И ти почна да ме одбегнуваш.И јас почнав да уживам во иронијата на осаменоста.Никој не ми треба- освен ти.Ни со тебе ни без тебе.Ме смирува мислата дека ако се пишманам можам да ти се јавам.Ама ако ти кажам дека не сакам , нема да имам спокојство.
ТЕ САКАМ, ТЕ САКАМ ,ТЕ САКАМ ,ТЕ САКАМ, ТЕ САКАМ... x 1000 Ама никако да сватиш! преубо си поминав вечерва! ФАЛА!
Зошто мисилш дека се што ќе кажиш ти верувам.....не ме лажиш мене,сам се лажиш себе.... Не сум веќе толку наивна да верувам на твоите сиромашни оправдувања кои веќе застареа и избледа и палеа кога бев втора година средно..... И немој да мислиш дека постојано ќе се трудам да бидам добра,и се да изгледа совршено само за ти да бидиш среќен,отсега ќе се трудиш ТИ за јас да бидам среќена...... Зошто мислиш дека си фраер кога не си......на фраерите им помина времето(права лејка си)врска си немаш.....И да напразно се трудиш дека ќе ме фатиш на некоја лага,и дека имам време да те слушам да ми солиш ум....добро знам што ќе кажиш,и што ќе ме “советуваш“(совети кои само тебе ти одат во прилог)!!! И само надевај се и верувај му на овие очи кои наивно ти трепкат и ти велат “да срце,те сакам“поднив има иритирачка насмевка,и дигната веѓа....која повеќе не може да те трпи со тоа твое однесување.....кое повеќе на ништо не личи!!!!! Поправи го полека тоа твое однесување......зошто моето со брзо темпо се преобразува за брзо време ќе не можиш да ме препознаеш.....и да добро велиш-Некој ќе плаче!!!!! Се мислам, тоа ќе бидиш ти!!!!!!!!!!!!!!!!!!
...Cause you are my kind, you're all that I want, here in this life, until we are gone... и би му ја посветила песната You are my kind од Santana
Уф, не си комплициран??? Сега за сега е вака, а како ке биде??? Нели не се сакаме?? Зошто тогаш сакаш да преспивам кај тебе, зошто планираш наредни средби???? Зошто трае 7 месеци?????
Погледни на саат Ако не изреагираш во наредниве 10 мин. ќе изреагирам јас. Ама мојата реакција нема воопшто да ти се допадне, ете така да си знаеш!
дид ју мис ме ај ноу ју дид-оу јеа (тетратката ти беше изговор за да ми се јавиш, а и за утре ти е изговор за да ме видиш) хехехе што си ти море, мореееее... човекот решил да полага да земе диплома-е конечно се освести а ти бе што вчера ми пиша вчера дека сакаш да бидеш во брак со мене, каде си денес а немаш кредит, или имаш време за се и за сите освен за мене ај ако имаш храброст спомни ми го уште еднаш поимот брак, па мрак пред очи ке ти падне да знаеш , ке се покаеш што си се родил да знаеш а дека сакаш да бидеш во брак со мене
убаво ти беше синоќа?мене да,сакаш пак,важи,ајде вечер,а пак така или сакаш нешто ново?ма како и да е ќе ги избркаме порано гостите и ќе се фрлеме во нашето интимно катче
Не можам да се освестам дека поминаа 5 години. Дека за неполн месец на истиот ден јас ќе станам 19годишна крава а ти 23 годишен маж. Години уназад роденденот го славевме заедно ... Вака тешко е знаеш ... Знам дека знаеш ... Но едно друго не знаеш .. не ми фалиш ... Не ти ... Туку некој ... некој за да се чувствувам сакана. Некој да ме гушне и стисне. Некој барем на 5 минути да ме сака заради тоа што сум. Изгледа многу барам. Не можев да не ги гледам сликите. Јас 5то ти осмо, јас 8мо ти 3та година, Тука заврши нашето другарство и тука почна се. многу, премногу рани ми зададе, премногу тешко. А пак поминав преку се. Секогаш. И што е уште полошо ??? Не се каам. Ич. Толку убави моменти имавме заедно. Толку бев среќна и исполнета. Се чудат како не се каам што ти го дадов и моето тело. Ич. Уживав секој пат кога бев со тебе. Каде сме сега ??? Ќе дипломираш уште малку ... човече ... Зошто сме странци кога нашата љубов беше толку јака ??? И сама реков - беше. немам срце да те побарам, да се видиме како некогаш. една од оние наши вечери во кои толку уживавме. Тоа ќе му дојде некако како искористување. понекогаш ми доаѓа само да ти речам излези до улица излези да те гушнам. Ми фали понекогаш ти да ми речеш излези брзо до улица и јас да трчам