Благодарам што си мојата сила и мојата насмевка. Твојата добрина, трпение и хумор ми го прават животот посветол. Среќен сум што чекориме заедно, ден по ден. Те сакам.
Ми недостасуваш многу во овој краток период без тебе. Покрај тебе сум најсреќна и најспокојна, ти си ми мојот дом и најдобар партнер и љубовник и најдобар другар. Едвај чекам да се вратам во нашиот дом и на нашето секојдневие. Само да помине се ок и утре ќе ти се фрлам во прегратка на аеродром Те сакам.
Сакајќи те, сфатив колку едно срце може да направи се подобро. Те сакам затоа што со твоето присуство животот станува помирен, посветол и полн со смисла. Една година од како ја направив најдобрата одлука, а ти ми кажа да, оваа година ми беше најдобра во мојот живот, исполнета со храброст, соништа и чекори што ги направивме заедно. Ти се одлучи да го напуштиш познатото и да се преселиш со мене во друга земја, и со тоа ми покажа што значи вистинска љубов и доверба. Ти благодарам што ме правиш подобар, што ми даваш љубов и поддршка и што секој ден ме потсетуваш дека домот не е место, туку личност. А кога сум во твојата прегратка ништо друго не е важно, таму е мојот мир. Малку ми е само еден живот со тебе. Те сакам
Мислам дека повторно сме странци, но овој пат со спомени.Ти благодарам за се што направи за мене.Знам дека ќе ми недостасуваш вистински - твоето смеење и се што е поврзано со тебе.Ако никогаш повеќе не се сретнеме, се надевам ќе бидеш среќна во остатокот од својот живот.Благодарам.
Како ме трпиш јас не знам , пошто функционираме на далечина иако почесто е тука , го нападнав како пораки се ништо и допишување и ми вика добро ќе дојдам другата недела ,а јас му викам кој ти рече да дојдеш
Мислам дека ми станале малку клапести ушите од толку што си играш со нив. Ама убаво ми е така кога си играш, преубаво. Најако ми е кога ми ги пакуваш како подарок и секогаш се смееш и чудиш како ми се толку меки за да се спакуваат. И твоите се меки ама не можам до толку да ти ги мачам, плус боли после тоа а ако дознаеш дека боли нема да сакаш пак да ми ги пакуваш така, а убаво ми е кога те гледам како се радуваш.
Ти благодарам што си толку зрела, што ме почитуваш, сакаш и што сме среќни, да си продолжиме вака во 2026 и да постигниме уште некои цели што имаме зацртано. П.с многу се радувам што ова ни е прва Нова година заедно, и викендот одиме Метеора & Трикала
Го обожавам твојот хумор. Обожавам кога се смееме на истите глупости, како двајца тинејџери. Love ya so much.
Си ме барал, сум спиел. Ти ѕвонам моментално, сега па тебе те нема. Ако не е итно, ѕвони ми после пола саат, пошто сега ќе влагам да се туширам.
Фала што ми го упропасти првиот ден од новата година.. Али се смеам јбг. Која глупост еј не сме у врска само излегуваме, и тебе ти смета зошто во диското рандом играм и дечково до мене не снима сите и имаше дел од песната каде што вели jesi jebo onu malu и ја као дигам раци као незнам. Така ми дошло што знам, си уживав во моментот, незнам што требаше да правам на тој дел од песната.. да бегам?.. И ми вели не сум знаела да се понашам, зошто така сум изреагирала, сум давала акценет на дечково што снима, можел да се фали со видеотоо.. Као whaaat???? И ме блокира.. Океј..