море гнидо една, знам дека НИКОГАШ тебе не те болело ... за мене па зотоа си ЕКС(без шанса за вракање назад) а ти бе, лизни мазни, кога бев со тебе, беше НЕВИДЕН инает, а сега ми глумиш јагненце да да си, ама во вочја кожа (а волк јагненце не станува преку нок ) а ти бе, божем онака комуницираме(заљубен во бившата што ја нема повеке-се прашувам дали некогаш постоела сега на мене ми глумиш лудило, и се обидуваш да ме зграпчиш во своите орловски канџи, ама јас НЕ СЕ ДАВАМ бе, особено НЕ по она што го дознав вчера...)
знам дека ова наместо што би му кажала стана во што би им кажала, ама едноставно морав да кажам што ми лежи на срце и душа...
Вака по некад ме вадиш од кожа Не ти е во план да умреш затрупан со алишта...Епа ни мене не ми е баш нешто во план да се омажам за тебе Фак ју .!. Те сакам
окце??????? дали јас прочитав како што треба? не ми се допаѓа ич, се надевам дека бев успана и не прочитав како што треба..
Најди ми нзс. Биди ми најголем содржател. Множи. Квадрирај. Одземај. Собирај, дели, коренувај. Смени го знакот. Степенувај. Најди лимес, логаритам и извод. Реши некоја равенка. Резултатот е : Како и да вртиш и да сучиш еден без друг не можеме а тоа е најпроста математика. Сакај ме. Сакај ме како што ме сакаш. Сега и секогаш. Сакај ме како што те сакам. Онака како што знам а тебе и така ти се допаѓа. Тврдокорен се правиш а толку си мек. Мислиш не те познавам. Оф будало моја. Ни една гатачка на светот, ни една жива личност, не може да го види во твоите очи она што го гледам јас. Земи ме. И носи ме. Во пуста пустелија. Да ги слушаме само отчукувањата на нашите срца. Сфатив, дека некој што го сакаш, можеби понекогаш те нервира ... но ти сеуште го сакаш. Тоа е нешто искрено. Искрено, силно, детско и невино. Љубов. Краток збор со огромно значење.
Мака ми е што си отиде дома, но знам дека сега мораш да бидеш со семејството. Јас сум секогаш тука, како и ти за мене. Само врати се побрзо веќе ми недостигаш.
Роденден ми е ...веројатно не се ни сеќаваш не е важно.Ми недостигаш проклето многу,дојди и остави ме бавно да умирам додека ме труеш со лажната љубов.Барем одглуми и задоволи ми го егото ..или надежта сеедно.Многу те сакам, баш толку многу колку што те и мразам.Значи проклето многу.Би те истерала од себе , иако силно сакам да те прегрнам.Не се давам до последен здив.Ќе те заборавам само тоа ми преостанува !
на,на,намини до мене. На,на,на,на,постела мека бела и на неа лидуду ти и јас. На,на,на,на,постела мека бела и на неа лили и на неа дуду и на неа лидуду ти и јас. http://www.youtube.com/watch?v=IGDDTal0E4c
Ех камо да знаеш, камо да можам само еднаш да ти покажам колку ми значиш. Да можеш да го видиш она што го гледам јас кога немо зјапам во твоите очи. Да можеш да ја осетиш топлината која ме обзема кога ме допираш- макар и случајно. Кога ме бакнуваш-макар и во чело. Да можеш да ги осетиш пеперутките кога ќе ме бакнеш онака страсно, заљубено, лудо. Или кога ќе се прилепиш до мене, кога ќе ме гушнеш од позади и силно силно ќе ме гушнеш, да крцка секое ковче. Да знаеш само како те сакам јас... неописливо, наивно, природно, вистински.
Криво ми е, многу ми е криво што испадна вака... А баш се надевав дека се оди во најдобар ред.. И денес..место да те гушнам така силно како што сонувам веќе неколку месеци со ред, јас ладно си ја свртив главата, те поздравив, ама почувствував дека не е тоа она што беше... Не знам што се смени , каде пукна ??? Знам само дека ми фалиш ненормално многу и дека сум ужасно љубоморна на се што се врти околу тебе.. А што се не би дала да знам што ти се вртка во главата, не си ни самиот свесен.
Подобро е, многу подобро. Гледаш како може се да биде подобро кога се трудиме ? Само да си остане вака и понатаму...
незнам што да ти казам оти така?дали дека зјапам ко улава во новинкиве од форумов или...а ти кажуваш пишуваш
Криво ми е што чувствувам дека некако се оддалечуваш од мене. Така е или само си умислувам нешто, а? ?! Ретко ме лаже интуицијата.....што знам....Ако имам право сакам да ми дадеш образложение. Како и да е....те сакам, те сакам и повторно те сакам. Ми недостасуваш!
Пред тебе се тресам, го губам гласот, заборавам што требаше да ти кажам и сум во бунило...сеуште, по толку време. Тоа е доволен доказ и одговор на прашањето дали те сакам!