леле човеку само да знаеш колку се навикнав на тебе е а што си ја испуштив шансата да бидам со тебе, си ја испуштив, AMA НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ БЕ!!!! што да правам кога толку пати во минатото да сум дала шанса, се од лошо полошо не се секирај ти, познавам јас и некои женски трикчиња, па сакал или не ке ми паднеш ти на некое од нив (се надевам) па што сум крива јас што сум брзозборка, гоооолема плачка, и инает невиден
"..and we can build this dream together,standing strong forever,nothins's gonna stop us now.." стиховиве,ужасно ме потсетуваат на тебе,на нас..си го ветивме ова. Уствари сакам да ти кажам дека си прекрасен,но нема да ти кажам. Бидејќи тоа би ги искомплицирало работите..би почнале да се гњавиме од почеток. А рековме дека не сме за заедно ,не сега. И си стојам на тоа,не сум спремна за тебе,па така нека биде сега за сега.. Сепак многу ми е мило што сеуште се грижиш за мене,за тоа дали сум или не сум расположена..ми значи во секој случај. Ти си совршенство..и незнам дали е до интуицијата или желбата во мене длабоко е голема,на крај од ова да ме чекаш ти..
Ти ... ти ... па ти ништо ... всушност би врескала да ти кажам дека те сакам ... дека ми фалиш ... дека сакам да те видам ...ама ништо ... сама сум ... сама како кактус во пустина ... и сама на себе си нанесувам болка ... ахам. не ми протекле солзи одамна стриктно за тебе ...а треба ли ?? Осеќам преостатокот од денов нема да биде онака како што сакам.
Те молам,немој,ама немој кога ќе остареш да се запуштиш и да носиш лајнарки,да имаш влакна во носот и ушите.Имам петља дури и тогаш да ти раскинам и покрај тоа што ќе имаме 10 внуци.
Зар не се измори? Цел ден ми шеташ во мисливе ,нема минута а да не помислам на тебе. Блузата која ја носев вчера ми мириса на тебе, ах тој мирис ,ме излудува. Проклето ми недостигаш ,неможам да се помирам со фактот дека нема да се видиме вечерва. Кој ќе чека до утре ,тоа за мене е цела вечност ,зависна сум од тебе -Ми требаш покрај мене во секое време и секаде . Те обожавам душиче Лове јас ју ...
знаеш што подобро што денес не се договоривме да се видиме, оти овој ПМС ме излудува а не сакам да ме видиш ваква нервозна, бесна, чиниш ке експлодирам секој момент ко бомба а после тоа мирна и кротка, ко некое маченце кое едвај чека да те види
И покрај толку обврски ти успеа да ми ја исполниш желбата да се видиме вечерва , срцко мој најубав .За ова голема награда ти следува,можеш уште вечерва да си ја подигнеш
Мразам кога ќе ти кажам дека те сакам, а ти ќе ми одговориш јас тебе малку повеќе. Од кај знаеш јас колку те сакам? Така кога ќе ми кажеш ме прави да се чувствувам како да мислиш дека јас не те сакам доволно и дека жива среќа е што сум со тебе. Само едно и јас те сакам би било доволно бе срце. Без никакви додатоци.