Не биди тажен, бе злато, оти си таков паа...ела да те онака најсилно ... п.с ми фалиш, секој ден се повеќе и те сакам секој ден се повеќе
Не благодарам. Јас топло-ладно си играв како мала во маало со другарчињата. Недораснато машко суштество, кретен си и знам дека знаеш. Мразам кога пробувам да се оладам а ти правиш гестови на кои паѓам. Ахам, убаво ми беше кога се будев читајќи ја пораката она утро, ми ја разубави неделата. Ама пак си кретен бе. И ми фалиш. Нема кој да ми игра балет по нервиве. Дојди си, тука сум... п.с. не очекувам да се сетиш кој датум е денес
Ништо од тоа што правиш не допира до мене. Среќна сум сега кога имам се, а те немам тебе во мојот живот, шовинистичка свињо!!! (Извинете на израз)
Не те сакам. Те посакувам. Ме лутиш. Те игнорирам. Ме разочаруваш. Те игнорирам. Ме повикуваш. Те игнорирам. И сепак паѓам на твојот шарм, но не сакам да ти кажам и нема да ти кажам. А убаво ми се слуша тоа што ми го кажа денес, толку нежно, а толку полно со страст на дете кое чека да си го гушне своето мече, а јас немав сила да кажам едно е*ено - и јас. Не сум Американка. Џебига. Прај што ќе правиш ова е наше време. Сказалките од часовникот ќе ги извадам за да не го броиме. А потоа? Потоа ќе се види. Потоа можеби секој по свој пат. Потоа можеби ќе го изградиме заедно патот. Не се знае. Не те сакам. Те посакувам
Кажи ми дека ќе биде се во ред. Макар и што не знаеш дали ќе биде, многу ми е битно од тебе да го чујам тоа!!!
Те сакам, неизмерно те сакам, но неможам туку така да поминам покрај твојта препотентност. Во последно време стануваш неподнослив, нарцис невиден си, знаеш ли? Е ако незнаеш еве ти кажувам, ти кажувам не само да си знаеш туку тоа и да го поправиш, зошто вака не иде.. Не е првпат, ниту вторпат да се случува ова и неможам да се правам и јас како тебе или пак да молчам. Ќе викам на целиот глас, сите да слушнат дека веќе нема да ја идеализирам мочанава деветгодишна врска, ма се нека оди у пм...
Сакам да кажам... СДК.. Те сакам, те љубам, бескрајно, неизмерно! Едноставно нема зборови кои можат да го опишат она што го чувствувам во моментов. Толку сум среќна што после долго време добив шанса уште еднаш да ги добијам твоите усни, да потонам во твојот поглед. Иако малку ме изнервира, сепак, тоа не е ништо во споредба со ова.. Како само можеш да ми ставиш насмевка на моето лице, за помалку од секунда, за ништо. Еве, уште се смеам како нездрава, како некое дете што се радува на детските игри.. Не, не дека не сум дете, јас сеуште сум дете, но ова ме потсетува на оние денови, кога бев помала и толку се радував и на најмалите работи. Верувај, овие денови ми требаше среќа - а ти ми ја донесе. Колку и да е тоа погрешно, колку и да е тоа осудувано од страна на околината, јас тебе те сакам и ништо нема да ја промени мојата одлука. Да знаеш дека секогаш ќе бидам тука покрај тебе, ќе те сакам и ќе те чувам од сите кои сакаат да ти нанесат зло. Иако не мислам на иднината, на она што ќе се случи утре, ама искрено не ми е повеќе ни важно.. Зашто веќе доволно време потрошив на мислење за она што било вчера и за она што ќе се случи утре. Го живеам моментот, иако можеби тој не е толку совршен ама зар не наликува ова на нешто блиску до совршенство?! Јас и ти - повторно заедно. Како е убаво да го чувствувам повторно оној твој мирис, да потонам во твоите прегратки и да ги вкусам твоите усни.. Повеќе ништо не ми е важно. Нека ова биде последниот пат што сум јас со тебе, ама овој пат засекогаш ќе го паметам.. Не, не сакам да мислам на утре. Да, знам што ќе се случи но едноставно.. не ме засега. Зашто сега сум со тебе. А ништо друго не ме допира.
Да, тој ме изневери. И не само тој туку и блиска личност. Овие два дена не знам главата каде ми е. Преполна сум со мисли. Зошто го направил тоа, зошто со неа, па таа е онаа која мене ме мачеше до тој степен да пијам апчиња за смирување. Зошто после неверството се однесуваше како се да е супер, кога правевме година, порачал уметничка слика, јас и тој на неа. Зошто мене ме кривеше за прекинот на врската? Зошто...? И еве зошто на мојот најдобар другар му рекол дека ме изневерил, па дека лажел за тоа, и на крај повторно кажува дека ме изневерил? А сега, додека го пишував ова мислење, на моето прашање кои беа причините, вели зарем ти поверува во тие глупости? Но сепак ти успеа да ме тргнеш од маките и мислите кои како снегулки во зимска ноќ ми паѓаат на ум. Најубавото нешто кое сум го доживеала до сега е од тебе, зарем е тоа можно? Толку кратко сме заедно. Какво брзање. Седиш пред компјутер, јадеш чипс и правиш планови за први април, кога наеднаш откако ненадејно се исклучи од facebook, а јас те чекав и бев лута што така си отиде без чао, ми ѕвониш на мобилен да излезам пред врата. Како набрзинка се средував, за да не чекаш. Нови пижами, старите се скинати, средив коса, мастика во уста, за да не те извадам од памет со изгледот. Илегувам и вистина...ти пред врата со роза во рака. Благодарам што си се родил.
Те сакам. Сакам вака кога не се замарам а знам дека си мој. Сакам што глумиме врска без обврска а пак има трошки љубомора и сакаме се да знаеме. Сакам што се инаетиме кој прв да се јави. Сакам што не си викаме те сакам туку осеќаме. Сакам што цел фб не е запознаен со нашата интима. Сакам да те видам. Сакам да правам свадба со тебе. Сакам да имам деца со тебе. Сакам да продолжиме вака ... без кавги и смирено. Без нервози и замарање. Другари со добивки. А сепак не баш другари. Сеедно убаво ми е. Јас знам дека си мој. Гарантирам и потпишувам. А и јас сум твоја не се секирај. И ми недостигаш. Исто како лубеницата од Веро
Во моментов си ми одвратен,неможам да те гледам,ниту пак да поднесам да си до мене,а треба да легнам до тебе пф.Незнам како сам си бараш некоја причина да се искараме,а да е некоја причина ајде,ама за глупости или си дојде од кај мајка ти и татко ти па те напумпаа и експлодираш пред мене,а пред нив само трепкаш со очињата.Оди шетај бе гомнар еден и детето колку е мало па ме прашува зошто баш тебе сум те зела за маж кога си таков-никаков.
Ке го повратиш од пети секој збор што го кажа денеска, и што ме направи крива а си излезе си прошета додека јас си ја трескав главата тука. Треба човек да те моли да останеш? Немаш ни толку осет ни грев? Ке ти покаже сега виновната, и ваквата, и таквата убаво.