Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    3.737
    Пол:
    Машки
    Ме растажи сеа. Не дека ќопек ми рече, туку дека фрли со толумбата по мене.
    А јас толку добронамерно ти кажав :lol:
     
    На GymGirl❤ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GymGirl❤

    GymGirl❤ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2021
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    799
    Пол:
    Женски
    Ами со тулумби фрлам не со камења треба благодарен да си :rofl: :rofl:
     
    На Arjanit2021 и Realist1 им се допаѓа ова.
  3. squarekisses

    squarekisses Нов член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2025
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    4
    Од момент на чекање убава порака, возбуда и позитивност пред период кога ќе се видиме, до момент во кој нашите дописки ми прераснаа во панична траума. Но, доста е веќе со каналот на комуникација. Нема да дозволам да движам на јајца, живеам на ролеркостер, дали денес ќе имаш супер ден, или влезеш во стадиум на деструкција и параноја. Распложенија со кои незнаејќи како да се носиш, мене ме вовлекуваш, поентираш како главен кривец преку наметнат гилт трип за нешто што немам сторено, и секако на крај блок.

    Се свестив и јас, ваквите блокирања не се ништо помалку од класични техники на кхм, ,,несвесна" манипулација кои се користат за лично ослободување од емоции, одговорност, за да се створи поголема зависност, емоционално ослабување на личноста од другата страна (мене).
    За после 6 дена пратиш порака ,,ми фалиш".
    Како можеш бе?

    Ти од сите, после сите трауми со кои се соочив, па и најбитниот датум за мене, годишница, резервација за нас. ,,частка" од душа да добијам блок?
    Пред битна животна промена што и тебе лично треба да ти претставува мотив за напред. Сериозно мислиш дека не поседувам интелигенција за да видам што правиш? Како ти е потребнo eкстра внимание, изнудување реакција за емотивно да се регулираш? До што стигна и во што се претвори?
    Никогаш нема да ми е јасно како при јасен указ каде грешиш, наместо емпатија, тргнуваш контра напад - одбрана.
    Тоа ли е љубов, ајде кажи ми? ...

    И дури сега после ова ми станува јасно колку имаш вештина да кршиш. Тоа ти е шаблон, затоа неслучајно broken people ти е омилена категорија. Од иста причина темите што многупати ги отворив, а претставуваа рака за помош, од тип - работа со психијатар, регресија, проверка на хормони (во цели на подобрување на твое ментално здравје), беа одбивани, дочекувани отпор, и покрај што вриштеа јасност колку штетат на и онака твојата нестабилна динамика.

    Знаеш, чекав и чекав да се сменат твоите лоши навики. Посветив грандиозен влог и енергија во тебе, во нас. Психо - физичка. Преку толеранција, давање шанси, трпение, простување, прилагодување, дури и тогаш кога беше невозможно. Дури и покрај постапки на кои повеќето на мое место би ја свртеле главата без да се свртат назад.

    Дури и ти имаше кажано дека не можеш во врска со себе сѝ.
    Но, јас верував во тебе и бев со согласност за бавен раст .. и кешки да дојдеше до истиот, само да успеевме. Сето тоа ради мојата добрина и бесконечна љубов кон твојот профил на личност, минато. Како и наивноста, премолчување на сешто ми пречи, за да се сплотиме во прегратка - широко пространство, бесценетата обала мир.
    За времето да застане, а умот молчи, нон - стоп водев борби со ветерници, и по цена на ризик по физичко здравје, да ми бидат искршени рацете или случи нешто уште полошо после наше видување. :u:

    Како ти даде срце вака да си, после толку конверзации околу твојата незрелост, невнимателност, непослушност кои водат до фатални последици? Како ти даде срце од мене да правиш ,,изневерувач" во период дур беше под опијати, со тотална несвесност за идентитет, околина, во која ни на мал прст не ги стави моите почетни длабоки емоции?

    Притоа влегувајќи во врска со крокодилски солзи за екс партнер? И ти мене во недостаток на аргументи најде да ми зборуваш за емоционално неверство? Аха, секако. Јас излегов на месечнина со друга личност лани? Јас барав escape наместо решение, со ,,друштво" по дејтинг апликации една година подоцна во сериозна врска? Не, туку ти, и само ти.

    И да, баш ради тоа, и слични нестабилни епизоди дојдовме до тука, и имав реакции, иако не ти сторив неверство за какво обвинуваш.

