Со тебе се е магично се чувствувам како принцеза покрај тебе секогаш знаеш да ме израдуваш и изненадиш. До тебе секој момент ми е магичен. Твоите прекрасни очи зрачат љубов
Според ова што го прочитав, навивам да бидете заедно, освен ако сте мажена/женет Мојот дечко пред 20 г може и име ми е заборавил , во исти град а се видуваме низ град несакајки еднаш во 7,8 год, ништо посебна љубов дури ваква ми е фацата кога ми текне на него
Тоа беше многу убава приказна, јас направив еден избор, морав на тој начин... мислев ќе успееме но тој тогаш не мислеше така. Не се избришавме од социјалните мрежи но неколку години без збор. Јас мислев тој не сака а тој мислел јас сум му лута. Додуша бев лута некое време но потоа го разбрав неговиот чекор, тогаш да ја прекине таа врска. После некое време едно мое лајк на слика отвори контакт, чисто пријателски. Си поминаа години, сега имаме свои животи и семејства. Тоа е убав спомен и сега пријателство. Нека остане на пријателство... убаво разговаравме, како двајца пријатели и мислам доста е. Така требало да биде таа приказна. Мило ми е што не се заборавивме, што чуваме убав спомен, доста е
Ме растажи искрено што сте се сакале а не сте успеале, не сум ич романтичар ама ме погодуваат вакви приказни, посебно во овој момент со овие хормони. Така требало да биде. Зад вашето пријателство стои некогашна љубов. Јас да имам ваква љубов со убав спомен не знам како би се чувствувала, се замислив. Сигурно би тажела познавајќи се. Во мојот претходен живот пред мм само коњи имав , во права смисла на зборот
Некои приказни заслужуваат да бидат спомен на кој ќе се навраќаш понекогаш, заслушуваат да бидат пријателство што ќе остане но не им е судено да станат нешто повеќе. Се помирив со тоа одамна, доволно е да го гледам среќен и задоволен таму каде што е, животот да му е убав. Вака звучи жално и тешко ама не се прашувам веќе "зошто не најде начин да успееме кога сакал?" ете не било судено. Нека биде пријателство, одвреме-навреме по некоја порака како си, што има ново и тоа е тоа. Не би го чепкала тоа, не би сакала да се уништи тоа. На тој начин и споменот не би бил убав нели... затоа е доволно вака
Само во филмовите и приказните, мислев дека постои ваква љубов, ова еднаш се доживува и никогаш повеќе.Те сакаам
3 години и 8 месеци подоцна.. Уште постои таа љубов и слога и почит како на почетокот. И да се родам одново, тебе повторно ќе те изберам.