Сакам ...Сакам ...Сакам ...Сакам ...Сакаам .....Сакам да те гушнаааааам Еднаш само,не претерувам Втор пат ти мене..Може и неколку пати
Хабрака дабра, чирибу ба, хокус покус и ајде гитла се шалам еј... ислушај ја песната па оди ок. ајде и кафето испи си го.. само мораш да си свариш и мене може да... http://www.youtube.com/watch?v=AOySe43p ... re=related
Ти благодарам на најубавите 7 месеци баксусче мое... Фала ти што секогаш си покрај мене и што ми даваш сила да поминам се, што правиш се да изгледа толку лесно. Без тебе немаше да ги имам ни пола од успесите што ги постигнав. Фала ти што секогаш беше мој другар, фала ти што уште еднаш ми докажа дека 13 ми е среќен број, дека секој 13ти ќе го обожавам и ќе ја бројам нашата среќа секој нареден ден, секој нареден месец. Фала ти за сé, фала ти што си секогаш покрај мене. Фала ти што ме сакаш. Те сакам и јас исто толку, не помалку-зашто не можам, не повеќе-зашто е невозможмо. Те сакам исто толку.
Уф, не е баш забавно кога сум тажна и благо невротична, нели? Кога ќе си признаам на глас дека сум само човек, само жена и не сум бестрашна, и не сум непобедлива, ниту совршена... И тогаш, кога ме гушкаш ми шепотиш, со невидена леснотија испарува мојата наталожена болка, смирувајќи ме, боејќи го памукот во шеќерен, грицкам од него, си повторувам реплика од цртанот Up! - You don't talk much... I like you. и волшебно сум среќна. Ти благодарам, знам дека не е лесно.
На глаа ми се качи веќе! Дај не ме замарај ебате, посесивен стануваш Не знам шта ти је, напињаш дали сум те варала, а од каде ова е дефинитивно не знам божеее господе! Качи ми се уште малце на глава, и јас веќе Спојлер на к*р нема да ти се качам од инат Ако се лажеме нели
Ручекот е готов. Супата е подготвена, уште малку и станувам да ја поставам масата. Кокошката е однадвор крцкава, одвнатре сочна. Компирите и печените моркови се крцкави и по твој вкус зачинети. Знам колку ги сакаш печените зачинети моркови, а јас така мераклиски ти ги подготвив за прсти да излижеш мх мх мх... Пивце и марула салата со млад кромид и ротквици и уште јас и ти недостасуваме во целата слика. Се радувам на овој заеднички ручек, со нетрпение те очекувам да заѕвониш на врата. Десертот ти го оставам тебе, знам дека ќе бидам пријатно изненадена
Стануваааааајјјјјј, ми се јадат пуканки, ама да не си помислил во микро да ги правиш, засукај ги ракавите и фаќај го тенџерето
кога те гледам насмеан на сликата на твојот профил, изгледаш прекрасно волим осмех твој, баш добро ти стои, још ти боље стоје пољубци мои повторно се заљубувам во тебе(инаку цел ден ми ги окупираш мислите)
Ако за некого не треба да љубомориш, дефинитивно не треба за него. Секој останат човек на планетава има поголеми шанси од што ги има тој кај мене. А кога подобро ќе размислам, не знам ни дали имаат шанси покрај тебе и останатите.
Признавам. Што признавам ? Сеуште не сум рамнодушна на тебе. Ги извадив чувствата и ти кажав се што и како мислам. Но чувствата ги извадив на убав начин. Пишувајќи како што знам. Во мене лежат многу работи. А и во тебе. Понекогаш се прашувам ... дали јас тебе не те познавам воопшто или всушност те познавам толку многу колку што никој друг не те познава ??? Можеме да судиме до утре, задутре, позадутре. До кога сакаш можеме виновник да бараме. Се што знам е дека можевме да имаме многу. Премногу. Вчера ми беше преубаво. Да лежиш до мене и да ме галиш цело време. Сеуште каде и да ме допреш горам. Усните на два милиметри раздалечени и правиме муабет. Пак се смеевме и плачевме заедно. Се чувствуав чудно кога ми викаше се сеќаваш на ова или она ... Но после сфатив. Убаво е што направивме една таква ретроспектива. Но јас се расплакав. А убаво беше пак д ате слушнам да ми речеш не плачи и да ми ги бришеш солзите. Убаво беше да ми речеш насмеј се сакам да те гледам како се смееш. Па следува онаа мојата вештачка насмевка полна со болка. и ти ми викаш не не таа насмевка. Онаа искрената. А јас смеејќи се се прашувам кој како тебе ќе ја знае секоја моја гримаса и секој мој потег. Со еден збор, со еден изговор одма знаеш дали лажам. Убаво ми беше и да слушнам колку ти значам. Признавам дека ми беше убаво. Убаво ми беше што лежевме