Не знам ни зошто токму денес ми дојде желба да ти пишам. Не е ни важно. Само знам дека одамна ја носам оваа тежина во себе, како камче што се тркала од една на друга страна и не ми дава да најдам мир. И цело време си велам: „Ќе помине, ќе го пуштам, ќе го заборавам.“ Ама телото знае кога нешто останало недоискажано. Можеби затоа морам да го напишам ова — за да го оставам веќе. Кога те запознав, не очекував ништо. Ама буквално ништо. Живеев во некоја моја брзина, во некои мои навики, и ти упадна таму неочекувано, без шум. Те приметив, ама не си признавав. Ти ми дојде како некоја топлина што не знаев да ја сместам, па ја туркав малку, ја пуштав малку, и така до недоглед. И не знам ни кога се случи да ми станеш важен. Само се фатив себеси како ми се стегаат градите кога ќе ми пишеш, или како се смешкам на глупости, или како не сакам да заврши некој муабет. Со тебе бев искрена, неконтролирано искрена, на моменти глупаво искрена. Некои работи ги кажував без да размислам дали треба, без да се кријам, без да глумам. И мислам дека тоа е она што најмногу ме исплаши — што не можев да бидам резервирана. Не можев да бидам ладна. Ти успеа да ме отвoриш на начин што ретко ми се случува. И баш затоа беше тешко кога почна да се повлекуваш. Го осетив тоа, пред да го признаам. Ме боли и денес што никогаш не ми кажа ништо директно. Ме остави да читам сигнали, да се лажам, да се надевам, да се прашувам. Ми беше тешко што тишината од твојата страна беше поголема од она што го имавме. И да — ме заболе што дознав од страна, не од тебе. Не поради егото, туку поради тоа што ти дадов дел од себе што не го давам на многу луѓе. Дадов доверба, смиреност, отвореност… а за возврат добив празнина. Не ти се лутам. Не носам гнев. Само носам едно мало жалење што не успеавме да си кажеме работи, наместо да останат во воздух. Сакам да знаеш нешто што можеби никогаш нема да го чуеш: сè што почувствував со тебе беше вистинско. И убавото, и тешкото. И не ми е жал што ми значеше. Дури и ако не беше од тоа што ти мислеше, мене беше доволно да почувствувам дека можам да отворам врата која одамна ја држев затворена. И целата оваа болка држи само затоа што некогаш ми беше убаво. Денес, кога го пишувам ова, не го правам за да те вратам ниту за да ти кажам „погреши“. Го пишувам затоа што сакам да ја тргнам последната тежина од градите. Сакам да пуштам сè. Сакам да си одам од ова чувство без горчина, без прашања, без недоискажани делови што ме глодаат. Ти посакувам среќа, вистинска. Мир во глава и во срце. Некоја со која ќе можеш да кажеш „ова сум јас“ без да бегаш, без двоумење. Некоја која ќе ти биде дом, а не пауза. И сакам да си ја најдеш, и да ти биде лесно со неа на начин што со мене ти беше тешко. Јас ќе бидам добро исто така. Со време. Со многу искреност кон себе. Со нови чекори што ќе ги направам без да ме влече нешто старо. Ова писмо е мој крај. Не твој. Твојот го направи одамна, тивко. И е во ред. Јас мојот го правам сега — со зборови, со вистина и со малку страв, ама со многу храброст. Фала ти што барем накратко ме раздвижи однатре. Фала ти и што ме научи каде не сакам да се враќам повеќе. И фала ти, за сè што беше – и за убавото, и за она што ме научи Ќе си одам понатаму. И ќе бидам добро. Ветувам. Спојлер @Sleepy превземено,ама сосема се пронајдов!
Викав дека најмногу ги мразам луѓето кои прекинуваат контакт од еднаш без никакво образложение. И станав една од нив. Од оваа гледна точка можеби требаше да ти објаснам, па макар и да ми се изнасмееше. Можеби ќе ми кажеше нешто што не знам, можеби ќе беше сериозен со мене, можеби ќе бевме во врска веќе? Сега кога не сме во контакт, те барам насекаде. Таква кола како твојата ретко е да сум ја забележувала пред да те запознаам, а сега? Сега нема ден да не ја видам истата. А не е дека барам, туку едноставно ете така ми искача пред очи. И секако се разочарувам кога не си ти возачот, некако се надевам дека би бил ти во секоја од тие коли, и би ме поздравил насмеан, би направиле муабет и би се договориле за да се видиме пак. Сега кога не сме во контакт, пијам кафе каде што одиш ти, се шетам на места каде што си ти, измислувам обврски кои треба да ги направам, само за да се сретнеме на места каде што претпоставувам дека би одел и ти. Да те сретнам, да те видам сосема случајно, да си позбориме и да ја избегнуваме темата зошто мене ме нема во твојот живот и зошто тебе те нема во мојот. Сега кога не сме во контакт, ги премислувам и превртувам сите наши средби и се надевам барем на уште една, да ме чекаш после работа и да те чекам после факс, да ме гушнеш и да те гушнам и да не затвориме уста од жалење за тоа колку работа имаш ти и колку учење имам јас. Сега кога не сме во контакт веќе, навечер тишината никогаш не била погласна кога ти не си до мене. И сега? Сега едвај чекам да заспијам, затоа што само во моите сонови успевам да те сретнам.
