Уште малку и ќе излезеш од кафезот, таман за утре и задутре празникот да те прошетам. Многу сакам кога ме гледаш така благодарно и кревко.
Бамби мој! Ми личиш на Бамби. Исти очиња имате. Ми доаѓа една идеја, да направам тетоважа, едно твое око и другото на срна.
Нека Бадниковата вечер го избрише сето она што сакаш да го заборавиш. Додека Божичното утро ти испрати Здравје, Среќа и Божји благослов !!!
Не знам дали ова што се случува е стварно или е само некоја заблуда, од која не сакам да се разбудам. Се ми е некако поинаку, помирно, потивко, а посилно од се што ми се случило до сега. Не се случи ништо нагло, тивко се вовлече во моето секојдневие, со разговори без крај, со погледи што зборуваат повеќе од зборови, со мали гестови што значат се... Има луѓе што доаѓаат со свој товар, со минато што не може да се избрише, но може да се прифати. А најубавото чувство е кога не мораш да се објаснуваш, туку некој те гледа и те прифаќа баш таква каква што си. Имаше моменти кога се грижев повеќе отколку што покажував, моменти кога срцето ми беше на едно место, а телото на друго. И сфатив колку некој може да ти значи, дури кога ќе се исплашиш да не го изгубиш, иако сè уште вистински не си го „имала“. Не знам каде води ова, знам само дека ми е убаво и дека ретко нешто во животот ме натерало да се чувствувам вака, како да сум дома, а сепак на непознато место. Можеби е сон, можеби е бајка... А можеби е само почеток што вреди да се чува во тишина и далеку од очите на другите.