Поминувам денес покрај бутик со венчаници и ми текнуваат моменти кога насмеани од уше до уше мечтаевме за нашата свадба и како би ти стоела венчаница.. Изгледа за мене таа венчаница никогаш нема да ја облечеш, можеби нема ни да видам како ти стои. Се надевам ќе бидеш среќна со тој за кој ќе ја облечеш..
Те сакам, не ми се верува дека се појави во мојот живот кога бев во лоша состојба на емоционално ниво. Сеуште не ми се верува, како да сонувам... се надевам дека ќе сме вака среќни засекогаш
Имам шпиун сега јеее Одамна не сум имала така другарка за шпиунажи ама ете сега Убаво башшш….. Доста на мене шпиуни ми беа праќани на мене од бившите ете сега и јас малку да следам кој што прави
Дали некогаш помислуваш на мене? Дали барем една секунда се запраша кај сум, што правам, како сум? Дали ти фалам и неможеш да дишеш како јас без тебе? Мене паметот и срцето ми се кај тебе, а тука живеам само како фигура. Живеам само со надешта дека еден ден пак ќе бидам со тебе, само тоа ме држи во живот. Илјада прашања ми се вртат во главата за кои не сум сигурен дали некогаш ќе добијам јасен и искрен одговор од тебе.
Се изморив да се борам со тебе, разбрав дека неможам сам да ја спасам врската, ако сакаш можеш да ја смениш страната да дојдеш и заедно да се бориме да ја спасиме, ама јас на таа страна неможам да дојдам и да ја уништувам уште повеќе, едноставно ќе ја предадам борбата. А ако некогаш посакаш да стоиш на моја страна дојди ќе бидам многу среќен.
Цел ден ми беше депре ради тоа што те сонував и се разбудив со помисла на тебе. А замисли секој втор ден ми идеш на сон страшно…. Мн чудно 12 год ова се дешава зашо другите бивши не ги сонувам.. Мн јасно, затоа што се појавуваш пред мене и си играме скар смир со години. Недај боже да се омажам некад ќе ми ја расипеш свадбата гарант Ќе слеташ со некој хелихоптер одозгора биче п*здарија…
Остави ме на мира те молам! Продолжи си го животот како никогаш да не сум постоела. За џабе се уништуваш и трудиш да бидеме повторно заедно! Остави ме те молам.
Ме освојуваш и топиш секојпат со твојата слаткоречивост На твоите топли слатки зборови, не можам јас да одолеам и да сакам, ме допираат длабоко до срцето. Ни секунда, ни милисекунда не може да пројде, а да не те помислам Зависна сум од тебе, признавам Дефинитивно една од најубавите работи во животот што ми се случиле, си ти. Нетрпелива сум во врска со иднината што ни претстои. Ние - само ти и јас. Те обожавам златичко Верувај дека сите овие зборови се ништо во споредба со тоа што јас чувствувам, и ти што заслужуваш.
Да те видам и гушнам само, се би дала. Знаеш, можеби пак ќе вдишам, зашто од тој ден веќе не дишам. Знаеш ти, кажав се јас...
Зошто си ми толку чуден… Зошто едноставно не можам да сфатам што сакаш? Дали стварно си заинтересиран за мене или само тепаш досада? Зошто не најдеш повеќе теми за разговор? Дали едноставно си таков карактер што не се допишува баш или не сакаш, стварно си ми специфичен. Зарем е доволно да ми пишеш само, и јас покажав интересирање со тоа што те додадов за пријател, мислам дека треба да се потрудиш повеќе…
Добро е да имаш пари и работи што можат да се купат со нив, но исто така е добро од време на време да провериш дали си ги изгубил работите што не можат да се купат со пари.
у пм колку болеше да те видам пак и да ти кажам дека уште ги имам чувствата од пред една година.те сакам бре
Не ми се потребни ѕвездите кога ги имам твоите очи, не ми треба ни сонцето кога твојата прегратка ми е најтопла. Твојата прегратка е моето прибежиште, твоите зборови и твојот глас се мојата сила. Ти си мојот дом, дом во кој ја пронаоѓам најубавата топлина, домот каде што го пронаоѓам мојот мир. Ти си мојата тишина што ме смирува и гласот што ме охрабрува. Ти си моето второ срце кое чука силно. Те сакам
Сега кога знам те нема.... Лесна ти земја..., Чувај ми го синчето..... Не го сакаше,ама ете тоа е,судбина наша......