Оф топик, ама што ви менува дали сте во врска или брак, наместо да губите време да напишете толкави реферати за некој што не го заслужува направете услуга сами на себе и одете си од токсичната средина. Што менува тоа парче хартија? Да повеќе постапки се од едно раскинување, ама тоа што сте во брак не значи дека ако ви е лошо треба да останете во истиот..
А тебе што ти менува да прескокнеш некогаш некоја тема и да си го задржиш твоето мислење за себе?! Не е до тебе пратена пораката, не мора да коментираш
Што и да се случи во иднина, ти секогаш за мене ке бидеш посебна, секогаш ке си ми окце најубаво, гушкалце нежно.
Колку и да мислам дека сум океј на моменти ми ствараш бес. Не сум бесна дека ти дадов 100 шанси затоа што тоа го направив за малото да те запознае како татко. Бесна сум што живееш како да не постоиме. Едно е да се разделиме ама да не се замараш за детето? Денес сме 18ти и само еднаш го имаш видено, не ти е срам не се чукнуваш во глава? Детето не е само за на профилна на инстаграм. Што мислиш, чекај нека го гледа оваа, нека се мачи сама, нека порасне детето секако нема да памти па тогаш ќе го гледам. Срам да ти е што мислиш дека 4000 се доволни, ни патики, ни чизми ништо што ти побарав. Па и уште се понижувам што ти пишувам да го видиш детето. Доста беше! И пак следното видување ќе голтнам, ќе се насмевнам пред него како да не ми се гади од тебе. Те виделе со друга, не сум бесна што си со друга, бесна сум што не одбрав сама да гледам дете сама. Бесна сум што имаш време за сите освен за син ти. Бесна сум што еднаш немаш прашано дали е добар или му треба нешто. Ти си дно дна од човек. Освен муабети и филмови нема ништо друго во тебе. Многу многу ти дозволив. Се надевам дека се ќе те стигне еден ден!
Откако влезе во мојот живот многу позитивна енергија внесе, расположение и животот ми го промени на позитивно, ти благодарам и те сакам многу.
И милион пати да ти се заблагодарувам малку е. Што и да направам за да ти се оддолжам - малку е. Да не беше ти периодов којзнае каде и како ќе завршев. Имаш сила кога јас немам. Човек над сите луѓе си.
Ми велиш дека ќе сум мислел лажеш намерно за да ти ги отварам работите, ама јас сум 100% сигурен дека не можеш да ги одвртиш, знам колку добро ги стегнав. Приметив дека секој пат пред да побараш помош за нешто ме бакнуваш и само најдов начин да си добивам гратис бакнежи.
Уште не ми се верува дека навистина ми купи мајмун. Се шалев јас дека сакам, ама ти благодарам Премногу ми се допаѓа, сладок е.