Све е поинаку со тебе, посебна си, посебен е бакнежот со тебе, посебен е разговорот со тебе, само што те гледам во тие очи ја се топам.Љубов си, чиста, искрена, посебна
Морам да ти кажам нешто, ама спиеш, а ако не ти кажам јас нема да заспијам.. Можам да замислам каква ќе бидеш во бременост, кога сега вака пискаш за благо во 12 вечер.. Добро е што сега е еднаш месечно, замисли тогаш секоја вечер кога ќе треба палачинки да правам, па уште да се жалиш малку кремче било, слаткотоо.. Ама среќен сум така кога бараш нешто од мене, особено кога е за храна, обично слабо јадеш и мило ми е кога си гладна. И слатка си кога бараш нешто, многу мило некако бараш, на човек да му е жал да те одбие. И уште нешто приметив кога и да направам нешто за тебе колку и мало да е веднаш правиш да се осеќам како да сум ја земал цела планета на раце и сум ја поместил.
Само шо сфатив дека моите естетски зафати се награда за тебе. Ме сакаше ко бев на 0, сега како шо растат полека ти е како постепено да ти се ослободува допамин. И заслужваш муце. Се најдобро заслужваш.
Нема потреба да ме уверуваш во ништо. Имам чувство дека барем ти,не си од тие што секојдневно ме лажат
Те сакам. Излегов од твојот живот. Засекогаш. Не се надевав но, толку било пишано. Господ сакал така. Си страдам сега сама.
Колку е убаво ко че ми коментираат колку убав пар сме итн. Си стојам на мислењето на тоа дека девојката е слика за какво машко сум, а тоа значи ти си прекрасна.
Уствари сега ме откачи ти мене? Не знам како да се чувствувам во моментов, ама како да ќе е изманипулирано. Се надевам не сум во право.
Кога би можела да знам дали еднаш помисли на мене кога заминуваше... Како ќе издржам? Дали ќе издржам? Како ќе најдам мир? Како ќе продолжам? Ти кажав еднаш дека или ќе ме докрајчиш или ќе ме направиш многу среќна, ете одлучи на крај што да направиш. Се појави како светлина во тотална темница, ме состави од сите мали делчина на кои бев распадната и пуф си отиде а рече нема да си одиш... рече тука ќе си. Сега не сум на мали делчина, сега сум песок, прашина. Тешко дека нешто пак ќе ме состави. Велат најголем доказ дека некого го сакаш е да го пуштиш да оди каде тој сака. Те пуштив да одиш таму каде што рече... Се надевам дека ти е убаво.
Обожавам што и после толку долг период јас и ти се зезаме, правиме заебанции, се троламе меѓусебе, и потоа кога сме заедно ќе се гушкаме и сакаме најмногу на свет.
Наредна година или некоја понатака, заедно ќе одиме на парадата на гордоста. Не скопската, на битолската.
...жалам што јас и ТИ немавме бебе... па макар и да живееше таму, со тебе.... без мене!! не прашај зошто.... глуп е одговорот!... ама не и бесмислен