Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.906
    Допаѓања:
    16.085
    Пол:
    Женски
    Со тебе се чувствувам слободно и лесно како птица, летам исто така како тогаш на лулашките коа земав залет, а ти го набљудуваше разиграното дете во мене :inlove:

    Не само што го разбуди детето, туку целосно ме оживеа и преобрази во многу многу повесела и поведра личност, личност која во моментот вистински ужива во секои мигови со тебе, се радува, и умее да ги сподели нејзините емоции и чувства :sun:

    Во миговите кога ќе земеш да се пикнеш како некое маче во мене, да ме гушкаш без престан и ме 'ручкаш', :lol: навистина ко на некоја друга планета да сум, далеку од се' и од сите, таму каде што се' е бајковито. :inlove:

    Леле па коа ми рече какви очи сум имала, и јагнешки поглед, :inlove::inlove::inlove::inlove::inlove: премило ми дојде и ми доаѓа секогаш. Ненормално топење осеќам, како коа ќе си пукнеш од среќа и милина. :inlove:

    Сонц, да продолжиме да сме вака мили и слатки, да се држиме постојано еден до друг, зашто си припаѓаме на нас. :l:

    За ова и се' живее, да си ја пронајдеш твојата смисла на живот. :*: