Не знам, што и да кажам ќе згрешам. Само се надевам дека оваа бура во мене, овие лоши претчувства се само резултат на мојата бујна фантазија.
За тебе почнав и песни да пишувам, а тоа значи дека ми носиш само тага. Инспирација имам кога сум тажна. Знам очекуваш прва да ти го честитам роденденот, но нема. Знам дека сакаш утре да се припијам до тебе, но нема. Имај утре убав пат
Можеби те налутив со моето денешно однесување, ама не реагирав со разумот. Се надевам дека ќе се смени тоа, бидејќи ако продолжам вака, нема да е на арно. Сакам пак да сум сигурна во себе, во тебе во НАС! Помогни ми!! Сеуште те сакам...
ме натажи многу душата ме боли ама јас не сум за све виновна сум била жртва не ме обвинвај за све и не ме повредеувај
би сакала да сум до тебе.. да си се гушнимее нежноо и да си заспиеме заедно ..ама за жал ти си толку далекуу те обожавамм!
Е пак ја ус*а. Ама ако, знам дека не мислеше така и дека ти е криво, ги земам в предвид твоите чувства.
сакам да ги заборавиме сите расправии и да те гушнам мнооогуу силно...ама ќе морам да чекам до утре оти ти си славиш за победата на ВМРО, а јас учам за испитот утре ...кај мораше баш утре испит да имам...наместо сега да се гушкам со тебе, јас ја гушкам книгава Не можеш ни да претпоставиш колку Многу Те Сакам! Еве се колнам не можам без тебе!
Знаеш, понекогаш тајно посакувам да ни се подобри ситуацијата во твојата соба. Сакам и јас да уживам во тоа, сакам да се фалам, сакам да ме креваш во облаци, да ме збудалуваш. Не, не дека не ми е убаво, писхичката страна е до некаде задоволена, само онаа техничката не чини. Уствари кога ќе размислам подобро, не, ни психичката не е задоволена, да беше таа ќе беше и техничката. Знам, тврдам дека би било поубаво кога ти би бил поромантичен. Кога би ми купил ружа и би ми ја дал кога ќе дојдам, кога би имал запалено свеќи низ цела соба и кога би ставил убави сентиши во телефон. Кога само за една вечер би ги избркал твоите од дома. Ете тоа сакам, а можам да ти го кажам само тука, кај што не би го прочитал. Зошто знам, ти ќе се навредиш. Твоите погледи на овие работи се, морам да признаам, малку заостанати. Не е работата плукни-залепи, мора да вложиш труд дури и во тоа, да ги отвориш очите, да видиш дека јас многу ретко вистински уживам. Ќе ти одбијам и на неискусноста. Ќе си одбијам и на себе, зошто не знам за подобро, не знам како треба правилно, ама барем сфатив како не треба. Како ли да соберам храброст да ти го кажам ова отворено, без да се намуртиш?! Ќе ме разбереш ли?!
колку се сакам ваква самоуврена ко ќе сум,ко ќе згреши човек ќе пази поќ е јас се сакам ваква по ладна а сепак блиска мила внимателна и со одмерени зборови, а сигурна сум дека и таква ме сакаш, а не како што знам да сум понекогаш дрдорка