Ќе направам се што е во мојата моќ за сите соништа да ти се остварат. Сакам да знаеш дека се ќе биде во ред. Ти многу направи за мене и сакам да ти возвратам.
Кога би нашла зборови да искажам се. Како во сон бевме сплотени еден до друг, со нетрпение ја очекувавме нашата средба, срцата ни трепереа. Магија, таа се распука низ светулки, времето и небото ни застана. За миг, најубавата средба за мене, на аеродромот кога ме пречека, кога ме прегрна, чувствувајќи ти го мирисот, допирот, телото кое ти трепереше, насмевката, очите кои ти светеа. Познав дека ме сакаш, срцето ми шепкаше, се смееше гласно но топло. Многу те сакам, премногу. Те носам во себе тајно моја... иако... патиштата ни се разделија.
Ти велев дека со тебе сум најсреќна на свет, дека само ти ме радуваш. Те лажев, се лажев себе, некогаш свесно, некогаш несвесно. Нашето беше се, само среќа не
Душа си, ти благодарам што ми покажуваш што е љубов. Изгледа дека уште многу, многу ќе се заљубам јас во тебе. Слатко си и милило и многу ми фалиш Ама уште неколку дена Едвај чекам да си ми блиску
Преубаво спиеш Толку убаво што трета вечер ќе заспијам така гледајќи те како спиеш, затоа што не сакам да заспијам сакам цела вечер да те гледам Толку си мило што ми доаѓа да ти шепнам "многу слатко спиеш", ама не сакам да те разбудам. И знам дека и утре ќе станам пред тебе за да те гледам како се будиш. Искрено мило ми е што дојдовме тука, се опушти ти многу многу покрај мене. А искрено мило ми е и што малку се исплаши од темното инаку никогаш немаше да се предомислиш и да спиеш до мене Спикај си ти, а јас ќе те гледам како мило спиеш додека си ми во прегратка Со стрв ти го пишувам ова да не те разбудам, ама морав, ако не го пишев ќе беше веќе разбудена за да ти го кажам
Дали нашата љубов ќе трае или е осудена на пропаст? Времето ќе покаже што понатаму. Се сакаме и се мразиме. Не можеме еден без друг, а не можеме ни заедно. Колку што има работи кои нѐ поврзуваат, толку има работи што нѐ оддалечуваат еден од друг. Само времето ќе покаже дали нашата љубов ќе тра мие или е осудена на пропаст.
Подглавје - Расплет Во неговото срце постоеше само една љубов-онаа за себе. И кога денот ќе заврши, и кога се ќе се стиши, и покрај милион луѓе, постои само он за себе. Жртвите се секогаш паметно селектирани. Отровот од неговиот допир останува под кожата на жртвата со години. И скоро и да не поминува. Ќе помислиш на вина, страв, тага. Но никогаш на љубов, бидејќи таквите луѓе не знаат за љубат. Се минува. Се се менува. Така и јас. И таман помислив дека има сеуште отров, се прелажав. Под мојава кожа нема ни вина, ни страв, ни тага. Најважно, нема ни љубов. Бидејќи никогаш не ни имало. Каква хистерија... Се будиш еден ден, отвораш очи и сфаќаш.
Со таа бедна твоја слика на лицето,можеш да ми предизвикаш само сожалување.Изгледаш бедно ,мизерно ,дно дна .Добро што не се вљубив во тебе да не страдам сега кога гледам со кој сум си имала работа.