    Сепак, најкриво ми е што не знам дали некогаш пак ќе сакам. Не знам колку сфаќаш дека ни прилика нема да ми се даде бидејќи ми е ограничен излезот, трајно нарушено психичкото здравје, без дом на долгорочни стази. Ама ако, нека те. Не барам сожалување. Само, ради очекувањата да си сешто јас бев за тебе вака завршив. Бев твој ангел чувар, единство, алфа и омега.

    Ради очекувања да си бидеме карта за заеднички ТРАЕН излез од хоророт кој ни се случи направив сѐ. Затоа, ќе се осмелам да речам дека еден ден ќе те удри во глава, и вистински ќе процесираш што се случи. Меѓувреме никогаш нема да ти го заборавам трудот да се искупиш, бидеш тука, створиш наше катче, ме галиш на тајни места далеку од зли очи и нарекуваш на галено ,,твоја цурица''.
    Филмски се тие моменти за мене знаеш, за роман, но на крај кријат тажна порака. Таа е што ќе останам твоја цурица, дури и кога нема да ме држиш во прегратки и ми ја мирисаш кожата. Сепак, чувај ги нашите стегачиња, нека се спомен за едно изгубено време во кое никој не знаеше за љубов. :u:

    Еден ден може ќе добиеш визија слична мојата па, нѐ видиш таму некаде на топло море, сонце, среќни и вљубени. Ќе сфатиш, ако бар малку ме послуша и бевме унија, колку заеднички душевно можевме да си помогнеме без посредство на други, но може и нема никогаш... (Второто е поверојатна опција). Секогаш ќе се сеќавам на едно прашање преклани дур лежевме на троседот кај тебе во домот каде најубаво се чувствував.

    Кога рече ,,Како не можеш без мене?" .. ,,Секој може без секого". Дур мене ми се стркалаа солзички на твоите гради, дур ти само збунето ме гледаше.

    Како и да е, тука го завршувам огромниот пост. Ти посакувам никогаш да не кренеш рака на себе, си дадеш шанса да оздравиш за инат на таа (знаеш на кого реферирам), избориш за лична сепарација, и изградиш помал степен зависност од агресорот.

    Што се однесува до мене сешто може да кажам е дека нема да престанам да се надевам дека можевме подобро. Да се убедувам дека била обострана љубовта, твојата детска, а мојата - хармонична, без турболенции, со желба за взаемен прогрес - издигнување над забраните кои личеа на сѐ, само на проблеми на возрасни луѓе не. Знаеш, да не се повторувам, секогаш ќе те сакам, но, за извесно време ќе гледам да не сум на исто место, бидејќи апсолутно сѐ ме потсетува на тебе и нема да преживеам во градов. Од време на време ќе влегувам во де - лу - лу фаза во која ќе се лажам дека ќе дојдеш. Тоа ќе ми помогне да го компензирам твоето неподносливо одсуство на извесни стази. Биди и ти добро... :hug:
     
    Последна измена: 19 јануари 2025
    На Mumoftwo30, FridaodaMk, Stark и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Iva0901

    Iva0901 Активен член

    Се зачлени на:
    Вторник
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    So bivsiot se zapoznavme na rabota kako kolegi
     
    На Arjanit2021 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mickey18

    mickey18 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Машки
    Бог ме е чувал од тебе, секогаш ќе му бидам благодарен за тоа!
     
    На Medenomoe му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Medenomoe

    Medenomoe Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2019
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    1.187
    Пол:
    Машки
    обновувањето на моралните вредности започнува со осуда на сопствената пропаст....
     
  7. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    985
    Допаѓања:
    3.187
    Пол:
    Машки
    :*
     
  8. Geronimo

    Geronimo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    98
    Сдтк...
    Javi se oteraj tugu
    Bar lazna nada nek udje u sne
    Recima obrisi mi suze
    Kao sto si ranije...

    Си пеам на работа цел ден и си идам до еден заклучок..

    Цел живот само тебе ќе знам да те сакам и никој друг.
    Еве и ќе ти се отворам конечно:
    А со неа заедно живееме, толку време, не е ни глупа, ни грда, ни лоша, ни билошто ... А пак кога се будам очекувам твоето лице да го видам пред мене. Години поминаа веќе...
    Отварам очи и не си верувам... Не си ти! Празнина наеднаш.

    I tiho tiho, neka druga zena, moje ime doziva kroz noc - ruzan san!

    Знам, мислиш дека лажам. Мислиш дека ми е само хир и ќе ми помине....
    Знам, имаш свој живот, некаде далеку кај што се е поинаку...