На крајот од денот, најважна си ми ти и сакам секое утро и вечер да ми почнува и завршува со тебе. Секој ден те сакам уште повеќе од претходниот, всушност секоја секунда те сакам повеќе од претходната. Сакам само да си ми дел од целиот мој живот, па каков сака нека биде и колку сака нека трае, дури и ако постои некој нареден сакам да си ми дел и од тој и од секој нареден. Можеби имам многу желби ама оваа ми е единствената за која што сум сигурен дека сакам да ми се исполни.