Се е поубаво со тебе, и животот е поубав со тебе, и пицата, и кафето и ноќното возење со тебе има поубава смисла.
Ептен, ептен слатко звучиш кога кажуваш зборови на македонски, иако македонскиот не ти е мајчин јазик.
Се сеќаваш дека напишав книга со стихови , со емоции што не ми дозволуваше да ти ги кажам … И се сеќаваш дека ми ја врати кога ти ја подарив … Стихови кои излеваа несопирливо од мене … од немоќта да те имам , болката што те немам … и тие стихови ги снема … и трепетот на телото по тебе … и болката во утробата жедна за тебе … и емоциите во мене … ги барав верувај … ги барам и денес зошто мислам не знам како без нив … без таа темна сенка на градиве … теретот на грбот од самоказнување што си го изгравирав … и не е маж …. Не е маж што дошол и избришал се ова … не е маѓичен некој што можел да ми даде се што не сакаше ти… Надвладеа болката од твоите понижувања , надвладеа празнината од потребата да си тука кога те немаше , избриша се гневот кога ти ја барав раката - а не ми ја подаде …. Надвладеа и ги избриша сите тие емоции кои 8 години ми го заспаа телото , ми ја сакатија душата … Надвладеа не помирливоста да бидам третирана како неважна , невредна , иста како другите , да не речам и помалку од нив …. ете тоа надвладеало … ми шепоти мракот кој денови го прашувам како ли замина таа љубов што мислев смрт ќе ми е … како ли замина нечујно, тивко, како никогаш да ја немало - а ја имаше …. Ја имаше доволно за сите , премалку според тебе …. Замина и ја остави суровоста по која ќе те помнам само ….
Абе, ја и ти ко хероини од некоја серија Е не знаев дека ќе дочекам вака драматичен живот и драматична приказна Најинтересното е што тоа сама си го напраив, колку и да не сакав Денешниот ден буквално филмска сцена, иако awkward Секое лошо за арно да е. Наша работа е само да си се сакаме како и до сега Верувам дека допрва почнавме вистински да живееме
Многу е лошо кога ќе дојде моментот на разочарување и за се да ти биде сеедно,ама касно ќе сватиш само оди со главата во ѕид...
Многу ми е жал што уништи се уште на почетокот од друга страна пак среќна сум што уште тогаш го покажа своето право лице. Не знам како би преминала покрај сето тоа однесување треба да сум идиот после се' да добиеш шанса, тоа секако е невозможно но ете и покрај тоа успеваш да си ми драг и мил.
Sorry што на третиот наш дејт дојдов после гнетење шарска со кромидовини и не лапнав орбит. А и не жалам нешто претерано пошто заслужи и далеку полоша храна со оглед на тоа како сѐ се заврши.
Денес те сакам уште повеќе и уште посилно љубовче Душа најмила бе, предобар беше предобарррррррр!!!!!!! Не се ни сомневав во тебе знаеш И со здравје нека тe служи новата играчка Безброј убави заеднички спомени да си направиме
Од ден во ден се повеќе и повеќе ме уништуваш.. После ми велиш каде е личноста којашто сум била на почетокот? Моламм? Верувам дека уште би била таква, да беше и ти како тогаш. Велиш ми фали таа жена, ми фали тој среќен поглед, ми фалат тие радости... Можеби и мене ми фалат ама запамти дека од најневиното суштество ме претвори во ѕвер. Ти и само ти си виновен за оваа наша состојба. Како можеше да бидеш таков манипулатор, нарцис, а јас слепа цели 10год. Ми смета таа преголема посесивност, контролираност, љубомора, забрани. Не можам да дишам вака, зар не гледаш? Ме гушиш, имам тахикардии од тебе а веќе почна и да ми се гадиш. Не ги сакам твоите допири, иако некогаш умирав за нив. Готово е одамна само фали цртата да ја повлечеме. Не е ова живот ни за тебе, ни за мене, добро го знаеш тоа. Ти ги поклонив најубавоте години, не знам што значи ноќен живот, клубови, само поради тебе.. Ме оддалечи од сите, а јас глупа ти верував дека е заради мое добро... Секогаш ама баш секогаш ќе жалам за ова... До утре да пишувам, бема да успеам се да напишам... Толку многу ми прекипе од сите страни... Темава треба и во брак да ја има, камо да бевме во врска, камооо....
Колку пати сум помислила: " камо да можев да му раскинам, да беше врска" Последнава реченица ме потсети на мене.