гушнати и се галевме. Уста до уста, очи во очи. Уф. Правејќи ги оние наши муабети што никој не ги знае. Како што си се разбиравме само ние. На лесен и едноставен начин. А ти ми одмагаш во преболувањето. А јас не сакам доживотно да сум вака заробена. Како на граница меѓу две држави. Ти си чудно човече. Јас сум чудно човече. Ние бевме чуден пар. Но и совршен. Колку ми фалеше да бидеш пак стиснат, припиен во мене. Човеку. Не може веќе вака. Само сакам да одиме негде далеку. Дали се сакаме или не не ми е гајле. Дали сме во врска или не ни тоа не ми е гајле. Кога сме заедно убаво ни е. Зарем нешто друго е битно. Далеку во зеленила и природа. Да правиме што сакаме и кога сакаме. неколку дена. Да си го дочекаме заедно роденденот. Има време. До тогаш може ќе се спогодиме. Ти си добро створење. Имаш добра душа. Тоа е она што кај тебе толку го сакам. Толку си мирен и добар. Не е дека не газиш на мравки ама претерано си добродушен. Тоа кај тебе секогаш ќе го сакам. Нешто ми вика да не те оставам. Нешто ми вика дека сега ти требам. Дека ти требам премногу. Инаку не би бил толку очаен да ме видиш. Не би разговарале со саати смирено и опуштено. Знам дека пак треперев. А во твоите очи видов сомнеж. Страв дека навистина ме изгуби. И те боли знам. Но животот оди знаеш ??? Дали сакаме или не не е битно. Си оди. не прави пауза да не почека. а јас сеуште го обожавам сексот со тебе. па поготово откако ќе сме разделени долго време. и ќе ме однесеш до небото и назад. А после лежиме и ќутиме. Не знам. Тие моменти ми се незаборавни и безценети. А потоа следува твоето може ли да пушам една цигара. Ти си човек на кој што не му посакувам зло. Никогаш нема да ти посакам зло. Те сакав, можеби и те сакам премногу. Толку сакам да си среќен. Со која и да си кај и да си сакам да си среќен. Но сакам и понекогаш да си мој. Додека не се средат нашите животи. иако никогаш не се знае што не чека. Онака како што те познавам јас не те знае никој. Никој не може да суди. иако сите ми судат. Сите ме покажуваат со прст и не ги разбирам. Кога ти раскинав зошто му раскина а кога им викам сме се виделе зашто сум се согласила. Постојано ме осудуваат но некако терам по свое. Лажам. Не терам по свое. Терам кај што ме тера срцево. А се надевам дека моево срце го знае патот до мојата вистинска среќа. ја сакам твојата среќна фаца кога ќе ме видиш. Сакам кога се плашиш да ме бациш за да не добиеш лоша реакција. Сакам кога те рчкам и си го барам а не ми враќаш. Сакам кога си толку добар што ми дозволуваш да те гризам до милост и немилост. Синоќешната вечер за мене е незаборавна. Се случија многу работи. Многу муабети. Решивме неколку стварички. И уживавме. Би сакала пак. Т.е едвај чекам пак. Со твојот допир на мене можам да издржам години и години. Само да лежам и мижам а ти да ме галиш и да ми зборуваш. Боли нешто или не јас си знам. Што имам во себе јас си знам. Или не знам. како ветрушка сум. Денес мислам едно утре друго вчера трето. Ама што да кажам. Додека сум среќна ништо не е битно. И не се секирај. Иако некогаш дрдорам глупости јас не го мислам стварно тоа. Што и да биде јас секогаш ќе бидам тука за тебе. Да те гушнам да ти пружам поддршка и да ти помогнам. А мило ми е што знам дека и ти го делиш ова мислење. мило ми е што знам дека и сега да ти речам направи ова одма ќе го направиш. Како и да е се ќе биде добро. А би било добро и да ти ги кажам сите овие работи ама не можам. Полесно е тука на форумот. А ти. Па ти мисли што сакаш. А јас ќе спијам мирно и вечерва благодарение на тебе. Убаво било денот да ми почне со тебе и да ми заврши пак со тебе. Одамна тоа го немав осетено. Ми се допаѓаше и идеата да спиеме заедно. Ама проклетиот факултет ме убива. Друг пат срцка. не бери гајле. Ќе дочекаме уште едно утро ( или уште неколку ) заедно. Ти ветувам. И знам. Те гушкам.
Можеби треба крај, м? Понекогаш сме совршен пар ама понекогаш не те можам. Ако ти не си тука до мене и со мене, тогаш кој? Не можеш на мене да потрошиш 6 денари за да ми се јавиш, не можеш да ме сослушаш? Искрено ваков не ми требаш. И да сакам да ме држиш за рака ко секој нормален пар и да сакам бакнеж во јавност и не сакам да ме викаш Марама, далечен си ми, далечен.