Сам си го правиш животот тежок. Како може човек во ништо позитива да нѐ гледа? Како може секој ден сѐ тебе нешто да те боли, сѐ да ти е лошо, сѐ да си "скиснат"?? Ти велам не е се така црно. Ти велам биди бар малку позитивен. Ти велам насмевни се, ама џабе. Ем нејќеш да се смееш, ем штом ме видеш насмеана сакаш и мојата насмевка да ја снема.. Ќе се промениш ли некогаш? Прашувам, иако веќе го знам одговорот...
Едвај чекам да ни порасне дрвото и да си ги напишеме имињата на него. Сигурен сум дека ќе успее и дека ќе порасне во прекрасно дрво со највкусни плодови. Не знам колку добро го посадивме и дали му е рано ама штом го бакна, колку и лошо да е посадено ќе опстане Магичен ти е бакнежот, мене од кога ме бакна прв пат се на по добро ми оди и со секој нареден бакнеж станувам уште по добра верзија од себе.
Се плашев самата од себе да си признаам ама изгледа тоа е единственото нешто за да си помогнам самата себеси, можеби се заљубив, можеби да. Иако гледав каде би завршило сето тоа јас верував во чуда и се понадевав дека овој пат ќе биде поинаку, иако свесна бев дека јас ги туркам работите, а ти земаш само тоа што ти се сервира на тацна јас пак се надевав и пак и пак се молев за среќа ден по ден, што постигнав? само спомени. Можи ќе бидам подобро сега кога си признав и ќе пробам да се излечам од оваа мака наместо да се правам јака демек јас не се заљубувам лесно, сакам да ја убијам секоја надеж во мене дека ќе имаме барем уште една шанса да се видиме и можеби таа вечер ќе смени се, а знаеме дека нема да смени и нема да има повеќе такви шанси, не дека јас не заслужувам да бидам среќна туку не заслужувам да се надевам и да живеам низ илузија. Ми недостигаш иако никогаш те немав, ми недостигаат ладните ноќи кога зборувавме за се и сешто, ми недостига се иако знам дека не беше правилно. Камо да би можело се да се поправи и да стани правилно, ама нема не сакам да живеам во лажна надеж веќе и сакам да сум среќна. Среќна со некој што ќе знае да ме направи среќна, а не самата да кројам план за ден среќа, заслужувам внимание, некој што одвај ќе чека да ме види, што нема да сака да се разделиме, ќе биди среќен за секој мој успех, што ќе ми дели комплименти да се почуствувам поубаво и сакано, она што ти никогаш не го изговори,а ти беше на врв на јазикот. Заслужувам некој да ми пристапи со храброст која ти никогаш ја немаше, со намера и план, со цел да бидиме заедно и среќни, некој што нема да мисли само на денес туку што ќе створиме нешто за секој ден од сега натаму. Се молам само Господ да ми подари сила да ја изгубам цела надеж за тебе и да ја снема маглата во мојата глава, не можам да те мразам зошто не ми направи ништо лошо, ама не ми направи ни ништо добро. Не ми даде лажна надеж, јас самата си ја креирав во мојата глава, можеби ова е најлошо што не можам ни да те мразам ни да те сакам ама знам дека најлошите лекции јас ги добивам па така и оваа. Само да ми помине побрзо, се надевам ме чека нешто подобро И кога ќе размислам подобро можеби те идеализирав, можеби си кукавица која никогаш не призна нешто,никогаш не кажа крај туку само си се повлекуваш и тоа не прв пат и потоа ќе даваш кукавички знаци дека си сеуште тука, а уствари не си
Тажна сум коа заспиваш пред да си посакаме добра ноќ Ја сум крива што се задржав.. Да знаеш само колку до ништо друго не ми е, ништо не ме интересира освен ти.. Само да си ми во прегратка ми е доволно, друго не барам