Се што некогаш сум сакала си ТИ, се! Ти имаш и правиш се што сакам, тебе би ти кажала се, се што сакам, се што мислам. Се од кое што сум се плашела да кажам на другите, тебе ти го кажувам со леснотија, секоја моја лудост ја живееш и прифаќаш.
"Не сум романтичен" е мизерен изговор за дефицит на интерес или мрза. Како и да е...лоша работа. И следен пат пред да изјавиш таква некоја глупост, сети се каков беше на почетокот.
Најсладок си ми коа ми ја местиш косата и така мило ме глеаш На големките набилдани раце баш им доликува така кротко и нежно да галат
Сакав да ти помогнам, си имал живот кој не секој би го издржал и те сожалував. Но, сето тоа има оставено тешки последици врз тебе кои цел живот ќе се тука, за жал. Те мислев за добра личност, всушност си многу суров. Низ животот си научил да гураш сам и така ќе си остане. Греота... секогаш ќе ми биде жал. Збогум засекогаш
Некогаш не сум свесна дека ја имам привилегијата да те гушкам секој ден после работа, да заспивам и да се будам до тебе, да ти кажувам Те сакам секој ден додека те гледам во очи, наместо по телефон. Во краткиов ни живот што го имаме пред нас, сѐ што сакам е да бидеме едно, каде јас, таму и ти. Ќе биде некогаш тешко, некогаш ќе плачеме заедно, некогаш ќе се смееме на глупости, ама да сме едно цело.
Мислев дека ти посакувам се најдобро, но длабоко во себе знам дека грешев. Ти посакувам да добиеш сè што заслужуваш. И добро и лошо. Сега гледај ме и пати!
Леле поракана шо ми ја прати "Toplo si, curis, zesko kako burekce" ... Од каде ти истекнуваат вакви преслатки изрази За кратко сонци, за некој ден пак ќе се гушкаме, ќе ми ја почувствуваш топлината
Не те мислев за таков, ама ете, солта и шеќерот изгледаат исто.. Те молам не ми се појавувај пред очи, не те мислам тебе, туку тоа што ми го направи, тоа што си дозволив на себе да ми го направиш, срцето ми го скрши на мал милион парчиња, лута сум, гневна, бесна на самата себе, после него цела година не дозволив никој да влезе во мојот живот, камоли во срцето, и сега си дадов шанса, пазев да не бидам повторно повредена, затоа те одбрав тебе, мислејки дека ќе бидам среќна, воопшто не помислив дека толку многу би можел да ме повредиш, сакав да те сакам навистина, како и зошто мораше да биде вака? Фала ти за научената лекција, за нанесената болка, некои работи и вечери во животот никогаш не можеме да ги заборавиме..таа вечер е една од тие...лошо ми е, тешко ми е, се надевам ќе ти се врати, кармата ќе си го направи своето, знај дека ќе платиш за секоја моја солза што ја исплакав минатата недела, се надевам нема никогаш да ме заборавиш, баш како што си кажа сам, ќе се каеш многу, знам, осеќам, сакам да ја почувстуваш барем за миг болката што ја осеќам и носам во себе од минатата сабота, и да ти кажам дека ќе помине..ќе биде тешко ама ќе помине, бидејки се поминува, кај мене сеуште не е поминало, сакам што побрзо да помине ама ете, овде си, во глава, во срце фала богу не, таму не те пуштам, не заслужуваш, не заслужуваш да бидеш ни во моите мисли, ама за жал овде си, не поради тебе, туку поради болката што ми ја нанесе и тоа што ми го направи, пред тоа воопшто не си бил. Едвај спиев, јадев, жив мртовец бев, сега сум колку толку подобро, ама сепак нон стоп си во мисли, не можам да те извадам, што и да правам некако наоѓаш начин да те мислам, иако тоа го најмалку заслужуваш, ама така е за жал. Се борам сама со себе со денови, уште што не пробав да правам и сеуште пробувам да се занимавам со нешто за да не те мислам ама не ми иде, или таман кога нешто ќе ми го оттргне вниманието од тебе, опп ќе те сретнам, ќе те видам со колата, ќе ми пишеш, и пак срцето ќе ми чука забрзано, ќе имам немир и товар во душата, зошто универзумот ми го прави ова? Срам да ти е, не ти личи на годините. Ќе бидеш казнет, не од мене, од Бога, верувај, тој не останува должен никогаш никому.
Најпрекрасен си , најмногу ме радува кога ќе ни речат како два месеци да сте задно а не со години нашата љубов секогаш ќе биде во honeymoon phase
Ти знаеш како да ме смириш, и како да смириш ситуација, ги сакам разговорите со тебе.. само твоето и моето мислење и постапка се важни! Спојлер: ♡ Енергиите и хемијата меѓу нас не се опишуваат, и никогаш никој нема да ги разбере, зошто еднаш во животот се случуваат. Јас и ти сме создадени еден за друг.