Колку слични очи сте имале... Дури и така од блиску сликани под убаво светло ја имаат истата зеленкаста нијанса како нејзините...
Korak tvoj u meni pali alarme Ti si ta u glavi, glasovi mi galame Zvezdama solo kratim repove Nisam spreman da se dam, a ni da dam te nekome Na pogrešnom si mestu našla malo ljubavi U pogrešnom čoveku znak sigurnosti A šta će tebi moje laži s pola istine? Takvi kao ja odu kada vole najviše. Колку се пронајдов во песнава... Не сакам да си одиш од мене, а знам дека нема доволно љубов во моето срце за тебе.. Колку само глума има во секое мое однесување, само за да не го забележиш тоа.. Се трудам да те засакам, извини што не можам.
Има нешто во тебе што не можам да го објаснам, а не мора ни да го разберам оти доволно е само што го чувствувам. Ти не си само дел од мојот живот, ти си она што го прави животот жив. Секој твој поглед, секоја насмевка и допир ми буди нешто што тешко можам да објаснам со зборови, не се објаснува колку и да сака човек да пренесе, но точно знам дека е љубов, искрена, длабока и вистински моја. Ми недостасуваш и кога си тука само затоа што секогаш сакам уште една силна и цврста прегратка, уште еден поглед, допир и бакнеж. Ти си мисла што ми шета во главата додека другите зборуваат, и тивка радост што ми се вселува во градите, во белите дробови кога ќе се сетам на тебе и кога ќе вдишам воздух. Мој мир, мое засолниште и мој дом, ти. До последен здив, твој
Ќе ја повредиш батка... ако неможеш да ја сакаш ќе ја повредиш Ова болеше, кога го прочитав како нож во гради ми дојде... ме отру и тој мене...незнам што ми направи ама ме отру Ќе умрам од тага... деновиве ми се шетаат низ глава твоите зборови: "ќе бидам тука", "добра ноќ, убаво да нанаш" веќе не спијам злато, откако овие зборови не ги читам ниту ги слушам не спијам. "Што сакаш да танцуваме?" Па описот на тој танц... тоа мало слатко зборче како што ме викаше...нема да го кажам... само мое нека е... ми фали гласот твој. Рече: " не ми го бива гласот" грешка! Тој глас ме оживеа мене, толку топлина никогаш не сум почувствувала... "твој" рече "твој, твоој" баш вака... Господе, што ми направи ти мене? Зошто ме уби вака? Ќе умрам од тага...
Се плашиш ли уште кога грми? Од преска си го спомнувам твоето име и кажувам "не се плаши ако грми и кај тебе ќе помине за брзо". Те теши ли тој како мене да не се плашиш? Знае ли воопшто и дека се плашиш?
Ти имав речено дали навистина си реален ти, пошто не ми се веруваше дека може да постои некој како тебе.. Денеска некој волку искрено, чисто и невино, детски да сака.. Тоа си ти, затоа си ми толку посебен. ❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️ Фала најфала што постоиш, и што ме пронајде мене. Често ми збориш дека камо порано да сме се запознаеле, но ние кога се запознавме ко да имавме чувство дека цел живот се познаваме. Одма те осетив за близок, за мој За сеа, конечно да сме едно И фала ти што ме правиш да се осеќам исполнето, посебно и најспецијално. Поим за љубов си ми
Среќата беше посилна од мене во тој момент што со среќа вчера истрчав по скалите во теретана насмеана. Уффф.. само да не се заљубам Многу ме усреќи вчера неможам да ги заборавам твоите постапки,твојот поглед ми го разубави денот фала ти
Никогаш претходно не сум била опкружена со толку многу луѓе, и истовремено никогаш претходно не сум се чувствувала толку осамено. Толку контрадикторно а премногу вистинито...
Преубаво со поминав, иако ди лежевме и гледавме филм ( штета времето беше лошо), си зборувавме до доцна иако требаше рано да станеме
Ми текна сега на моментот кога ми кажа дека сум ти супер херој и се смеам така како луд од преска Уште по смешно ми е дека статусот на херој во твоите очи сум го добил само затоа што тргнав мачка од улица да не ја згазат Ама кој не би сакал да биде супер херој, ми фали сега уште одело И сега размислувам што херојско да направам кога ќе ми дојдеш
Сакаше торта да ти донесам... ќе јадам од твои раце или нозе или стомак или грб така рече... како бе око мое кога немаш храброст ти киндер буено да поделиш со мене... око мое, јас имав храброст за двајцата... Ја гледав твојата слика сабајле, ја зумирав... очите, усните, веѓите. Така ми се испушти да речам "око мое" а што почувствував да знаеш кога реков... топлина, топлината што за малце ќе ја заборавев... Косичката... да знаеш колку сакам да ти ја разбушавам еднаш, да поминам со прстиве низ неа...
Најмногу те сакам!!! Боже колку се приврзав.. дишењето е тешко коа не си ми во близина Немам никој освен ти злато мое, највредно нешто ми стана, и сакам да остане така засекогаш ✨️
Каков човек си ти? Не го очекував ова, навистина не го очекував.. Не сум јас човекот со златни срце, ти си со златно срце. После она што ти раскажав очекував да ме избришеш од животот истата секунда, никогаш да не сакаш повеќе да ме видиш, а ти што направи, не се ни налути рече "дојди да разговараме". Се виде колку не сакаш да ме изгубиш и колку сум ти важен и колку сакаш да ме прифатиш баш таков каков што сум. Се почувствува битно, сакано. Разговарав за се што ме мачи со тебе, се осеќав сигурно, со никој така нема разговарано за оваа.. Те прашав како можеш да ме тешиш, гушкаш, кога зборувам за неа, кога ти раскажав и знаеш се и никогаш нема да ја заборавам реченицата со која ми врати "Да те повреди некој зарем би заминала и не би ти ја лечела раната, од што се разликува раната која некој на душата ти ја оставил?" Ми докажа дека си вредна, да се борам и трудам околу тебе. Ми докажа дека навистина ако значиш на некој ќе најде начин да остане, за најтенкото гранче ќе се фати и ќе остане. Ќе го исполнам она што ти го ветив. Нешто во мене ми кажува дека овој пат направив вистински избор. Многу работи кажа што ми го допреа срцето, незнам попрво за што да ти се заблагодарам.. Незнам со што те заслужив. И преубави ти се ноктите што ги направи за да ме изненадиш, во мојата омилена боја. И мислам дека од ново ми стана таа омилена боја, овој пат поради тебе. И преубаво се гушкаш и преубаво ме галиш. Колку ти се меки и мали рацете.