Незнам кога ќе соберам храброст да ти кажам дека си совршен, несакам за да не ти ги кренам акциите. Само знам дека и навечер осеќам кога ке се разбудиш и кога ке ми дадеш сочно бакнешче на устето, лицето или челото, иако твоето машко его не ти дава да признаеш јас знам дека си ми страшно романтичен мажуле мое
Да ме праша некој зошто ти се дерев ко луда нема да знам да ти кажам Ме прифатија будалите и мене, фала што го прифати моето извинување и подоцна ти мене ме тешеше. Ќе бидам потрпелива ветувам Те сакам...
Зипо си за секоја моја цигара. Не си од оние чкарт упаљачи кои некогаш палат а некогаш не. Чили пиперче за моето црно чоколатце. Буковец за ќебапче. Сладолед за секоја жешка палачинка. Или обратно? Ме палиш, ме разгоруваш, ми додаваш посебен вкус, ме топиш. Мастика за мојата македонска салата. Не ја пијам секој ден, но кога ќе дојде тој ден, уживам во неа. Капка по капка. Те чекам во моето катче полно со страст и екплозивни чуства. И не, нема да викам пожарникари. Кога сум со тебе не сакам ништо да гасам
Во твоето срце, ако има сцена, таму сум јас, играм со моите црвени чевлиња и на крај се поклонувам. Знам, твојата зрелост и сила ќе ми дадат громогласен и љубовен аплауз. Фала ти што дојде во мојот живот. Колку си само будалест, и самата се чудам. Но, ако.
Те љубам Го љубам начинот на кој ме милуваш под ќебенце. Начинот на кој ме погледнуваш, начинот на кој ме бакнуваш... Ги љубам деновите со тебе... Го љубам животот со тебе...
Мирисаш на пролет,бебе,маж,сон,чоколадо,топло печиво и кафе во едно. Ми недостигаш премногу... Ти дремлив,јас раззборена,си легнувам на твоето рамо,ги плеткам ладните нозе околу твоите секогаш топли...а ти само еден бакнеж во косата и заспиваш...затоа јас сум утринскиот,мрзлив тегнач...Леле колку ми недостигаат овие работи...дури кнедла чувствувам во грлово,еве баш сега. Леле колку ми недостигаш ти.Смисла,повод и причина си ми за многу работи.
На крајот од денот само чекам да се јавиш ти ... А ти не се јавуваш ... Кога направи толку да те сакам .. кажи ми како .. како да те преболам ??? Како да не те гледам сгеде кај што ќе се свртам ... Како да ослободам се од мојава соба што мириса на тебе .. што ме потсеќа на тебе ... ќе ми остане празна собата ... како што ми е празна душата ... без тебе ... Да денов ќе биде тежок. Те сонував знаеш ?? Толку реално што мислев дека во сон ако ја пружам раката ќе те допрам и ќе те гушнам ... Сакам пак да те почувствувам .... Злосторство ли е тоа ? И покрај се јас .... Сеуште те сакам ... Штета што ти си едно движечко гом*о ... и знаеше пак и пак да уништиш се ... Можеби сега те боли и тебе ... ама тоа е што е. Јас само се надевам дека во иднина ќе имам помалку вакви периоди и денови како денешниов !!! Имај убав живот ... а ако пак најдеш љубов ... те молам научи да ја задржиш ... иако не постои девојка која тебе таков каков што си ќе ти пружи се што ти пружив јас !!! Глупак еден ... вол скапан .. идиот ... сељак .. простак .. малоумен.. скапаницо една ... коњ ... тиквар ... зелкар ... магаре ... стока ... копук ... уфффффффф те мразам !!! Зошто толкав дел од мене зафаќаш ???? а ???
Сакам да се стуткам во тебе, да ми ја мрсиш косата и да ме бакнуваш по лицето. Сакам да си играме со прстите, да се преплеткуваме со телата, да офкам од што си ладен,а ти да се припиваш до мене и да се топлиш. Да секогаш сум топла, барем кога сум со тебе, да секогаш се смејам барем кога сум со тебе, да ја губам гордоста, само кога сум со тебе. Не знам дали без тебе сум ништо, но знам дека со тебе сум се.
Те сакам душичко,повеке од самата себеси,повеке од животот мој,кој без тебе би немал смисла. Те сакам зошто си еден и единствен,уникат,оригинален,зошто ме смееш секогаш,зошто си покрај мене постојано,зошто дозволуваш да те сакам.Зошто...и јас не знам повеке. Се секаваш кога се запознавме?те гледав толку засрамено а ти ме голташе со поглед.Ама ми годеше. Се секаваш кога ни се споија усните?треперев ко лист.Кога ме допре за раката,кога ми ги допираше усните.Се секаваш на првиот разговор?постојано ми иде во мислите. Те сакам,но...никогаш нема повеке да те видам