Со таа бедна твоја слика на лицето,можеш да ми предизвикаш само сожалување.Изгледаш бедно ,мизерно ,дно дна .Добро што не се вљубив во тебе да не страдам сега кога гледам со кој сум си имала работа.
Како времето поминува така се повеќе сфаќам - фала му на Господ што на време ми покажа каква личност си уствари, иако имав сон со тебе да го поминам животот..
Некој чекал, чекал и начекал. Друг, чекал, чекал и умрел. Јас чекав и не начекав, така да играјте си на сигурно, не се заебувајте како мене, терајте ги у три лепе на време, бидејќи ако ве сакаат и почитуваат, ќе нема потреба да ги чекате.
Точно...го доживеав и јас ова... да му значев како што велеше имаше шанси да дојде милион пати досега. Повеќе нема ни една...
Помина толку време и не сме се виделе долго долго. И пак вчера се стаписав, едвај ти одговарав на прашањата и дефинитивно оставив впечаток дека не сум заинтересирана, а всушност сум? Ние ништо не сме. Не сме ни биле, а пак бев љубоморна на девојчето до тебе? И мислев дека си заинтересиран, а сепак после разговорот сфатив дека не си? Да или не? Гатанка што се врти во мојата глава веќе пола година, а овие твои мешани сигнали не ми помагаат во нејзиното решавање.
Никогаш нема видено очи како твоите. На прв поглед мислев дека се исти како моите кафеави, само посветли. Но колку подолго гледам во нив, толку повеќе се губам во чудото што го носат. Кога се добро осветлени добиваат прекрасна боја на карамела. Кога ќе се доближам и погледнам одблиску гледам мала нијанса на зеленка боја. А кога гледаат во сонцето добиваат прекрасна зелена боја. Имаш најпосебни очи. И секоја боја на тие очи ја обожавам, само една не, онаа што ја добиваат кога се тажни. Ама сепак најмногу што ми се допаѓа во тие очиња не е погледот, туку начинот на кој гледаат во мене. Никој не гледал во мене на начинот на кој што ти ме гледаш, дури и кога не си покрај мене често си го пуштам видеото што си го снимив за да гледам како ме гледаш. Те сакам и премногу ми фалиш кога треба да учиш за испит.
Не се грижи се ќе биде многу убаво ти ветувам. Знам дека за се паничиш, ама јас сум до тебе, не се плаши за ништо. Спикај си мирно, верувај ми.
Колку си ти прекрасен не можам да поверувам дека постои нешто толку прекрасно ко тебе после толку време заедно се сакаме како и на почетокот, колку се радувам кога луѓе ни кажуваат дека не знаат за позаљубен пар од нас
Е*и се!!! Ја научив лекцијата. Со тебе? Никогаш повеќе. Многу ми е криво што си дозволив на овие години, да се однесувам како заљубена тинејџерка. Ти не заслужи ама ни 1% од мојата љубов, од моето внимание, од постојаната грижа. Не сакам да те сретнам никаде повеќе, ете до толку ми се згади.
Кажуваш дека го сакаш, а потоа си заминуваш, му кажуваш „Јас и ти против сите“, но го оставаш сам Зборуваше за комуникација, но не разговараше со него во тишина, едноставно реши да си заминеш. Дали навистина го сакаше или само го сакаше фактот што ти посветува внимание и почит? Зошто му ги отфрлаше мислите кога го остави сам? Тој се грижеше за тебе, а ти го отфрли. Тоа само го учи дека никој нема да сака некого како него. Ќе стане бездушен и себичен и сè за цената кога повторно ќе почувствува нешто добро. Ќе размислува и ќе си оди за глупави работи од страв да не биде повторно оставен. Не можеше ни да кажеш ништо прво.Беше се за тебе а ти само замина денес беше сведок на настан на кој не веруваше на своите очи не веруваше на зборовите кои ги слушапе од нив девојко јас и денес сум ти верен поверен од него а ти Едноставно ме игнорираш откако ми кажа дека нема да функционира. А сега замислувам како функционира со него ???