Чекај малце. Навистина се случи тоа што се случи? Или јас сонувам? Ма и да сонувам не сакам никогаш повеќе да се разбудам!!! Ја одбележавме првата но не и последна година Ме изненади најмногу срце! Знаеш дека не сум голем романтичар ама ако, ме разнежи. Цела треперев кога видов колку си се потрудил. Замислете си само: маса, две столчиња. На масата: вино, вечера, свеќи. Гитарата спремна. Почнаа романтики, она ова. Ја зеде гитара и.. Срцата полни, а утрото ѕвони со љубовен звук еден за друг.. Нашата песна! Неможам да ти опишам која среќа ја почуствував. Не ми е гајле што мислат другите, не ми е гајле дали возраста ми го дозволува ова! Не ми е гајле дали утре ќе се разочарам! СЕГА знам дека те сакам само тебе и ти ме правиш меене најбогата на свет. Ахх...
Многу ме разочара вечерва бегаш од неопходни и реални теми , "ми се спие " нема да ти помогне, утре е нов ден, јас сум пак тука со истите тие прашања и дилеми и очекувам повратен одговор од твоја страна.
Повторно ме разочара ...со кој човек сум јас,те познавам ли воопшто???...зашто сето ова неможам да разберам,денес една личност,утре друга...за што и за кого се трудам толку многу...од кога почна другарите да ги ставаш на прво место, нели јас ти бев најважна, нели кога и да те побарам ќе бидеш тука за мене...каде си тогаш кога токму сега те побарав, кога едноставно ми требаш???...ама знаеш што, од сега што и да ти затреба и за најмалата услуга никогаш повеќе да не ме бараш, ама никогаш,ете ти ги другарите и е*и си матер
кој ветер те навеа на каса бре,свеста ми ја зеде улав еден кој ке помислеше дека си таму ај твој е комплексот ама бре ти таква работа се стаписа а и јас исто не знаев за што влегов да купам заборајв кај се наоѓа машта облека све заборајв се нешто судбината ми те плетка пред мене абе кај ми појде храброста да не можама да палтам на каса, колку беше среден секоја чест секое делче од облеката ти беше за пофалба...
Разочарана до максимум од тебе. До каде ли ќе одат твоите лаги а? Не ти верувам веќе ич, и тоа мало парче доверба што едвај го имаше, го изгуби пред 5 мин! Подобро застани пред мене и кажи ми што имаш да ми кажеш, барем да сме на чисто. Свесно или не ме повредуваш многу. Мислев дека сум јака, ама не сум, пред тебе не можам да бидам, знаеш дека си ми слаба точка и го злоупотребуваш тоа без мерка . И не знам до кога би можела да те трпам. Каде исчезна дечкото кој ме освои пред 2 ипол години? Каде е тој човек сега? Не те препознавам, а и не си се препознавам! Не си фер!
знаеш дека кога слушам латино песнички ми текнува на тебе абе зоврива крвта аууу!! Да ми беше оваа вечер овде во смотаново ми така наречено место-град би ти правела се` знаеш сега што ми се мисливе во комбинација со малку црвено вино, само малку...знаеш што ми се? за шепкање е работава онака на увце не е за кажување
Просто е и едноставно сфати човеку дека сакам да си секој ден со мене, скоро година ипол сме 24 часа во денот заедно и 7 дена во неделата и што сега??? -Оппп тебе те нема, почна да работиш, па несакам јас кога ми купуваш се што ќе посакам задоволна сум само со тоа секое утро да ме будиш со кафе, во секое време од денот да си ми достапен да те гушнам и бакнам...а вака на неколку минути ти го слушам гласот и побрзо исклучувам зошто тогаш повеќе ми недостигаш... Сакам пак да имаме денови само за нас, несакам да ми го даваш новчаникот и да ми викаш:-Троши колку сакаш...Не се чуствувам убаво кога ќе ми текне дека заради тие пари јас неможам да те гушкам по цел ден, несакам фустани, штикли, ташни и што ли уште не... Твоето присуство не може ништо да го замени, твојата прегратка и бакнеж ми се подраги и од Лоботин ... Што да правам кога сум себична и кога сакам да си со мене по цел ден, што сум јас крива што секоја секунда со тебе ми е прекрасна, и кога ти се лутам и кога ми се лутиш, не сум јас крива ти така ме научи... И за крај ТЕ САКАМ МАЗО МОЈА, ТЕ САКАМ НАЈВИШЕ
Те сакам злато ! Фала ти што си до мене секогаш, што ме сакаш толку многу и прости ми за моето понекогаш чудно однесување . Долго сме во врска и понекогаш ми доаѓа преку глава од се, нормално е, а и брзо ми поминува
Уф! {Да не беше ситуацијата ваква каква што е немаше никакви изгледи дека воопшто ќе се познававме.} И, НЕ САКАМ ни да помислам на тоа!!! Се чудам само како можело дури сега да те запознаам..... За волја на вистината и според општествените норми можеби прекасно, ама што да правам кога сум готова бе човеку? уууууууффффффф........потежок период од овој во животов, АМИН! Ми се рика еј, ми се рика! Да се изнаплачам како стара магарица на целиот свој глас......заради тоа што животот навистина не е фер... А откако ќе се изнаплачам повторно ќе бидам најреќна на светот, впрочем како и изминатиов период што сум. Летам, летам, летам! Ме вивнуваш, ми ги ослободуваш крилјата, ...... мноooooooгу сакам кога од време на време ми шепнуваш дека ме сакаш.....поима немам зошто следниот миг не ти реплицирам и јас со истото (освен за време на секс де, тогаш знам дека ти кажувам и јас), ми фали муабет со тебе, ептен, ептен, ептен......љубоморно и неразумно копиле сум во врска со тебе. Извини, што да правам, не можам против себе. Те сакам еј, што сака нека е јас навистина те сакам. Неразумно од мене ама те сакам само за себе и тоа 24x7....си ја еб*в мајката јас.....
Ти, ти си ко дете Под себе Ти не чувствуваш тло Правам обид Да те следам Правам обид И се вљубувам повторно...
И покрај тоа што си толкав нарцис, вљубен во самиот себе, егоист и себичен, јас те сакам.Те сакам таков каков што си.Не би сменила ни клекта од твоето тело, ни постапка од твоето однесување.И покрај тоа што го вадиш најлошото од мене и си моја единствена слабост, јас сеуште сум тука за тебе кога и да ти сум потребна.Не го заслужуваш тоа, но не можам поинаку.Ти секогаш ќе бидеш голем дел од мојот живот.Свесна сум за тоа, но неможам да сменам ништо..Немоќна сум..
Те сакам! И кога јадеш мрснотии и цел лом ќе си го направиш фацичето и кога си ми фенси и секогаш те сакам!