Најмногу те сакам!!! Боже колку се приврзав.. дишењето е тешко коа не си ми во близина Немам никој освен ти злато мое, највредно нешто ми стана, и сакам да остане така засекогаш ✨️
Каков човек си ти? Не го очекував ова, навистина не го очекував.. Не сум јас човекот со златни срце, ти си со златно срце. После она што ти раскажав очекував да ме избришеш од животот истата секунда, никогаш да не сакаш повеќе да ме видиш, а ти што направи, не се ни налути рече "дојди да разговараме". Се виде колку не сакаш да ме изгубиш и колку сум ти важен и колку сакаш да ме прифатиш баш таков каков што сум. Се почувствува битно, сакано. Разговарав за се што ме мачи со тебе, се осеќав сигурно, со никој така нема разговарано за оваа.. Те прашав како можеш да ме тешиш, гушкаш, кога зборувам за неа, кога ти раскажав и знаеш се и никогаш нема да ја заборавам реченицата со која ми врати "Да те повреди некој зарем би заминала и не би ти ја лечела раната, од што се разликува раната која некој на душата ти ја оставил?" Ми докажа дека си вредна, да се борам и трудам околу тебе. Ми докажа дека навистина ако значиш на некој ќе најде начин да остане, за најтенкото гранче ќе се фати и ќе остане. Ќе го исполнам она што ти го ветив. Нешто во мене ми кажува дека овој пат направив вистински избор. Многу работи кажа што ми го допреа срцето, незнам попрво за што да ти се заблагодарам.. Незнам со што те заслужив. И преубави ти се ноктите што ги направи за да ме изненадиш, во мојата омилена боја. И мислам дека од ново ми стана таа омилена боја, овој пат поради тебе. И преубаво се гушкаш и преубаво ме галиш. Колку ти се меки и мали рацете.
Ми будиш таков мир, а истовремено и страшен немир. Многу прашања... Ќе си ја разголиш ли душата пред мене? Ќе ме скротиш ли ти мене? Ќе се стопам ли крај тебе? Брзам ли многу? Ќе ти се предадам ли целосно од старт? Ќе ми се предадеш ли ти мене? Ти ли си мојата сродна душа? Ќе бидам ли засекогаш твоето катче?
Да седиш до мене и само да те гледам. Ова нашево гледај но не допирај би било. Ако, јас би само да те гледам и гушнам... тоа спаѓа во допир ама гајле ми е, би те гледала и гушкала цел ден.
Да се надоврзам на погорното мислење во врска со очите: Ти ги обожавам и hazel очите, и долгите трепки Немаш кафени очи, hazel ти се
Таква ко шо си.. камо да имаше можност да видиш како те доживувам моментално.. Симпатична, добар сенс за хумор, емпатична си, возрасно размислуваш и dirty mind
..зашто сето е минливо и менливо, ама времето поминато со тебе дава друга димензија на смислата. Сето надвор од тебе е толку никакво, пусто, лажно. И многу ми е битно тоа што ние ќе си го кажеме, можеби некогаш е остро и знаеме да си се накострешиме - ама ми е многу помило од тоа што некој друг мисли и кажува (кој сака нека биде и што сака нека биде, слободно може да си почека). Ти си многу пред сите и ич не те идеализирам.
Би ти кажала дека многу те сакав... Ти ги обожавав тие твои кафени очи.. А колку беше заразен кога се смееше бе..и тука се заљубував уште повеќе.. Се навикнав да спиеш покрај мене..и сабајле во 10 за 5 за вариш кафе..видов дека не си покрај мене па станав да видам да не си во кујна.. За кратко ми се вратија настаните од вчера..се вратив во кревет и продолжив да спијам. Но душо..ти можеш колку сакаш да ме мразиш..иако јас само бев реална..го кажав тоа што ме мачеше..но јас тебе не сакам да те плукам..или да кажам дека те мразам...И ако те видам а невозможно е да не те видам..верувај ќе свртам од друга страна..и нема да имам баш никаков контакт со тебе.Мојот карактер не го знаеш.Кога ќе зацртам нешто тоа така и ќе биде.. И за крај...јас само ќе ти посакам среќа понатаму во животот.Нека се ти биде како што сакаш.Сум имала убави денови и моменти со тебе и ќе ти кажам ФАЛА ЗА СЕ.
