Сакам кога мирисам на тебе... Сакам кога ме држиш силно во прегратки цела ноќ како да ќе ти избегам...Ги сакам безначајно малите мигови на совршенство во твоите бакнежи... Зад кулисите на светот, кога се затвораат вратите и се спуштаат завесите, сакам кога го запираме времето. Во креветот, до прозорот, под јорганот што ги има нашите отпечатоци, се врежува секој допир до сржта. Во палава игра на избегани молекули од испарувачки парфеми... воздишките се единственото мерило на излишноста од зборови...
хахах смешно.. дури сега ти текна да ми кажеш? хахахах да да ти верувам дека заради тоа е.. на крај краева.. за песна? за линк?? па дали си ти нормален?? фала му на Господ што навреме ме тргна од тебе..
Ееееее тоа ти е... оваа го вара дечко и, ама од него си добива се, а не заслужила ништо. Ја од тебе едно ништо. Така поголемко малце... За малку и ќе заборавеше. Не е добро да си поштен на овој свет, викам јас одамна. ...
Me маваат предиспитни нервози! Ми недостигаш ти, и твојата најубава прегратка за да ме смириш, да ме погалиш по главчето и да ми речеш МАЛИ НЕМАШ ГАЈЛЕ ЌЕ РАСПАЛИШ УТРЕ НА ИСПИТ! Те неам видено од четвртокот! Утре не знаеш што ќе ти правам, ќе те изнагушкам, изнабацувам, уф уф уф! Убаво да ми спиеш, за мене ноќта ќе е долга! Ако сакаш да си буден со мене БУЈРУМ ИЗВОЛТЕ кај мене дома, ма да не знам колку ќе учам тогаш те сааааааааааааааакааааааааам
Единствен начин ти да ми предизвикаш солзи е...да ми го стиснеш врвот од носето...ете само толку.Само што тебе ти е забавна гримасата...а не солзите,за среќа. Те љубам...
заради тебе ме фати инсомниа будало една.. знаеш колку ми се спие не можам колку и да се трудам.. не ти беше малку жал.. ниту малку не ти беше жал што ме остави така без збор и ме остави ваква.. во живот не памтам да бидам ваква.. каде ти е милоста?
додека ти си спиеш јас се тресам ко зајак заради испитов! Ај дојди да ми поспиеш малце во креветчево а?
Јас на тебе те сакам, ти на мене чао хмм добро крива сум јас пак избувнав, ама сепак не ти требаше тоа и да пак ќе кажам , ако паднам на колоквиумов ти ќе си крив
Фала ти злато, фала ти за најубавите 9 месеци, фала ти за најубавиот роденден, фала ти што секој ден ми го правиш најубав, фала ти што ме сакаш искрено и од се срце. Те сакам најмногу на цел свет
ти благодарам што постоиш, и што си мој и што јас сум твоја. ти правиш одново и одново да се заљубувам во тебе, ти правиш да треперам и да плачам од радост, од емоции од возбуда. чудно е кога ме земаш во прегратка се чуствувам така чудно како да знам дека ќе умрам во таа прегратка знам дека тоа е тоа. ти си најубавото нешто што ми се случило во животот и после толку години не е досадно, не е еднолично не е монотоно, туку е поинтересно повозбудливо... сакајќи те тебе се открив себе и се она што можам да го почуствувам и направам. те сакам и ти благодарам за сите емоции што ги будиш во мене
Како бе не може???? Море има да идеме па што сака нека е. Светов нека се преврти и ќе биде како што сум наумила да бе да, затоа што мене така ми одговара!!!
Зошто ми правиш вака? Зарем заслужив? Заслужив ли? Те сакам најмногу.... Плачам за тебе, не можам да спијам... А ти? Ништо си го живееш животот... Ме боли срцето, се ме боли... Ме уништи, се ти дадов, баш се... Сите мои принципи во животот ги прекршив поради тебе, за НАШАТА љубов, ама веќе го нема зборот нашата, сега е само МОЈАТА љубов. Како може да не знаеш дали не сакаш, да не знаеш дали сакаш да ме видиш? Како може ништо да не знаеш кога станува збор за нас двајца. Знам сакаш да си со мене а не сакаш. Страв ти е да не ме изгубиш ако сфатиш дека ме сакаш, не ме уништувај мене. Ти кажав убаво ако не ме сакаш, кажи ми, ќе се тргнам од твојот живот, нема да те барам, со неколку зборови ќе продолжам да живеам. Зошто ми даваш надеж на моменти а на моменти си толку суров. Се мразам себеси што паднав на толку ниско ниво, се гледам во огледало и не можам да се препознаам, МЕ УНИШТИ!!! Те мразам, мора сета моја љубов да се претвори во омраза, така ќе ми биде полесно.... Силна сум ќе те заборавам, ама ти кога ќе сфатиш дека не можеш без мене и дека си никој и ништо без мене, касно ќе ти биде, касноооо!!! Тогаш ти ќе плачеш како што плачев јас овие два дена предт ебе, а јас ќе те гледам и ќе ти се смеам, зошто си најголемо ѓубре, и ти мене НЕ МЕ ЗАСЛУЖУВАШ!!!! Ако пак ти ја посакувам целата среќа на овој свет.... Сепак не можам да ти мислам лошо... Во спомен ќе ми останат само убавите работи со тебе, се надевам ова лошово ќе го заборавам.....
Ти си дрво дрвосано. Коа му треба на некој да чукне у дрво против уроци, може у твојата глава да чукне. Дури и таков звук произведуваш. Енибади хоуууууум? :geek: Е ова би го кажала на некој, ама на кој е прашањето.