Од цел реферат што го напишав и го избришав, само последното го заслужи! Проклет да си... за секој страв што го остави
Неможам веќе многу ми фалиш, премногу на секои 5мин проверувам порака дали има и дремам на телефон и чекам кога ќе правиш пауза од учење и на крај ми заспиваш. Едвај чекам да ти завршат колоквиуми и испити, едно да ми се одмориш друго да поминуваме пак повеќе време заедно. Ама ќе те грабнам утре цел ден ќе те држам со мене ми фалиш што да правам.
Не знам како можеш да оставиш некој толку рамнодушно, како да ти бидам рамна линија кога ја животов го давав за тебе, кога тебе те ставив пред себеси
Ти си ми баш позитива во животов мој и во 2026 сакам да си останеме вака ко што сме, многу сум среќен.
По толку време,мислам дека уште те сакам,ама поминуваме низ криза,нели вчера ќе се РАЗВЕДУВАВ,денес ме предомосли,утре ќе заборавм скроз.
Бебуле, тука сум да ти кажам повторно и повторно колку сум благодарна што ми го разубави животот, светла точка ми стана, ти ми стана апсолутно СÈ. Ти благодарам за секој момент во кој се осетив дека сум најсреќната и најсаканата девојка на цел свет. На таков нежен начин ми искажуваш колку ти значам, можеш на многумина лекции на тема љубов да им држиш. Како летна времево за миг, не ми е уште реално, ко вчера да беше коа мечтаевме како ќе си се дружиме и планиравме дека ќе имаме безгрижно лето во кое уште повеќе ќе се зближуваме. Сега, за нашава приказна започнува една нова етапа полна со предизвици, но знам и верувам дека ова би нè зближило уште повеќе. Ме знаеш мене, знаеш многу добро како дишам, кај можам ова одма да го прифатам, емотивно ќе си реагирам некое време, мислиш крај на светот дошло, ама таа сум.. Божем ќе спиев, аа важи да.. Пак слушам цело време тие тажните меланхолични песни, не можам да сопрам, совршено ми одговараат на ова што го доживувам длабоко во мене Чувства се у прашање, емотивноста на макс.. И не ме карај што уште дремам будна, ќе се потрудам ајде да легнам, би требало утре да е подобро.. Те сака сонцето твое
Не сакам да ти пишувам! Во приватна порака веќе никогаш... заврши тоа. Ни овде не сакав, ама нека ми излезе уште ова од душата, како последна искра за крај, искра што ќе те одведе во заборав. Онаа искра од огнот што ќе остави пепел... а пепелот е ништо... Не заслужи! Ни една солза, ни еден убав збор, ни една неспана ноќ, ни една желба, ни едно губење воздух, ни едно трепарење на срцето, на рацете... ни еднаш да бидам искрена...не заслужи од мене ништо! Затоа што не ти беше важно... во ниту еден момент не ти беше важно Јас душата ти ја дадов а тоа е повеќе од сите тие што ти го дале телото... некоја може телото да ти го даде сто пати а ниту еднаш душата. Ќе ги нема веќе моите искрени пораки полни со чувства... знаеш тие глупави пораки, такви беа за тебе... Жена како мене сака само еднаш на тој начин, нема реприза... Одлучив да те чекам еднаш, да бидам твоја, сега одлучив никого да не чекам, да бидам само своја. Велат, нема почиста емоција од чекањето... нема, вистина... Ако чекаш некој на кого барем малку на некаков начин му значиш чекањето е дури и среќа... за мене беше отров! Отров што ти ми го даде! Arrivederci tesoro...
Мислев дека си поинаков од другите, се надевав на човечност и фер-збогум... Мислев дека искрената емоција нема да ја плаќам сеуште, со камата од невидлива бол, мислев дека ќе заборавам, ама не успевам.... тука си сеуште, низ фрагментите од сеќавањата ме бркаш и не ми даваш мир, ѓаволски ми се насмевнуваш и се губиш треперливо во спомените... Те молам оди си од срцево засекогаш, сигурна сум дека ме заборави истиот оној ден кога една ветерница уморно, но исправено стоеше во пустата, штура долина, а студениот северен ветер безмилосно ѝ ги придвижуваше перките.... ѝ вдахнуваше живот од кој таа се откажа....
