Убаво ми беше,секое утре кафенце заедно доволно ми беше само да те гледам по се она што се случи те знам каков си,ниту ти не знаеш што сакаш ама сепак надежта умре така да.... Со убаво нека ти е ....
Колку ми беше убаво денес со тебе , толку и ме изнервира. Ако имам криви нозе мои се и ќе си носам хеланки, кратка сукња и се од што се гледаат, ако имам меше мое си е и си го сакам, ако имам големи уши ќе си ја носам косата врзана зошто ЈАС така сакам, а ТИ ако не ти се допаѓам ваква иди во тит тит...
И уште еден ден помина......... а ти не ми прати порака........значи не сакаш, не сакаш да бидеш со мене, па нели ти се свиѓав, значи ме лажеше... Добро, те навредив, знам, и сакаше да бидеш со мене, а јас тогаш не сакав......и лут си ми, знам! Будала јас, после пет дена ти пишувам дека сакам да бидам со тебе, тебе те нема! Се понижив....... Па нели ти се свиѓам, ако ти се свиѓам, ќе пишеш. Значи, си глумел, не си го добил тоа што го сакаш ( кога си го сакал ), а сега јас кога сакам - не е битно што сакам Јас! Еве уште не пишуваш, по цели денови гледам цагери, се тешам детинесто дека некој мисли на мене... се тешам дека ти мислиш на мене, дека ти ќе ми пишеш.........
Ме нервира кога друга девојка ќе ти пише на wall...и да знам дека не треба ама ете ме нервира и ќе се лутам.Точка!
хаха ти текнува на реченицава Спојлер If I wanna hear you talk, I'll shove my arm up your ass and work your mouth like a puppet ! Е сега во моментов би
Сум ти лежела на срце долго долго, иако бев со друг. За сето време не ми ни прозборе, со цел да не ми ја расипеш врската. Се стави крај на тоа...Ти реков чекај ме неколку месеци додека се стабилизирам. Со цел памет се согласи и стрпливо чекаше. Го кажуваш она кое сака да го чуе сечие уво, без притоа да си замолен за такво нешто. Го преземаш правиот чекор кога и да е потребен, и доколку не е тој вистинскиот, направен од тебе изгледа таков. Другарите се тука, и сепак не сум невидлива. Имало рај на земјата. И би те прашала да имав храброст, но немам. Какви работи знаеш за мене, човек за глава да се фати, доста ти е. Вистински си? ...Некако си како плод на мојата фантазија. Јас, јас таа со високи барања го најдов тоа што го барам, човек кој ги исполнува сите зададени барања и критериуми. Никогаш не мислев дека ќе најдам таков човек. Освен кога бев дете, што гледа Дизни цртани.
тоа што за тебе знам скоро се.. малку ми помага... повторно се заљубувам во тебе.. што мораше да те видам...
Ќе те Љубам засекогаш. Колку што можам да ги раширам рачињата. До небото. Ма ниту небото не е граница. Со секој здив, бесно копнеам по твојата зен ладнокрвност. Те Љубам, како што си знам, затоа што поинаку, не знам.
Ахх колку ми требаш..колку ми е празно без тебе..се чувствувам осамена како да нема никој околу мене...ти си ми се мило едвај чекам да те гушнам да те почувствувам блиску...те сакам
Нели ни е поубаво кога имаме поголема слобода во врскава, кога не се слушаме толку често и кога си излегуваме каде сакаме и со кого, нели е поубаво кога не морам да ти кажам дека одам ваму таму и ти мене, нели е поубаво кога си веруваме?