Најубаво се спие во твојата прегратка Посебно во твоите пижами Тотален спокој и мир Среќен најсреќен нека ти е роденденот мое најмило Се' што посакував и ми фалеше го добив Се надевам и ти исто се чувствуваш покрај мене. Дај Боже засекогаш да сме вака Најголемите подароци што сме си ги добиле двајцата сме ние, јас тебе, ти мене Ly бескрајно
Мислам дека секој пат кога ми ги средуваш веѓите ти го кажувам истово, ама не си свесна колку ми е убаво чувството кога тоа го правиш ти. Никогаш кога други ми ги средувале не сум уживал во ова.. Не можам да ти опишам точно како се осеќам ама преубаво е, би заспал. Би можел цел ден така да ти лежам во скут и да ме пипкаш така нежно по лице, не ни осеќам дека ми ги чупаш. Ама реално и најубав облик ми правиш, мислам дека подобар облик никој ми нема направено.
Те пуштив… не затоа што не вредеше, туку затоа што престана да гледаш колку вредам. Се надевам дека сега кога веќе не сум дел од твојот живот, си сфатил што си имал до себе. Некои луѓе се ценат дури кога ќе станат минато,за жал ...
Благодарен сум му на Господ што ми те прати во животот. Благодарен сум си и на себе што тој ден собрав храброст да ти кажам дека не сакам да бидеме само пријатели, затоа што гледам нешто повеќе во тебе... Ти си најпрекрасната личност што постои, најсовршената, личност од која имам добиено најмногу љубов. Ти благодарам за тоа што си и остани секогаш ваква. Сакам да бидеш дел од целиот мој живот... Ти ветувам дека во вазната секогаш ќе има свежо цвеќе и дека ќе направам се за да се чувствуваш сакано, битно и убаво. Ќе дојдам тука за 5, 10, 15+ години и ќе потврдам дека секогаш имало свежо цвеќе во вазната и дека сум дал се од себе за да се чувствуваш сакано.
Понекогаш ми делува нереално колку многу се пронаоѓам во тебе. Како истите работи да ги мислиме и чувствуваме, а тоа ме прави среќна и мирна во исто време.
Гледај слободно, претплата не се наплаќа Може и да ме прашаш нешто ако сакаш,не јадам луѓе преку телефон,само у живо
Леле многу сум пресреќна со тебе најпрекрасен си на целиот свет и те сакам најмногу што постои не ми се верува дека толку време ти ги игнорирав пораките и си мислеев што замара овој а сега си ми маж