12 години, а можеби и повеќе..Дури и времето го оставив колку долго помина а јас се уште размислувам како си ти..Немав никогаш близина со тебе, преку лето, кога доаѓав на поседок ти беше со твои другари, а јас секогаш гледав оддалеку и секој пат кога ќе те видев треперев. Те сакам тивко, оддалеку, со сето мое срце. Не можам да сакам никој друг можеби поради тебе или можеби затоа што се уште не сум почувствувала љубов од никој друг. Честопати, доцна навечер, размислувам како можеш да сакаш толку, а да знаеш толку малку за него? Дали љубовта ми е фантазија сонување совршени слики и потоа се вљубувам? Ми изгоре срцето ми изгоре и душата уште моето тело е видливо мисламмм јас сум спремна и тоа да изгори но само ако твојата кожа, твоето тело е над моето и така да изгорам. Хахаха ете јас постојано те фантазирам. Почнаја постојано да ми велат време ти е да најдеш некој… ајде кога мажачка… имам едно дете многу е мирно.. и така почнуват и стројници да ми одат. И јас и покрај се, пак излегувам по улиците со надеж да те видам со твојата девојка… да видам што таа добила, а јас никогаш. Иако ти никогаш не знаеше дека те сакам. Пробав да сакам, дадов шанса, но погрешив. На погрешна личност се обидував да отворам емоции. Некако и ме спаси ти да видам на кој му давам шанса ама од друга страна ме ослепи толку многу што не можам да најдам што сакам јас. Во страшно време сум, неколкупати се спасив и од манијаци мислев дека ќе изгубам надеж, дека ќе ги замразам мажите ама ти пак ме спаси некако си дадов надеж дека не се сите такви, дека постои некој кој ќе сакам. И еве и ова додека го пишувам срцето си го гледам како ми игра на пижамата мислам дека ќе летне и телепатски ќе ти пренесе дека јас на тебе мислам. Дете бев ајде детска љубов, но некако еве изгледа уште трае. Можам да пишувам уште само не знам дали тоа ќе има крај и дали вреди. Не знам дали вреди толку длабоко да се копам и да извлечам што уште мојот мозок размислува.
Ти благодарам за се.. Толку кратко време, а ме враќаш од мртвите. Ми покажуваш дека вистинската љубов не се само зборови, прегратки, бакнежи туку многу повеќе од тоа.. Ми покажуваш дека не е само на машкото должност да се бори и да покажува љубов и да биде подршка Едно нешто те молам само, ако сето ова ти е лажно, ако секој збор, секое ветување, секое те сакам, секое вечно ќе сум тука е лажно, или ако планираш да ме чуваш до тебе додека да најдеш некој друг, остави ме уште сега не чекај лудо да се заљубам во тебе. Те молам само на крај немој да испаднеш иста како неа, нема да издржам уште еднаш да поминам низ истото. Ама мислам дека има нешто поинакво во тебе, во погледот, во однесувањето не кон мене кон сите.. Ми даваш надеж дека овој пат се заљубив во вистинската личност.. Знаеш има нешто во тебе што неможам да го опишам.. Знаеш што ме воодушвува кај тебе, тоа што не манипулираш глумејќи жртва во секоја ситуација, не се разболуваш магично кога треба да разговараме за сериозни теми.. Едно време мислев дека е нормално тоа однесување, додека не те запознав тебе.. Те сакам, ќе направам се за да ти биде убаво покрај мене и да не заминеш