Јас пак сакам да ти кажам нешто. Извини. Денес го претерав. После неколку саати, ми помина лутината и сега ми е криво. Не знам што да направам. Не сакам да ти се извинам вистински, зошто гордоста ми е преголема. Патам од комплексот секогаш ти да ме молиш мене, се научив да ти бидам единствена, и не сакам да ја изгубам таа улога. Се плашам од самата себеси. Човек ли сум јас? Да гледам како човек што го сакам страда зошто јас тоа намерно сум го посакувала, и да уживам во глетката? Да гледам како ме молиш, како не можеш без мене. Се можам да сменам само со пишување на една порака во моментов. А зошто нема да ја напишам? Зошто се плашам дека друг пат кога ќе се скараме ти ќе споменеш дека сепак и јас тебе те имам прва побарано. Почна да ме гризе совеста. Не можам ни да замислам колку си нервозен и тажен. Сигурно не спиеш. Морам, ама морам да се променам. Ми треба помош.
Те сакам! Те сакам најмногу на светот! Иако понекогаш ме вадиш од такт и ми доаѓа да те срамнам со асфалтот на улицата, веднаш потоа се премислувам. А, ме нервираш кога некои нешта не ги разбираш иако сме дискутирале за истите и мислам дека некаков договор бил постигнат. Ми недостасувааааааааааааш! Ептен. Немаш претстава само колку многу ми недостасуваш. (Се надевам дека и ти го чувствуваш истото за мене. Барем со сличен интензитет..)... Добра ноќ ангелу мој и слатки сништа!
Сакам да му кажам дека секогаш кога имам запек помислувам на него, колку тешко гомно е па го споредувам со моево. И сакам да му кажам дека секогаш кога имам пролив пак помислувам на него, зашто знам дека е безвреден пролив. Извинете на изрази. Ама морав да му кажам.
Напиши ја пораката (без да гледаш на тоа како коленичење пред некого) и тоа, ако не сакаш да го загубиш тоа што го сакаш. Тркалото многу брзо се врти, верувај, сега си горе, а утре ти ќе си доле, само што можеби тогаш нема да ти се исплати пишувањето пораки и клечењето дури. Не е важно кој прв се јавил, кој кого молел. Важно е што и тој знае дека сака да ти се јави и ти знаеш дека сакаш да му се јавиш. Не чекај да се сменат работите и да бидеш во ситуација кога тој нема да знае дали сака да те побара, да те моли, дали воопшто вреди сето тоа, дали сака да е со тебе (најбитно). А, ако нештата не се променат... дури тогаш ќе сфатиш дека од некоја неверојатно голема глупост се тргнало по ѓаволите, а не си го сакала тоа. (и btw пардон за мешањето, ама не можев да одолеам на твојата исповед и при тоа да не ти напишам)
Ти ја обожувам оваа моментална инспирација на не маскирана со прекрасни зборови искреност и јас понекогаш се осеќам така за некои личности, богами да! Само, видиш, јас никогаш и никаде го немам напишано, а уште помалку кажано, а веројатно добар начин е за смирување .
Јас, повторно, ама... некако и немам што многу да ти кажам. А, искрено и тоа што го имам ми се чини дека и не вреди. Искрено, ни секунда од времето ни би потрошила да го склопам у некоја реченица, па затоа ќе си останам само на ова. И ова е премногу за мене. Можеби некој друг ден ќе ми дадеш мотивација, па ќе потрошам на тебе цел еден пасус исшкрабан у пофалби или кудење. Ех сега.. што ќе биде тоа не знам. Сепак... на крајот на краиштата ти бираш. Акција-реакција дарлинг!
фала ти што ме повреди(да станам посилна и поиздржлива) фала ти што ми објасни(зошто тоа го стори) фала ти (што не ме искористи и шутна ко последно парталце на светов) фала ти (што си преговарал за да ми закажат интервју за работното место) фала ти за се, ама свакам дека ти не си човек за мене
заборавив да ти кажам уште неколку работи: мореееее за тебе не е асална девојка која се обидува да си го изгради животот, и да започне кариера, за тебе е некоја од оние спопскине фуфи да ти го сврте паметот за една вечер, па да закачиш некоја инфекција или СИДА па да се прашуваш што те снашло и бидејки си навистина вреден(немам коментар за тоа) ти ја посветувам песната РИНТАЈ од Жељко Јоксимовик (ја ринтам по целу ноч и дан само теби да дам(на мајка ти и на сестрати) ја ринтам а теби мало је, шта чеш више од менеееееее
за 2 дена ќе ја знам целата вистина пак ќе видиме кој сурат пред мене ќе го појавиш се молам на бога да не е вистина ама жалам што срцето ми кажва поинаку кој маки ќе ги осетиш ти ќе седиш преку маса со мене но влице нема да можеш да ме гледаш ќе седиш преку маса нема да можеш да ме доприш ќе те гризи совеста кога ќе го гледаш моето лице моите раце моето тело бавно ќе умираш во душата нема да ја мириснеш мојата коса нема да можеш да го мириснеш моето тело ќе те боли длабоко и бавно ќе ја осеќаш болката од моето игнорирање мојата ладнокрвност ќе ја мразиш мојата насмевка ќе бидиш воздух за мене да ќе те боли страшно како што мене болката не ми престанува како што мене градите ме стегат ќе те боли виде дека со мене играчки играње нема губисе
