Токму тој дел ми е најтешкиот. Еднаш да пресечам и нема назад. Само малку храброст...која уопште ја немам.. Да ја имав немаше толку години да седам овде. Среќа, бар прогледав, порано мислев дека сето тоа е "љубов".
Ми рече: "Ако некогаш раскинеме, ти ќе бидеш таа што ќе ми раскине" Ти ме остави! Ми рече: "Јас тебе повеќе те сакам" Не ме сакаше! Ми рече: "Никогаш нема да те повредам" Ме повреди повеќе од било кој друг! Ми рече: "Секогаш ќе бидам тука за тебе" Никогаш не беше! Ми рече: "Ти си моја засекогаш" Не траеше толку! Ми рече: Не би те оставил за ништо на светов" Ме остави! Ми рече: "Што ќе правам јас без тебе!?" А сега живееш како никогаш да не си ме познавал! Ми рече: "Не се плаши никогаш не би те оставил" Ме остави, кога ти поврував! Ми рече: "Те разбирам и прифаќам таква каква што си" Никогаш не ме разбра и никогаш не ме прифати! Ти си човекот што не заслужува ништо убаво да види во љубовта, за овој живот!
Додека сум на работа толку ми фалиш што ми иде да си дадам отказ за да имам повеќе време да бидам со тебе
Обично сум премногу зафатен гледајќи те, па не забележувам што се случува околу мене. Не го видов кучето како се вози, не ми реагираат очите толку брзо додека гледам во тебе. А и да го видев, ќе ја пропуштев можноста да те гледам како ми објаснуваш.
Ако продолжиш да редиш лего коцки до сабајле, уште три витрини не не спасуваат. Плус, ќе си бидеш задолжен за бришење прашина цел жи-во-т!
Погледнав преска во архивираните стириња и гледам дека пред една година и 2 недели се имаме запознаено... А за скоро ќе бидеме една година заедно. Тој ден не знаев дека денес толку многу ќе ми значиш. Можеби не се заљубив на прв поглед како тебе, и тогаш не ти обрнав многу внимание, ама се сеќавам на небото имаше една прекрасна месечина, не беше полна, беше полумесечина, ама светеше преубаво, мислам дека уште во ден се имаше појавено и по тоа помнам. Мило ми е што баш тој ден ми се појави во животот. Искрено, и 1000 години да барав, немаше да најдам некоја како тебе. Во тебе најдов се што му треба на човек, покрај тоа што си ми љубов, си ми и најдобар пријател. Знам и во што најпрво се заљубив во тебе. Прво ме купи со твојата грижа, ми беше чудно некој толку многу да се загрижи за еден странец и со гласот, го имаш најубавиот и најмилиот глас што некогаш сум го слушнал. Ама најсилни мислам ми беа чувствувата кога ти го осетв мирисот од блиску, толку убаво ми замириса што сакав уште малку да те гушкам и уште поблиску да седам до тебе, ама глупо ми беше. Исто и многу убави очи имаш и раце многу ти се мали и слатки. Целата си некако преубава, поубава девојка и немам сретнато во животот, ама и преубава душа имаш. Премногу те сакам и премногу ми значиш сакам цел живот да останеш покрај мене.
Ти благодарам за се' она што си. Ти благодарам за вчерашните преубави моменти доживеани заедно. Продолжи да сјајеш на најпосебен начин за мене
Колку многу се смеам од и со тебе. Навистина знаеш како да ми го разубавиш утрото, пладнето, целата вечер. Те сакам