Од дневниот на Иван Нович, има многу убави стихови, на инстаграм ги има овјавено од таму ги читам, немам ниту еден од дневниците за сега. А колку што знам првиот е и распродаден..
По би рекол Мицко ја да зборуваме за убај работи. Епа јас се радувам секоја вечер ко ќе си зборуваме и правиме било какви планови за иднина.
Не верувај ми кога плачам не барај да ти зборувам не верувај ми кога бегам зарем не сфаќаш сакам. И кога одам и кога застанувам и кога мислам и кога лажам секогаш те сакам сакам само тебе истите денови, истата себе секогаш сакам само едно ти да бидеш моето небо секогаш те сакам само тебе истите денови, истата себе...
Неверно куче си,џабе седиш со друга а со мене се замараш ,блокираш и пак те интересира што правам . Другата ја оставаш и ја враќаш назад .Не си прави филм од тоа,нема да ви успее и без мене ,не сум јас виновна за вашите проблеми.
Не знам зошто се плашиш да возиш, буквално преубаво возиш. Со оглед на тоа што велиш дека 5 пати имаш возено по положување, ти љубовче ги менуваш брзините и правец држиш по добро од мене. Ќе направам се за да ти помогнам да не се плаши. Искрен да бидам не знам како, ама ќе најдам начин и ти ветувам дека за скоро кога ќе излезеш од кола после возење нема да ти чука така срцето и да ти се тресат раце.
Ти реков ќе спијам ама ме затепаа некои мисли и си мислам... Колку сум среќен јас што за прв пат во животов имам личност што ме сака безусловно онака се "соголив" пред тебе ти кажав се за мене и ти ме сакаш... и разбираш... Дека не сум имал детство каде сум бил поддржан и сакам, условена ми беше љубовта пред се од мајка ми, најмногу ја сакав ама ...
Среќен 40 роденден. Одамна беше кога ти честитав јас, кога наполни 22 и 23 години. Ама, толку беше. Потоа реши да го славеш со друга. Се надевам дека си среќен. Иако поминаа многу години, јас не успеав да те заборавам. Не знам дали се сеќаваш на мене, дали ти поминувам низ мисли понекогаш... Не те барам, не знам ништо за тебе, ама не сакам да те барам. Најголема болка ми беше да те гледам со друга на слики и не сакам да отворам стари рани. Можеби во некој друг живот ќе бидеме "јас и ти". Во овој не успеавме.
Со сето твое никакво понашање само ме туркаш подалеку од тебе, а не си ни свесен. Ако, само продолжи така, не знаеш колку многу ми помагаш за да кажам крај.
Знам дека сум оф-топик ама кажи крај. Мислам те имам читано како маж ти се однесува кон тебе и дека трпиш психичко насилство и верувај нема да се смени тој, спаси се ти.