Јас би и кажал дека денот е преубав, погоден за една убава прошетка, раче за раче...но не! Требало демек да се учи Те сакам најмногу најмиличко мое! Ми недостасуваш повеќе од се! Ако не денес, прошетката ќе ја направиме некој друг ден, сонцето пак ќе не грее додека твоето муце се смее
Си се чудам самата на себеси, не знам каде ми биле очите толку време... Па 2 години и не се мала работа! Но мило ми е што конечно можам да ги видам нештата какви што се - не со оние очила на тн. љубов која сфатив дека била само заблуда, барем од едната страна. Најпосле сфатив каков си ти навистина и колку сум изгубила јас гледајќи низ таа "љубовна призма". Ништо од тоа не можам да сменам, времето не можам да го вратам, но затоа можам да извлечам поука и со нови сили да продолжам понатаму. Секој нов чекор ќе биде тежок - да, но барем ќе знам дека чекорам сигурно и нема да се чувствувам како да одам на тенок мраз. Морам да ти се заблагодарам за се што ме научи изминатиов период, да не беше ти кој знае кога ќе го доживеав ова што ми се случи, па затоа си велам - подобро сега отколку подоцна. Ако, ќе ми биде тешко, ќе плачам, ќе ми се вриска, ќе се чувствувам исцрпено, но погоди што!? ЌЕ МИ ПОМИНЕ. Се ќе помине, ќе можам повторно да се почувствувам жива... Од ова ќе излезам јас посилна, морам! Ќе си најдам нова причина за будење наутро, нови работи кои ќе го задржат моето внимание и поубави нешта кои ќе ми измамат насмевки. Од овој момент нема да се нервирам за работи кои поминале, туку сама на себе си ветувам дека имам поважни работи на кои ќе се фокусирам: врската која ја имам сама со себе. Тебе немам ниту што да ти кажам, уште помалку да ти простам - тоа го оставам на твојата свест и чест. Впрочем, ти не размислуваш за она што го губиш, а јас не сум било која - да ми простиш! Знам јас колку вредам, ти додека да се освестиш ќе биде и повеќе од доцна. Сега гледам колку си мизерен... Ја жалам онаа која ќе биде со тебе, кутрата не знае што ја чека. Длабоко во себе сеуште ми значиш, но ќе го сменам тоа верувај, ти не ме заслужуваш. Можеби сега делувам како нарцисоидна личност која не гледа подалеку од носот, ама не е така. Го изгуби сјајот во моите очи, ја изгуби и мојата доверба и почитта која некогаш ја имаше. Сега фино ќе те помножам со нула и ќе те фрлам некаде, во заборав. И да ти кажам право, многу ми е полесно да ги препознаам лажговците како тебе сега, некако се издвојуваат од толпата. Не сум веќе она мало, наивно и невино девојче кое може секој да го прелаже, созреав многу повеќе од тебе за твоите неполни 19. Ова е последен пат да си ја малтретирам душичката заради такво расипано суштество како што си ти. Со среќа во животот, ќе ти треба!
само сакам да те прашам едно нешто: ЗОШТО кога го кажа тоа што ми го кажаденес( најверојатно мислеше дека нема да ме повредиш, но го стори тоа) ЗОШТО не ме гледаше во очи бе? ЗОШТО?е јас знам зошто-затоа што немаше доволно краброст, ти беше срам нели? ( и тоа што ми го кажа-да не ти влезам на тебе под кожа-демек се ова да заврши пред да се случи тоа и ти мене да не ми влезеш(веке ми влезе под кожа, ама ти незнаеш) ама и да земеш пиштол и да ме присилиш да ти кажам, е не ти кажувам (знам дека минимални емоции покажував додека се гледавме, ама тоа е затоа што си ја научив лекцијата од минатото, па затоа мудро молчев, ама солзите ме издадоа, особено последната(ти секако не виде )
http://www.youtube.com/watch?v=E_5bEg9PWEk Сакам по добро да те памтам Лошо се да заборавам Сакам по добро да се сеќавам На тебе штом помислам... Те молам, значи ТЕ МОЛАМ немој да ми го одземаш тоа.
Ех спаркс, мислиш ќе ти го дозволат тоа? -.- Не бе, ти едно, он друго. Јас сакам да му кажам на тој таквиот марш у пм, а на другиот фала за прекрасниот месец. Направи повеќе прекрасни работи за мене ти во време од овој краток период, отколку тој пред тебе за 12 месеци.
Епа толку. Фала ти за убавите моменти, ќе ги памтам долго. Ти ќе бидеш оној кој ќе го памтам како прва вистинска љубов, ама нема да ми бидеш и единствена. Сакам живот бе, ЖИВОТ!Сакам излегувања со другарки, пијанчења, сакам да си носам отворени блузи, сакам да имам другари! Не, не велам дека ти некогаш онака директно си ми забранил, ама реално? Во тие 24 часа во денот додека сум со тебе, немам време ни да прднам. Те сакам уште, и ќе те сакам. Што и да кажам и што и да направам наредниве денови, сепак ќе те сакам. Ама гес ват? Love isn't enough! И ќе ми фалиш... О колку проклето многу ќе ми фалиш. Нема веќе заедно одење во школо, заедно на одмори, заедно до дома, заедно да го шетаме кучето. И ќе ме фаќаат кризи за тебе, и ќе ме боли душата, ама ќе издржам. За себе.