Посакувам да можам да те мразам. Посакувам да можам да се однесувам како тебе. Е тогаш ќе сум најсреќна!!!
Паметиш? Реков се двоумам. Е повеќе не. Со секоја измината секунда, со секое ми недостасуваш, со секоја мисла на тебе, на нас, сфатив. Само дојди и гушни ме, да бидеме само јас и ти. Само тогаш ќе ти кажам се.
просто и едноставно... ми фалиш и никогаш нема да те заборавам.и кога после 50 години ке седам со внуците покрај каминот и со старото ми маже до мене ... низ мислите пак ке ми прошеташ ти, ке воздивнам и само ке си рецам проклета судбина
Дојди пиле да те кубам цела ноќ... Пердуви ќе летаат од твојте крилца копани А пупките ќе цветат ко зумбули
Слабост ми си, од секогаш ми беше и ќе ми бидиш, ми недостигаш и срцето ми чука забрзано секогаш кога некој ќе те спомни АМА знаеш што ? НИКОГАШ ама баш за ништо на светот не би ти го признала тоа. Ете така да си знаеш !! Ајт
Ти си најстудената личност што знае да ми го стопли срцето. Да видев, не ќе верував. Ама ете... Растење.
Глуп еден Зашто ми се јавуваш кога спиеш,ајде објасни ми го тој момент те молам За да ми кажеш Злато ја спијам ?! И да спуштиш? Кај те најдов ваков смотан мајко мила
прост еден научи поќе да ме цениш разбра ме боли стапот што го немам ако не звониш не очекувај телефон да кренам ме разбра пак ќе видиме кој е попаметен и за вчера ќе ти вратам 3дупло
упсс незнаев што е работата должам извинување ама сепак требаше да се јавиш да не нуркаш сам гледаш дека неможиш без мене и послем плачиш по телефон лигајче едно
Зошто бе зошто мора случајно да се сретнуваме секој ден... а денес па дури и два пати, а денов уште трае... Ќе те сретнам можда и уште 5 - 6 пати денес...... ја мразев таа насмевка на твоето лице денес... ама сепак, ти посакувам секогаш да си насмеан...
те сакам се излитени зборови но во вистинското време и на вистинската персона и се подребни,затоа малку е знам но додека не те гледам по мисливе ти ги испраќам овие зборови ТЕ САКАМ,за секој поминат заеднички ден со тебе
Ти си наскапоценото нешто во мојот живот, љубов. И не ми е важно ништо и никој, се додека ја гледам твојата насмевка секое утро, јас сум целосна...