Кога и да те погледнам во очи, твоите очиња ми велат "дома си". Ти си дел од мојата душа, таму длабоко од каде што доаѓа мојата љубов за тебе а твојата љубов ме исполнува со топлина што ја имам во секој дел од мене. Секој миг поминат со тебе е како песна која не престанува да свири како оние нашите најомилените. Кога ги допорам и држам твоите нежни рачиња е исто како да го допирам сонцето, додекa твојата мека коса ме носи далеку во рајските градини каде што насекаде мириса на мед и млеко.. Те сакам
Не можам да опишам колку многу те сакам. Овие седум години поминавме низ толку работи, пораснавме заедно и види нѐ сега, ги чекаме нашите две принцези кои од нас ќе научат што е љубов и треба да ги водиме низ животот. Свесни ли сме што нѐ чека? Не знам, многу пати во последно време се прашувам со што те заслужив и иако имам измешани чувства кои ги препишувам на хормони, ми правиш бура од емоции со кои не знам како да се справам. Те сакам, тоа со сигурност го знам, те сакам со сѐ што имам и ти ветувам дека ќе те сакам засекогаш!
Хахахахаахахахах пати,умри! Одамна не ме занимаш веќе сега можам само да ти се смеам. Го чекав овој момент кога ќе ти се смеам и етего си дојде по година дена.
Едвај чекам да ти биде роденден и оваа песна да ти ја посветам, штета што нема машка верзија. Мислам дека повеќе од тебе се радувам за роденденот. Ама прв роденден е што го славиме заедно, ќе ти го направам преубав ќе видиш.
Колку би било убаво да ме гледаш како што јас те гледам тебе,но не ме ни погледнуваш. А јас патам и го молам Господ да те извади од мојата глава.
Како што ми работи интуицијата ,знам дека не ти излегувам од мисли ,само зошто е така тоа не ми е јасно ?
Ми годи искрено да ти кажам, ми годи што си толку грижлив кон мене Сакаш да ми е убаво мене, а со тоа и тебе. И знај дека многу го ценам тоа Го ценам сето тоа што го правиш за мене, единствено јагне мое
Среќо..не знам дали ќе го прочиташ ова.. Ама после 2 недели држење лутина во мене сега ќе ти кажам една работа.Ти простив за се.Џабе ќе држам лутина кога само себе си наштетувам вака.Не сум опседната со тебе.Само едноставно КРИВО ми е за начинот на кој раскинавме.Значи те сакав и заради тоа гледав да бидам толерантна и мислев ајде ќе се смени нешто..ама ти абер немаше да помислиш на тоа друг како се чувствува освен што мислиш на себе и своите потреби.Збори што ќе збориш за мене,навредувај ме..шири лаги..ама веќе мене не ми е гајле-јас нема да се спуштам на тоа ниво и јас да дигнам глас па тебе да те навредувам пред сите други..Јас ти простив и сега ќе се посветам на себе да станам подобра личност и на тоа да си најдам некој кој ќе ме сака и прифати таква каква што сум.Животот продолжува понатаму. Биди добро,чувај се и ти ја посакувам цела среќа на овој свет.Од мене толку и веќе никогаш нема да бидеш спомнат ниту овде ниту пред било кој.