Ми годи искрено да ти кажам, ми годи што си толку грижлив кон мене Сакаш да ми е убаво мене, а со тоа и тебе. И знај дека многу го ценам тоа Го ценам сето тоа што го правиш за мене, единствено јагне мое
Среќо..не знам дали ќе го прочиташ ова.. Ама после 2 недели држење лутина во мене сега ќе ти кажам една работа.Ти простив за се.Џабе ќе држам лутина кога само себе си наштетувам вака.Не сум опседната со тебе.Само едноставно КРИВО ми е за начинот на кој раскинавме.Значи те сакав и заради тоа гледав да бидам толерантна и мислев ајде ќе се смени нешто..ама ти абер немаше да помислиш на тоа друг како се чувствува освен што мислиш на себе и своите потреби.Збори што ќе збориш за мене,навредувај ме..шири лаги..ама веќе мене не ми е гајле-јас нема да се спуштам на тоа ниво и јас да дигнам глас па тебе да те навредувам пред сите други..Јас ти простив и сега ќе се посветам на себе да станам подобра личност и на тоа да си најдам некој кој ќе ме сака и прифати таква каква што сум.Животот продолжува понатаму. Биди добро,чувај се и ти ја посакувам цела среќа на овој свет.Од мене толку и веќе никогаш нема да бидеш спомнат ниту овде ниту пред било кој.
Мислев дека е љубов.. Мислев дека ќе успее.. Мислев дека си ми мир после сите бури... А кога ме разочара беше прекасно да избегам веќе едно пиле зависеше од нас. Сега 80 % од работите се поинакви но џабе е разочарувањето виси над нас.. Џабе е кога сме како цимери кои освен,,службено " не разговараат.. Жал ми е што се излажав себеси.