Зошто не ме праша? Зошто не ми веруваш? Нели секој проблем меѓу себе ќе го решаваме? Не ми е гајле што си ми чепкалка и си ми проверувала по телефон, не кријам ништо се знаеш... Не ти се лутам, ама криво ми е само што го виде изненадувањето што го планирав, може и тоа што го криев се посомнева, ама можеше да прашаш.. Толку време го планирав.. Нема врска ќе смислам друго, ама џабе е веќе нема да биде изненадување кога знаеш нема да се израдуваш исто како кога не би знаела.. Можеш да ме прашаш мене, а не да ме проверуваш поради сомнежите на рандом другарка и нејзини совети.. Те сакам премногу и реков нема врска , ама не ми е се едно, повеќе затоа што толку лесно можеш да се сомневаш и не ми веруваш, а и за изненадувањето малку... Навикнат сум немај гајле.. Се надевам дека во иднина нема да дозволиме 3ти лица да ни се мешаат и да ни влијаат на врската, ми значиш без разлика на се.
Ако можеш да седнеш и да ги смириш работите со него,супер. Но,мила моја,ако не бива животот оди понатаму.Не знам што и како се случило. Но еве ќе ти цитирам една убава мисла:Што и да ти се случува во животот,продолжи да одиш.Ако застанеш,ти застанува и животот. Се ќе помине.Ќе те боли,ама нема паѓање,дигни се и продолжи понатаму.Ова истово и те како го имам почувствувано.Ама и ми одржа лекција.После него еве 6 години,никогаш повеќе не заплакав и не западнав во тешка депресија за друг маж.Кога може некој без мене,зошто да не можам и јас без него?
Не ме боли што сме разделени, ниту пак кога замислувам како продираш во друга и сеедно ми е што се будам сама, не ми пречи што дланките празни ми се дур чекорам. Не ме боли што мирисот ти избледува, ниту гласот твој ми недостасува, не ми се стега утробата од секој што наликува на тебе и не, не ме боли што никој не ми шепоти дека ме љуби. Не ме боли што ме нарекуваш проклета, ниту пак ме болат вљубени по улица, срцето ми е мирно дур им ги гледам бакнежите и не забрзувам за да ги одминам. Не ме боли што сум ти дала, ниту ме боли што си ми зел, не чувствувам ништо кога твои дребулии по станов ќе најдам, ниту кога скриена порака од некоја книга ќе падне. Не ме боли што ме болеше многу, впрочем така пишано беше, ниту телово, твоето го бара повеќе, а и вкусот не ти го помнам веќе. Не ме боли што сум осамена, виното можам и сама да го пијам, одамна танцувам без да сум во нечија прегратка, а неретко и сама со себе си зборувам. Некако....ништо не ме боли, ништо од она што бевме заедно, од она што посакувавме, а знаевме дека не можеме да бидеме. Ама ме боли што ми умре љубовта, што те отсакав ме боли, ме боли што ми свена се’ што со тебе ми цутеше, како дел од себе со тебе да закопав. Ете, тука ми е болката, тука ми е немоќта , тука тагата ми преспива...што те отсакав. И се прашувам...што сега?! сега ширум ќе го отворам прозорецот, некако како да чувствувам....насетувам, надвор ми мириса на среќа! Ана Бунтеска
Пријатно ме изненади вчера со тоа што ми го украси домот со новогодишни работи.. дете бев многу мал кога престанаа моите да украсуваат и на сета болка така си се тешев то време дека можеби ете не е за мене, не е битно ништо... а сега некако ме погоди во сржта, inner me... и ме израдува и тагувам како може да сум бил како старо-мало, наместо да имав детство ко и секое дете и да се израдува за нешто... Како и да е, ти благодарам премногу, ме правиш многу среќен, почитуван и имаш доверба во мене.