Не ми треба многу за да бидам среќен, верувај. Твојата насмевка ми е доволна и кога те гледам со насмевка, за мене тоа причинува радост. Не мора да кажеш ништо, доволно е што постоиш, и што си моја. Љубовта кон тебе не е само чувство, туку одлука која ја носам со целото срце, разум и душа. Ти си дел од мојот живот што го прави целиот свет за мене поубав и посмислен. Твојата топла прегратка и твоите меки рачиња се мој дом
Ти си едно прекрасно суштество шо ми внесе многу мир, спокој и љубов во животов мој. Ми даваш мотивација уште повеќе да се трудам и да те усреќувам.
Во мојов живот внесе многу свежина, без резервна поддршка, доверба во мене, радост и разбирање.. Кажи ми како да не те изедам утре?
Се сеќаваш ли… или само јас ги чувам тие слики во главата? Седевме на твојот балкон, тивок ветер ми ја разнишуваше косата, а од некаде далеку доаѓаше звук на виолина. Во едната рака пелинковец, во другата пура… и она чувство дека времето застанало. Те гледав, а чадот меѓу нас се мешаше со твојот поглед, со онаа твоја мирна сигурност. Пред тоа се лулавме на лулашката, доцна, кога градот веќе спиеше. Улиците празни, а ние – двајца како од некој филм што никој друг не го гледа. Кај тебе дома… секој детал уреден, секоја боја избрана да зборува за тебе. Неутрални тонови, големи слики, часовници што отчукуваат како да мерат некое друго време. Телескоп свртен кон ѕвездите, украсите со костурски глави, кожните палта, ракавиците, мартинките… Сè тоа си ти. Еден свет што не личи на ничиј друг. За таков тип зборувам. Ти си тој. И колку и да беа ретки тие ноќи, тие се оние што остануваат – тивки, силни, и премногу живи за да избледат.
Не постои нешто послатко од тебе на светов , значи колку многу те сакам не си свесен толку време живееме заедно а јас секогаш кога ќе станам се радувам што се будам покрај тебе е тоа е љубов
Од твоето мирно катче, остана само измачувачка тишина. Разговори на пола оставени. Зборови недоречени. Прегратки што болат. Солзи што сами течат. Каде ли се изгуби тој ентузијазам, таа внимателност, твојата нежност?
Многу си мало и слабо, треба повеќе да јадеш. Незнам како издржуваше со толку малку јадење. Секоја месец нова дупка на кашиот ќе правиме? Ако продолжиш вака за брзо три пати ќе го замоташ тој каиш околу тебе. Мораш малку да слушаш и повеќе да јадеш. Ако не почнеш сама да јадеш како што треба ќе ти доаѓам дома по 10 пати на ден и со сила ќе те терам да јадеш.
Се навраќам по сто години на тебе .Да не те сонев немаше да ми текне дека постоиш.Сега се каам што тогаш те пуштив блиску до мене ,знаев оти ќе зажалам но тоа беше единствениот начин за да сме заедно.Си одговаравме и бевме среќни што мислам дека од тоа би било уште поголема врска и љубов.
И додека се борам со повредата од теретана, во моменти кога болката ми ја краде мотивацијата, кога телото ми попушта и целиот притисок кој го чувствувам дека поради подолго опоравување ќе почнам да губам на мускулна маса, сила, снага и енергија, твојата поддршка ми ја враќа вербата ❤️ Можеби повредата ме сопре во теретана, ама не и во животов, затоа што имам девојка како ти, девојка што стои зад мене. Без тебе оваа пауза ќе беше многу потешка.. но, затоа ти си мојата најсилна мотивација и ветувам ќе ти бидам добар а јас си ветувам на себе ќе се вратам уште поуспешен ❤️