Многу си глупав бре човече.Најглупав на свет.Ти си синоним за глупавоста.Ти си поглуп и од самата глупавост... на квадрат и тоа Цар!
што да правам кога немам влакна на јазикот (особено не за такви ко тебе ) мило ми е што ме послуша-само не туку се жали и поплакувај туку размисли што правиш, не си тинејџер си маж СОЗРЕЈ МАЛКУ п.с. што маж си ти бе најголем плачко што го познавам, што сум женско па не сум плачка ко ти : D
Сакам многу нешта да ти кажам но неможе се да се собере. Колку и да се караме, знаеш дека те сакам и со тебе сум
Едноставно е да те сакам и едноставно ми е да те поведам за рака и да те покажам пред светот.Се гордеам со тебе!
Ивини душе шо денес бев тегла цел ден и ништо не можев да ти помогнам . I feel soo stupid today! SOOO fu*kin stupid!!!
По толку време пак ти го слушнав гласот. Не е истиот, ниту пак чувството, но има нешто... Глупава беше и причината поради која ти се јавив, знаеш дека беше изговор. Сакав само да се потсетам на тебе, како што тоа го правам сега читајќи ги оние не толку мили пораки. Веќе се помирив со тоа дека нема да бидеме заедно, но зошто понекогаш е волку проклето тешко??? Се чудам како по се можеше безмилосно да ме одминеш и да го свртиш погледот... Не дека јас бев нешто подобра, но сепак... Можеби и нема зошто да се чудам, веќе како да не те познавам, а замисли ја знам секоја твоја мисла, реченица, навика уште пред ти да си свесен за истата! Не разбирам, а може и не сакам. Јас впрочем сум добра, дури и предобро се чувствувам воглавно, кога ќе ме видиш - мислиш никогаш не сум почувствувала болка. Но има и мигови кога само ти си ми во мислите; не, не сум те заборавила ниту пак сакам, сепак сме имале нешто што тогаш ми причинувало среќа, сме имале ние и убави моменти. Ама еве во вакви мигови како овој сега кога буквално ми доаѓа да вриснам од тага и немоќ!!! Немоќ да те преболам... Засега. http://www.youtube.com/watch?v=LRK9nWiryHU Песнава ти ја посветувам, барем овде, иако знам дека никогаш ти нема да го дознаеш тоа како и многу други работи. А утре? Утре е нов ден...
ќе си напрам сега едно шаблонче во мозокот за да бидам малце поладна не во смисла да се дистанцирам или да не мислам на тебе едноставно лесс ис мор
Навистина ми беше потребно да те видам синоќа...мило ми е што поразговаравме. Останаа уште некои работи кои не ти ги кажав, но немам храброст. Во секој случај...сега ми е подобро
Колку сум јас горда на тебе. Уште да испадне ова со работата иииии за маж ќе те земам(јас и онака ќе те земам, ама ај) Конечно после толку нервози и караници околу тие двајца, собра храброст се да им кажеш во лице! Фала Богу! Иако по малку се чувствувам како јас да сум крива за вашата караница, барем знам дека со право бев иницијатор! На некои работи мора да се стави крај, макар тоа било и вашето другарство(не дека тоа го сакам, ама на тоа ми мириса)... И да, за малку ќе заборевев... те сакам. Повеќе од се бре!
Знаеш каков глас имаш? И преку телефон успеваш да ми ја разгориш желбата да дојдам и да те силувам. Прекини да се смееш така, прекини да зборуваш така, имај трошка милост!
Темава по трет пат ја отварам, не знам до времево ќе да е, само на некои романтики ми текнува, штета што или не сакам да постои некој таков на кој би му изнашепотела на увце некои работи или постои, а јас не знам илиии постои, а се правам дека не постои, чудно чојчиште сум бе, ама не сум мажомразач, немам среќа веројатно . А на пример да постоеше некој сега би му рекла дека сакам да сум до него, да се изнаправиме муабет, да се изнасмееме и на крај да ме гушне и друго ништо не би ми требало .
Знаеш да ме изнервираш премногу и да ме извадиш од такт. Многу голем инает си разбери неможе секогаш да биде по твое. Зошто си таков и зошто не разбираш некои работи?