Го паметам моментот кога ми кажа Те сакам. На еден од нашите дејтови во Центар. Ме испраќаше на автобус. Беше нервозен но и одлучен да ми признаеш и со зборови како се чувствуваш. И сега неколку години подоцна ги слушам зборовите Те сакам и од нашиот син. Such a wholesome feeling.
На некој некогаш не му е лесно да остави некој што му значел. Ако некој се трудел да не те изгуби значи дека многу си му значела. Оној кој те сака ќе даде се од себе до последно ќе се бори на 1000 начини ќе се обиде да не те изгуби. Само ретко кој го цени тој труд денес..
Значи да зборам со тебе е исто како да зборам со зид.Ме разбираш ама не е тоа доволно.Цело време градиш зидови
Месецов 15 ка јубилејна љубов. И пет претходно, та 20 години. Повеќе од половина од мојов живот сум со тебе, и никогаш тоа не би го сменила. Да бирав одново, пак ќе беше ти, секогаш ти. Едноставно ти си мојот столб, мојот дом. Те сакам, си знаеш.
Леле постов Душа ми се топли кога ќе видам луѓе кои се толку години заедно и уште си се сакаат и си се чуваат. До стотка да терате заедно.
Кај си сега да си ги ,,мериме"? Те изедов за доручек ,лепи громе мој .... ... Сето кочење и газење од твоја страна ,ми даде сила да те прегазам . Па кажеее- није мене душо убилооо...
Да те гушнам, бакнам, да ти го осетам мирисот и отчукувањата на срцето... еднаш барем злато. Ти го кажав и ова, се ти кажав не оставив ништо некажано... Знаеш што? Осеќам, страшно осеќам дека еден ден ќе застаниш пред мене...незнам на кој начин ама еден ден ќе ги видам тие темни очиња што ги гледам секој ден на слика... таа сликата што ми ја прати тој ден, и една друга... со најблагата насмевка на светот... што ми направи ти? Пепел станав...
Само ти ја имаш моќта, да ме растреперуваш и истопиш ко путерче со секој твој нежен збор. Како ли да опишам што ми поминува низ телото, кога ми ги упатуваш најслатките зборови.. Мене уште не ми се верува како до волку може да сме исти, и не е за чудење тоа што не можеме да дишеме еден без друг. Благодарна сум што си толкаво сонценце, кое ме поддржува во се', и се грижи за мене 24/7. Најпосебен си бе златичко, ваков третман само од тебе имам добиено, и го ценам бескрајно тоа.
Незнаеш да се бакнуваш, по тоа разбрав дека навистина сум ти прв. Инаку мене катастрофа ми беше бакнежот, те излажав, ама ти уживашее. Ќе те чувам најмногу, нема никогаш да осетиш колку многу ми фали.