема да ти ја тргнам таа маска од љубезност пред светот и да им покажам дека вината не е сета моја.Или моја е.Ама ти си глумец.Ти си ти .. Го прифаќам комплиментот со доза сомнежи.И онака очекував семејни фотографии,сега ќе си ги урамам над постела да ми стојат за да ме потсетат колку ги мразам тие цинични фаци со пожолтени криви насмевки и невина злоба, негрижа.Ете тоа е,не се тука за да ме потсетат дека одмаздата се сервира ладна , тука ќе бидат да ме потсетат на самоконтрола - секој пат кога ќе ја изгубам да знам дека ја имам kiss kiss kiss
О драги зашто нисмо заједно, нисмо заједно само ја и ти.. О драги хајмо негџе насамо па да се мало заталасамо то што ради сви можемо и ми http://www.youtube.com/watch?v=O1kcmDE7 ... re=related
Требаше да те бакнам за да почнеш да предавања да доаѓаш. Мајка ти има да ме благослови Ама стварно си идиот да ти кажам. Уште ако си зуцнал нешто некому, е дури тогаш има убаво да ме запознаеш!
Си ветив дека веќе нема да влезам во темава за да ти кажам нешто,ама не можам, посилно е од мене. По навика знам каде си и знам дека немаш интернет таму кај што си. Знам и дека не знаеш што да ми напишеш, но ме мислиш. Срцево ми трепереше од твоите зборови оној ден, за прв пат си го отвори срцето кон мене. Ми годеше морам да признаам. Ти ја пробив фасадата од ладнокрвност. Емоционална сум деновиве, сакам да дојдеш, да се шетаме, да ме штипкаш и скокоткаш а јас да бегам глумејќи дека ме боли. За да ме гушнеш и бакнеш, онака нежно и страстно како што само ти можеш. И јас да замолчам, да уживам во твојата прегратка... Да ти раскажам како ми поминал денот,кој се ме изнервирал, а ти да ме утешиш дека се ќе биде во ред, зошто јас сум силна и можам да се справам со обврските. Да се инаетиме до ниедно време, да јадеме чоколада и да се мрштиш зошто не е твојот омилен вкус. How I wish, how I wish you were here....
Глупав еден.На моменти толку те сакам и те мразам во исто време, ми доаѓа да си ја искубам косата од мака.На моменти сум толку нетолерантна, секунда потоа сум мртва ладна и вешто го кријам гневот кој гнои во мене.Ти знаеш да ги поткупиш луѓето.Оу да и ти се сомневаш во мене.Ти убаво си помина во мизерниот дом на таа мивка со геј тип сидосан со кој отворено признава дека ја дели постелата.Мрак ми паѓа над очи само на помислата колку сум светлосни години понапред од неа со култура, но слабо стојам со самоконтролата.И тоа ми пречи да те воспитам како што доликува. Жените се манипулаторки.Се охрабруваат да станат безмилосни од моментот кога ќе ја откријат кучката во себе.Камшикот е во нивни раце а мажите се обични слепи кучиња со потреба од водич.Кога ќе намирисаат месо одат по него и ќе го изедат без да видат дали е скапано.И од паметни има попаметни.Сакаше борба ќе ја добиеш. Порака за малата бездомничка -Изгубив битка, но ќе ја добијам војната.Совреме научи да се носиш со поразот
Ме убива помислата дека илјадници километри не делат Ужасно ми недостасуваш, технологијата не може да ми го надомести твоето присуство! Осамена сум деновиве.. . Многу сум осамена!
Гомце те сакам. Се срамам за тоа што се случи, ама убаво ми е што ми помагаш да ми пројде И ај да не се гледаме толку често, нели ни е поубаво кога нема да се видиме 3 - 4 дена, повеќе се сакаме, и не си досаѓаме, а и помалку се караме. Те сакам бе, и глупо ми е и срам ми е да се видиме после тоа... ама те сакам