Фала што се секираш за мене , ама немаш ти добиено и не знаеш дека таа болка не поминува со туш или со леб и павлака Како и да е , намерата е важна
I really, really ,really but really really want you Ми требаш до мене ,сега и секогаш 24/7 или барем додека сум будна . А како да не се гушкаме додека нанкаме?! Ма ми требаш секогаш . Немав пороци во животот, се додека не те запознав тебе. I can't wait to see you
немој да правиш да те мразам, немој... само тргни се, одалечи се, изгуби се, исчезни.. не сакам да те мразам..
Да ми кажуваше порано некој дека ќе станувам во 5.45 за да сварам кафе и да те испратам на работа, ќе му се изнасмеев слатко. Сега еден ден сум дома, и мислам дека утре ке станам во 5, ќе дојдам да те разбудам, да го испиеме утринското кафе заедно, ќе ги облечам твоите пижами и пак ќе си го фатам креветот. Те сакам будало
Убав, штета што не можев да дојдам со вас, што да правам морам да полагам уште у понеделник и крај! Те сакам! Ќе се слушнеме вечер и ќе ми кажеш како си поминал!
Не знам веќе по кој пат.....немам веќе храброст ни сила за зборување....мразам што е вака...а ти не разбираш
И мене не ми е лесно, и мене ме гуши оваа атмосфера но лутината уште ме држи! Добра и точна прогназа дадов, знаев дека нема да издржиш за долго ! Не дека те прекорувам или те сметам за неспособен со тоа, но те научив колку си емотивен, научив колку можеш да издржиш! Уште сум ,,недостапна,, за тебе, јасно ти е дека морам да ја истерам ,,мисијата,, до крај! Чудна сум ти јас, ме знаеш!
Се ми се чини дека треба да исчезнеш што поскоро. Изгледа тоа чувство не ме одминало.. всушност не ми поминало де. Подобро поскоро, отколку подоцна. Не знам само зашто си се уште тука. За што воопшто се бориш. Не ми е јасно понекогаш. А, ми се чини дека ни на тебе не ти е баш нешто појасно одошто на мене. Изгледа чувствово дошло да остане. Пак... да видиме што ќе биде.
Ти ме научи за што навистина вреди да се живее. Свесен си колку ми значиш, свесен си колку те сакам. Имаме и добри и лоши денови, но моментите поминати со тебе за мене се богатство.