чекај чекај малку ме збуни сега ептен ми споменуваш НАС, и(си сакал да имаш повеке време за нас) ми кажуваш дека МЕ ПОСАКУВАШ ццц а после тоа следеше дека мојот збор за тебе е заповед АБЕ НЕ МЕ НЕРВИРАЈ И РЕШИ СЕ ВЕКЕ ЕДНАШ!!!!!! п.с. сватив дека јас тебе НИКОГАШ нема да те засакам(кога подобро те запознав) и што да правам ако ти мене си ме засакал, и ме посакуваш
Овој викенд си мој! Мој и само мој! Дома нема да те видат така да си знаеш, ако промрчат ќе те киднапирам. Се надевам дека и времето ќе е на моја страна. Смислувам стратегија како да ти се изнарадувам. 3 дена нема да бидеш на работа, а јас морам да те искористам максимално зошто после следува пак недела во која едвај ќе те гледам. Ќе те гризам, ќе те гушкам, ќе те бакнувам, ќе се шеткаме, ќе си пиеме кафе, ќе си лежиме.. Се ќе правиме... Те сакам, среќо моја! Да ми беше тука ќе ти ги рашамарав образите.. Од што си ми мил де. Знаеш онака набрзинка, нежничко со двете раце на двете обравчиња така така так... Уффф..
Не да сум разочарана......ЕПТЕН! А, уште да ја знаев причината за ваквата постапка на човеков добро ќе беше. Ало, пријателе, ниту се тераш, ниту се водиш.....Како и да е, она што нема да не убие само ќе не направи посилни. И мене, и тебе, секого......А до тогаш на сиот глас ќе плачам во себеси како можев да си дозволам вакво нешто. На момент ја заборавив народнана дека ако не сакаме да ни се фатат прстите да не ги ставаме зад врата... И , немај гајле, секој ќе си се посвети на полето на дејствување, нормално! Ни случајно уште еднаш да не ти текнало дека можам да употребам што и да е против тебе за да ти направам некаков ,,клизач,, ...да те наседанaм/ наместам или што и да е. Понизок удар, АМИН! Па, ако не друго, мислев дека ме научи што човек сум до сега!!! Alles gut, meine liebe freund!
уште еднаш да не ја видам твојата гнасна фаца пред мојата врата ми забоде нож во грб никогаш пред очи да не ми се појавиш никогаш за жалење си за греота си
Го проколнувам денот кога те запознав, камо среќа никогаш да не се појавеше во мојов живот, како среќа да можам да го вратам времето...
Знаам јас дека ја виде пораката и дека денес цел ден ке се кезиш како детенце Ама само да видиш следниот викенд што ке ти направам абе не си свесееееен... а после две недели мх мх мх око мое плавоооооо те сакам брее
Ова беше рајот исполнет со пеколни гревови. Блажено и манијачки се насмевнувам кога ќе се потсетам. Јас и ти сме човече Спојлер порно кога сме заедно, дефиниција за хемија и за физичка привлечност Ти си доказ дека јас со просек не се задоволувам. Пролетта официјално почна, а ти беше мојата ластовичка
Мораше денес да се изглупираш вака нели? Мораше да ме изнервираш... Ме обвинуваш за работи за кои не сум виновна, кои се резултат на сплет на околности и нема вистински виновник за тоа, а ти мораше да најдеш виновник, па реши дека тоа сум јас, така?!? Ми ги распипа сите планови за вечерва, сега не излегувам, за инат, така да знаеш. Ма не е само за инат, зар се излегува вака намќореста, сите околу мене да ги заразам со негативна енергија??? Епа не, подобро дома да си седам.Седи си и ти, баш ми е гајле сега.
можеби за последно пишувам на оваа тема зошто едноставно немам што да му кажам повеќе на бедник се изморив и само едно за крај од мене ЗА ЖАЛЕЊЕ СИ
Te сакам. Конечно се врати стариот ти! - оној кој беше вистинскиот уште одамна, оној кој го сакав и цело време ми беше потребен! Ти секогаш ќе бидеш голем во моите очи. Колку и да ги има кавгите во нашата врска ние мора да се соочиме со тоа, односно јас да сфатам и да се соочам со некои проблеми кои не зависат од нас двајцата. Знам дека еден ден ќе биде нашиот! Чувствувам уште од сега дека ти си тој што ми беше потребен, што го посакував одсекогаш, оној кој беше во моите соништа! Те сакам најмило мое и знам дека и ти мене!
знам дека е женско >машко temata но сепак незнам кај да пишам за мојата симпатија* Фала ти за прекрасната вечер симпатијо ,ме исполнуваш во секој поглед..... ги мислев сите зборови што ти ги кажав вечерва ,убаво да си поминеш ја неможам да ти се придружам ги чувам парите да те изненадам со прекрасен поклон за твојот роденден И иако сеуште сме рано и не сме фатени , исплашен од фактот дека ако ти кажам дека те љубам и посакувам да те гушкам цела нок и цел ден , ке се исплашиш и ке побегнеш сепак се надевам дека и ти си помина вечерва ... се обидов колку што можам да ја направам вечерта незаборавна и секој наш состанок ке се трудам повеке и повеке бидејки ти од сите го заслужуваш тоа и за возврат ништо небарам посебно освен да го гледам твоето лице секој ден додека не изгасне животов на планетата Благодарам што постоиш и помини си убаво вечер
Кога се истопори денес пред мене, т.е. да биде веродостојно, позади мене, не знаев што попрво да направам. За малку ќе се онесвестев (добро е што седев на клупата...) Ауауауауаау....па нели бе несреќо во Грција ќе одеше, м? .....и кога по некое време дојде кај мене во канцеларија, сфатив дека можам се, но не и да ти се лутам! Братче, што и да сакаше да ми кажеш (иако беше кратко времето, за муабетење имавме само максимум 5 минути) виде и самиот дека го знам однапред јас. Не се секирај, дефинитивно е до планетарното влијание. Другар, што и да е, јас ќе ти бидам другарка засекогаш. Се надевам и ти го имав тој став? И....да живее другарството, љубовта и се останато!!!
Може и не требало да биде, ете....тоа би му кажала.....можеби и не требало да бидеме заедно....секој по својот пат.....иако јас сакам да го одиме истиот пат заедно...
Те сакам и нејќам да те изгубам заради обична глупост. Не биди љутко и ајде јави ми се да прошетаме на временцево. Те сакам.
Каај си дете, кај си? Еех, што мразам вака кога ми исчезнуваш и кога нигде те нема. Инаку извини за вчера, заклучив дека стварно се растажи после тоа ама што да правам, така испадна. Да си знаеш дека одвај чекам да дојде вторник и да те видам и конечно да ми поминат сите тестови, да си бидам слободна. Само едно нешто не сакам. Верувај дека не сакам да си одам, а еве ми останаа уште само 2 месеци. Сакам да те гледам секој ден, не можам без тебе. А се ми се чини дека набрзо ќе те изгубам.. Што од овие, а што од оние причини. Но тоа сега е најмалку важно. Важно е што во моментов сме заедно и дека те сакам, неизмерно те сакам. Остани со мене.