мислејќи се и сешто и да ми речеш сакав само да те бацам. Ми фали љубов. Со некој кој вистински ќе ме сака. Мислев дека нашата љубов е вистинска. Најискрена, највозвишена, најпрекрасна. Мислев дека никогаш нема да заврши. Си го замислувавме животот заедно, нашите деца, се смеевме како улави. Сега тоа сакам да го правам со друг. Сега срцето ми е празно затоа што не сакам. Или не знам дали сакам или не знам што сакам. Свеќите што ги запали последниот пат кога се видовме ... не ми значеа многу ... иако беше убаво такво нешто и од тебе да се види и дочека. Во твојата соба сеуште седи се мое. Како не ти е тешко не ми е јасно. Јас фрлив се и свртив нов лист. Не требало да биде и нема да биде нашето. Сега јас не сакам ... толку сум празна ... мислам дека и да се смириме некогаш нема да е исто. Не сакам да е исто. А не сакам ни да се смириме. барем за тоа сум чиста со себеси. не те сакам. Ама сакам љубов. Или барем така се убедувам. А моето ранливо срце лесно може да го прелаже некој во овие моменти. Вистинска љубов. Да ме вивне во облаци. искрено сакам да си среќен. И знам колку ќе те боли ако ме видиш со друг. И знам колку ќе ме боли ако те видам со друга. И знам колку ќе те боли што нема да ти дојдам на дипломска. И знам колку ќе не боли што роденденот ќе го прославуваме одвоено. Знам колку те боли кога те прашуваат. А ги знам и безличните одговори што ги даваш. Некаде некој ме чека мене. Да ме направи среќна. Да го освои моето срце. Да направи се што не успеа ти. А ти беше неуспешен во многу полиња. Едино повредувањето и грешењето добро ти одеа морам да признаам. Свесно или несвесно постојано знаеше да ме повредиш. А јас при очи слепа бев. А негде некоја те чека и тебе. Жал ми е што знам дека ќе патиш. Знам дека никоја нема да се однесува со тебе како мене. Никоја нема да е толку добра и толерантна. Жал ми е затоа што те познавам. иако љубовта ја нема ти си едно добро суштество. Добар човек. Со некои мани. Ама сите си имаме мани. Голем и долг период мојот живот се вртеше околу тебе. Сега немам нервоза. Одам трчам низ патеките и препреките кои ми ги носи животот ама ретко сум нервозна. За разлика од тоа кога бевме заедно. немаше ден да не фучам. не знам што имаше во тебе ... што правеше да се чувствувам така. не поседуваш ни една карактеристика што ми се допаѓа освен што си добар. Ама знам псоледниот пат не беше исто. Затреперив да, и уживав да, и го доживеав врвот да ... ама не. Не беше тоа она од порано. Беше се некако механички. Извежбано и веќе видено. Испраксирани луѓе. А уште има радост во твоите очи кога ќе ме видат. Или се лажам ??? не се лажам. Знам. Инаку нема да успоруваш со колата да видиш со кој сум како сум што сум и да ме одмериш целата. нема така лесно да испари се. Ама знам дека јас сум на добар пат. Дури не сум ни прашала за тебе. Дури ниту на фејсбук не сум ти влегла... Запрепастена сум од самата себе ама знам дека се осеќам убаво. На чуден начин убаво. Знам дека јас и ти пак ќе се видиме. Знам јас се. Ама ... знам и дека моето срце веќе не е кај тебе. На своето место си е. во левиот дел од моите гради. И ќе си чека некој друг. Ти не знаеше да го чуваш. На уште почуден начин од претходниов се осеќам некако виновно. А за ништо не сум крива. освен што те сакав со целото срце и душа. А едно време и ти мене. Ама едно време. Сега не ти верувам на зборовите. Делата покажуваат друго. Извини што те сакав ... и извини што повеќе не те сакам.
Извини што се однесував сношти како мало дете. Виновна се чувствувам сега, но извини. Љубоморна сум знам и тоа многу, но тоа е затоа што премногу те сакам и те чувам и пазам како најскапоцен дијамант. Те љубам срце мое, ти си ми најважната личност во мојов живот. Оној на кого му дадов се' без да се покајам.
Благодарам! Откако почна да стануваш „јас“ искрено улогава мене не ми личи веќе. Како и да е! Дај остани дрдорлив плашливец, повеќе ми одговара така, не ми се мисли веќе и онака за ништо! А ако е...тогаш нека е... на безвреме...