Никогаш не очекував дека во животот ке ми се појави личност како тебе, што со поглед ке ме разбере, со поглед ке ме смири, даде спокој, и вистинска грижа.Знаеш дека децата се најмалце криви за минатото што не успеало, дека не заслужуваат ни малце лошо да осетат во животот, јас ве прифаќам целосно и искренп, иако биолошки не се мој, ја ги осеќам како свој, како дел од мене, и ке се грижам како биолошки да се мој, ке бидеме само среќни, исполнети, насмеани, лошото минато за вас е завршено, јас ке ве заштитувам, грижам, и сакам.Ве сакам
Врска. Толку години без тебе и толку со тебе. Сеуште ми фалиш. Зошто сеуште ми фали старата ти? Зошто уште се надевам дека ќе те видам? Често си велам, ее некогаш ако ја сретнам ова сакам да и кажам, она сакам да и кажам. Натинг спешл. Неколу признанија, неколку случки кои веројатно ќе му биде поминат рокот на траење ако некогаш те сретнам. Сепак, ретко да поминат ден или два без да те сонувам па се будам насмеан и со воља за живот, а и често со алкохол ми си омилена комбинација за тага. Сеедно. Се надевам арно ти е .. Ваљда и еден ден ќе посакаш да ме видиш или ќе ти зафалам барем за 2-3 збора....
Хмм, се беше многу одамна. Веќе не се сеќавам како изгледаше, како зборуваше, како мирисаше... Со изминатите години мислев дека се ќе помине, се ќе биде полесно. Но за жал, остана горчината во мене. Не беше грешката кај тебе, беше кај мене. Не бев спремен, бев сеуште незрел. Ти се ми даде, својата душа, своето тело. Но за мене тоа не беше доволно. Мислам дека не знаев што сакам, сеуште бев премногу зелен. Но едно знам, неизмерно те сакав и многу жалам што така заврши...
Денес после добри 10 години се сретнавме пак. Ти сам јас со две деца под рака Ме погледна,ама во погледот забележав помешани емоции од тага и среќа заедно. Поминувајќи го погали син ми по коса и му се насмеа,сакав да те прашам како си,ама веќе се изгуби помеѓу пешаците. Син ми ме погледна и ме праша,го знаеш чичкото? Да го знам сакав да му кажам. Најголемата љубов во тинејџерските денови.Ама не одговорив ништо,само се насмеав додека срцето силно ми трепереше.... Ти ги посакувам сите најубави работи на светот. Заслужуваш,ЗНАМ!
Се мислев дали да пишам или не за последен пат за тебе во темава, па решив да се олеснам. Криво ми е што ти верував на лагите, за кој бев свесен дека лажеш, кога ти викав дека ке ме оставиш, дека не си спремна да имаш партнер, дека зависиш од родителите, дека неможеме да функционираме заедно, ти тогаш викаше дека се ке направиш за мене, дека нема да дозволиш НИКОЈ да не одели, ниту ке бидеш од страната на РОДИТЕЛИТЕ, и покрај сите лаги( веќе докажани), ти ме запозна со твојте деца, се врзав за толку краток период како да вистински се мој, бев спремен да живееме заедно, да ви пружам нешто што никој не ви пружил, топол дом, дом со љубов, грижа, разбирање, помагање, мир, спокој.Но се потврди она за кое кога те молев да ме оставиш затоа што чуствував силно дека ме лажеш, ти ми викаше дека ја сум совршениот за тебе, и дури не ти е верно дека постои машко како мене,и на крај ти беше таа што ми рече, неможам веќе зависам од родителите, готово е меѓу нас, ме остави така лагано како да сум бил пролазник на улица, и ме боли многу, затоа што верував во лагите, и покрај се мислев дека ти си совршенството за мене, но само сум се лажел сам себе. Ама ако Господ е голем. Ова е последното пишано во животот мој за тебе. ЗБОГУМ..
Radi tebe Skopje mi e nekako ubav, posto si ti od tamu inace odamna mi e zdosaden no radi tebe i go napustiv tbh.
Многу ми фалиш Потполно ти ги разбирам твоите чувства, како тебе ти било.. Боже колку ми прирасна за срце Фала ти за поклончињата, тоа слатко меченце е баш исто ко тебе Се глеаме најмило, не знам како би издржала тие неколку дена без тебе
Не си свесен која носталгија и љубов си ми од детство. Израснавме заедно. Имаше љубов, баш тоа вистинското. Сликче од полуматура, со писменца напрскани со парфем, со испраќање привезоци,ланче,карминче преку другарка...Која убавина беше тоа. Бевме два парови јас и ти, другарка ми и другар ти. Луда фамјилија до ден денес Правење глупости и смеење до солзи. Допишување касно во ноќните часови на мало телефонче како сапун и еден куп скриншоти во него исто од смеење до солзи и зборови од тебе кои прв пат сум ги чула во животот мој затоа што ми беше прв дечко.Ми текнува кна моменти кога на тебе ти се треселе раце ради мене и обратно на мене а тебе, на сите лоши и добри моменти но секогаш си бил тука да ми подадеш рака,секогаш кога сум плачела за тебе. Ми текнува кога дојдов во твојов голем град и кога те барав со другарка,најјако ми беше кога ќе направев некој проблем или беља тик увек се појавуваше пред мене Ми текнува кога си ме следел со моторот, ми текнхува на твоите љубоморни испади. До пред година ипол ние пак бевме заедно но баш оваа вечер носталгија а и депресија ме фати сега кога ми кажаа дека си ја барал мојата нова адреса на живеење и ми текна на сите овие работи кои ги набројав....ќе ми доеш пак ли со моторчето црвено? Само колку се гордеев со тебе кога ќе ми текне, мојот херој за сите лош а со мене добар и ден денес си истиот во моите очи. Од мал си проблематичен, да го тргнеш тој мафијашки живот,тоа криење по дупки,све ќе биде океј, но тоа е ,во секоја врска мора да постои некаква пречка,некој проблем.... НО! Има едно големо НО, ова нашето не престанува никогаш,ние пак се бараме,пние пак сме истите,повторн незнам по кој пат веќе.Но ти си единствениот тој пред кого се осеќам самоуверено и сакано. Само да знаеш дека со никој друг не ми успева и повторно те чекам тебе. Те знам веќе над 10години, ти си човекот кој никогаш не ме оставил за некоја си друга. ми се допаѓа тоа што го сакаш моето лице,тоа што се гордееше со мојата сликичка од полуматура, тоа што извади голема слика од нејзе и ја урами дома Како и да е, HarleyQuin&Joker сме. Сега ме интересира што ќе направиш кога ќе ми дојдеш на адреса
Секој празник е поубав од кога те имам во мојот живот. Сакам да дојде ден кога јас и ти заедно ќе ги чекаме сите празници, а сигурен сум дека ќе дојде.