Го гледам секој ден колку личи на тебе. А и своеглав е како тебе, не за џабе сте и двајцата знаци со рогови. Никој не ме нервира и разнежнува како тебе и нашето мало човече
Велат човек кога му фалело нешто умира со отворени очи, јас кога и да умрам ќе биде со отвори очи бидејќи секогаш ќе ми фалиш..
Прочка замина Очекував бар повик ако не средба Помала си и ти треба прочка од мене многу ти треба... ке ти ја дадев без потребно си се плашела дека нема да ја добиеш..
Ако ништо друго барем да го постиме овој пост заедно..... Се сеќаваш се запознавме на твојо прв велигденки пост? И тогаш ми рече дека сум ти првиот подарок од постот. А мојот прв велигденски пост е и крај на нашата врска. Единствениот подарок кој јас го посакувам од овој пост е Бог да ми те чува и води по вистинскио пат. Лесен пост мило мое..
Што и да беше, како и да беше, сепак убаво си поминавме заедно Денот беше прекрасен. Ти благодарам уште еднаш. А сеа ќе го изедам и чоколадото што ми го купи, не се секирај, чим се купи мора да се изеде Од утре веќе конечно ќе те послушам во врска со исхраната, знам дека за мое добро мислиш. Убаво да нанаш, наспиј се, одмори се. Ќе биде се во ред, мора да биде.
Моја најдрага, од моментот кога те сретнав, моето срце знаеше дека го нашло својот дом. Ти си моето се, моја најголема радост, моја бескрајна љубов, моето другарче и лицето со кое сакам да поминам цел еден живот. Не можам да дочекам да те наречам мојата сопруга и да споделам вечна среќа покрај тебе.
Многу сум горда на тебе, за сите промени што ги имаш направено и ги правиш, за сите успеси, за тоа каква личност и партнер си. И неизмерно сум среќна што те имам, што се имаме, за нештата кои не поврзуваат, за разбирањето и поддршката што си ја даваме и љубовта која ја имаме. Љубов и спокој си ми, те сакам многу и едвај го чекам нашиот ден и нашиот нов почеток.
Hi nice to saw you again! Сега и да ме запознаеш повторно нема да сум јас она истата девојка од порано... Спојлер: … ти успеа трикот хаха успеа да ме замислиш малку но….заеби…
Од тебе ќе ми остане само една убава приказна, која на никого нема да ја раскажам и едно скршено срце, кое никој не може да го состави