Колку неодоливо слатки сме искочиле на сликите бе Знам дека и ти само ги гледаш постојано, а јас се опседнав со нив.. Тек сега забележувам колкава е навистина неодоливоста и колку дошла до израз сета љубов што ја имаме во нас Сакам да може да се задржи блискоста и поврзаноста вечно
Нешто кое никогаш нема да го дознаеш е дека кога гледам во твоите очи, мојата душа посакува да имаме наше сонце, со твоите очи. И не едно.
Никогаш нема да ти кажам ,ама засекогаш ќе остане да се мислам што ќе беше од нас.. И секогаш кога сум разочарана од својот избор помислувам на ова а потоа ми текнува како заврши се.
Од сегашната временска дистанца кога погледнам можам слободно да кажам,не "I dodget a bullet " туку " I dodget a nuclear bomb" фала на Господ што се спасив ауу каде ли ќе ми беше крајот со таква жена како тебе, Wooooo
Не дека би му кажала навистина, затоа тука ќе пишам. Го следев летот цели два часа. Ваљда тоа е љубов. И ќе го следам и враќањето.
Толку многу места, толку малку време во животов... Се надевам во некој нареден ќе го имаме истиов bucket list.
Колку си само убав, не знам каков наплив на лудост ме натера синоќа да гледам слики од тебе ич не сум сум пристрасна што го кажувам ова, знаеш дека пред тебе не сум видела поубав, и после тебе тешко....само еден ти парираше во убавината, ама и тој се покажа дека е ѓубре, идиот Заклучок: Физички преубави и двајцата, карактерно-најголеми гадови кои емотивно ме осакатија за два животи Број 1: Не те сакам ни 1%, редно беше после долгите години мачење да те заборавам, ама ете ти влегов во профилот и што ако Број 2: Сакам да те видам, да ме гушнеш како само ти што умееше, ама знам дека е невозможно..... Нема да кукам ајде, животот продолжува
Многу било убаво да си сакан, ама онака искрено од срце. Сум осетил како е јас кога сакам ама изгледа никогаш не сум осетил некој да ме сака. Ти благодарам што ми покажуваш што е љубов и како изгледа кога некој е со тебе поради тебе, а не од користи.
Колку и далеку еден од друг да не однесе животот секоја вечер гледаме во иста месечина, онаа иста месечина од пред 4ри години најголемиот сведокот на нашата огромна љубов. Ниту километрите, ниту луѓето, ниту инаетот, ниту било што да се случи во животот неможе да го прекине оној невидлив конец кој што поврзува две срца кои што чукаат едно за друго, долг е тој конец до бесконечноста.
Те преболив, знаеш? Тебе, човекот за кој животот ќе го дадев. Скоро и да не те спомнувам сега. Одвреме навреме знае да ми прелета некоја меморија од тебе. Како носталгичен мирис од детството или песна која не си ја слушнал со години. И знае да ме здрви на момент, но тоа е сѐ. Потоа нормално продолжувам со денот. И напредок е, бидејќи до пред една година знаев во рандом моменти да се скршам и плачам, особено кога се приближува месецот на нашето последно (и прво реално) лето. Не знам дали некогаш повторно ќе те сретнам во овој живот, но тоа е ок. Сега си само еден спомен. Една заздравена лузна на моето срце која одвреме навреме ја погледнувам случајно.
Кога би ти кажала нешто би ти кажала само на тебе. Би ти кажала:"ти го имам меракот...сакам да ти го разгледам профилот на фејсбук, зошто не ја прифатиш понудата за пријателство што ти ја испратив иако знаеш дека сум јас, зошто не ми пишуваш ништо, како се воздржуваш да не ми напишеш ништо, нели ти се пишува со мене...раскажи ми го твојот љубовен живот, интересен си ми и убав раскажи ми за твоите омилени нешта и покрај агрономијата само кажи ми уште која држава ја сакаш многу".