ТЕ МОЛАМ злато немој да му веруваш на тој психопат(иако ми е бивши ) не сакам да го видам, и искрено не ни мислам на него не сакам да се караме заради тоа одвратно суштество(ако ме испровоцира со полиција дома на врата ке отидам) те сакам, и мислам на тебе, и иако бевме заедно до пред малку-ми недостигаш колку те засакав за неколку дена сонценце мое најмило
Ретко снемувам зборови (I am a girl of many words), но покрај тебе - уживам во мигот наречен тишина. Се молам да потрае, Д - те Љубам до болка, до сржта, со сите несовршености
Многу е добро кога поим немаме што ни се случува! Така знаеш дека бесмисленото добро, е генијално едноставно.
Очајно ми се потребни твоите прегратки. Од оние што најмногу ги сакам. Прегратка голема, силна, што ме остава без здив и ми ги крши коските. Онаа која вели "Никогаш нема да те пуштам". Прегратка која ми ја даваш додека се шетаме и нежно ме бакнуваш по челото. Онаа која вели "Те сакам". Прегратка која ми ја даваш кога си љубоморен бидејќи сум кажала нешто убаво за некој или кога некој ќе ме погледне. Онаа која вели "Ти си моја". Прегратка која ми ја даваш кога јас ќе се стрчам накај тебе, а ти ќе ме кренеш високо и ме вртиш, додека не ни се сврти на двајцата. Онаа која вели "Не грижи се, сигурна си со мене". Прегратка која ми ја даваш додека лежиме заедно. Онаа која вели "Ти си се што ми е потребно". Прегратка која ми ја даваш додека сум изнервирана и која толку брзо ме смирува. Онаа која вели "Јас сум со тебе". Прегратка која ми ја даваш откако ќе се скараме и кога целото тело ти трепери. Онаа која вели "Не оставај ме". Те сакам бесконечно
Се занесуваш нешто! :geek: Ептен! Ама ако, ќе ти помине....Само, пази да не ми помине мене занесеноста по тебе.....ееееее.....тогаш ќе имаме проблем дечко!
Сигурно си имала глуп дечко , зошто паметен не би го направил тоа - Коментар од близок другар кој знае и за моите грешки . А викаше дека сум ги кажувала проблемите така што тебе те правам крив . Жалам што не стигна да видиш дека се сменив , ама не за тебе , туку да ти докажам дека всушност не си ме знаел . Жалам што не ми поверува завчера кога ти викав дека тогаш беше последен пат . И да , не отрчав одма кај друг како што мислеше ти . Сума сумарум , ти воопшто не ме знаеш . А искрено се исплашив дека сум таква каква што ме мислеше . Не можам да поминам покрај тебе и со насмевка да ти речам здраво , зошто не се сложувам со твојата постапка . И баш ради тоа , јас не можам да те убедувам дека би ни било подобро и различно доколку останевме заедно . Тоа што ти кажав се , беше да те заболи и тебе малку , како што знаеше мене ..
Ајде дојди да си јадеме зеадно овошен јогурт Под тоа заедно мислам јас да јадам ти да ме гледаш,знаеш нели
Овде ќе си кажам зошто така ми дојде , не му кажувам лично . Те сакам бе Сумњам дека некој вака ќе сакам ама тоа е ..
Ех... да знаеш колку работи ми се мотаат низ главава... не знам ни самата зошто. Убаво ни беше, си призна и сам. Ама таа твоја постапка т.е. непостапка ме збуни. Се надевам ќе издржам уште некој ден да не ти пишам. Неќам да мислиш дека само во тебе ми е умот - затоа што НЕ МИ Е!